Измивај се со камилица, тоа ќе ти го намали јадежот и продолжи со пробиотикот и откако ќе го испиеш антибиотикот. Ако се уште имаш симптоми ќе одиш на матичен.
Здраво девојки, пред неколку денови забележав при допир мало топче на клиторисот, невидливо е но на допир се осеќаше. Денес приметив дека е пораснато и како да има гној. Во меѓувреме чекам резултати од тест за корона вирус и затоа не одам на гинеколог, дали имала некоја од вас нешто слично? Не чувствувам никаква болка или друга промена.
Може гинеколог да ми пиши? Не можам да одам на гинеколог овие денови од х причина, па би сакала нешто да прашам.
Јас сум со многу голем проблем. Имам многу силни болки на вагината надворешно ми се направија како бели дамки (целосно ми личат на афти) а ги има и скоро внатре и многу болат. Посетив гинеколог ми препиша антибиотик, вагиналети кои воопшто не можам да ги ставам внатре и си купив крема канестен. Нема никакво подобрување секој ден се повеќе и повеќе боли, не можам да одам во wc боли страшно не знам што да правам веќе. Денес отидов на болница затоа што не можев веќе да ја издржам болката, од таму докторката и сестрата се однесуваа крајно безобразно и на крајот ми ја затворија вратата. Ве молам некој совет што да правам
Вагиналитетите воопшто не можам да ги ставам затоа што секаде сум нафрлана, каде ке капне од урината таму ми се прават такви дамки кои многу болат. А исто така и ми се покачува тампературата од оваа инфекција
Кажи му на гинекологот. Јас имав пред некоја година сличен проблем, гин. ме прати на кожно, ми ги гореа со азот и се мачкав со бетадине. Ми поминаа за 2 дена. Не знам дали е ист проблем, не пробувај на своја рака, посети пак гинеколог.
Zdravo, od vcera custvuvam kako da imam potreba da mokram, mokram 2-3 kapki i ne mozam poveke i koga se izbrisam malko krv mnogu malku.. Do sto e problemot Може да ти е така од јака прехлада. A na papot pokazuva li CIN promeni? Na pap testot pokazuva li deka imas cin promeni i hpv
Не очекував дека ќе имам ваков проблем и дека воопшто тука ќе пишам. Од вчера ми се случува да има потреба од мокрење буквално на секои 10мин некогаш со слабо чувство на печење некогаш не. Ми се случува да не можам да доиздржам до вц да појдам и без да имам осет си истекува урина. Ваљда е инфекција бактерија шта ја знам. На испитување не ми се оди ради состојбава а и не знам што би испитувала уринокултура на микробиологија или уринарен статус во лабораторија. Или што и да е ќе помине само.
на крај се воспостави воспаление. Завршив на лекар со крв во урината. 4 дена сум со болки ама здравје со антибиотик ми поминува
Здраво на сите 5 дена имам чешање,срамните усни ми се подуени малце и се црвени и имам бело прање како урда.Со каков крем може да ми помине дали Белогенот е добар за тоа
Може да ти помине само со посета на гинеколог. Како мислиш да мачкаш било каков крем таму долу ако не знаеш ни која е причината за чешањето, ни за каква инфекција се работи?
Белоген е антибактериски лек. А ако имаш габична инфекција? Како ќе ти помогне антибактериски крем за габа. Оди на гинеколог, не реди ништо на своја рака.