Kako sto kazav utre imam termin za histeroskopia pa ke vidam dali mozat tamu da mi e sredat i ova ...(
Девојки, во вторникот бев на гинеколог за микробиолошки брисеви и пап тест. На брисевите излезе дека имам ешерихија коли, ми даде докторот терапија за тоа. Е од вчера ми се појави на малите срамни усни едно како мозолче буквално, синоќа беше црвено, се намачкав канестен, сега земав да се измијам со камилица и кога се погледнав на огледало, мозолчето веќе беше бело и без претискање излезе гној од него. Дали има некоја искуство и што би можело да биде? Верувам дека не е поврзано со ешерихијата. Дали има простор за паника?
Сум заборавила да пишам, од внатрешната страна е, блиску до отворот. Не би требало од депилација да е.
Здраво, Искуство за отстранување на ентерокока која ја има во цервикс и мочен меур. Или препорака за добар лекар? Поздрав.
Добра ви вечер девојки.. Јас имам 19 години и никогаш не сум имала ваков проблем, значи вака сум била сексуално активна но не сум моментално долго време околу 7-8 месеци.. Бев на гинеколог се испитав и вика дека немам никаква инфекција, но ова што ми се случува веќе не можам сама да се трпам себеси.. Имам некаква течност што веќе еден месец тече од мене редовно и мириса гадно.. дури и преку облека.Пробав со апчиња, вагиналети све но не ја снемува таа грда одвратна миризба. Да бев редовно сексуално активна веројатно ке стануваше збор за некоја инфекција но не сум. И гинекологот вика дека нема ништо но никогаш вака не ми се случувало.. Ве молам доколку некоја има препорака за како да исчезне оваа непријатна миризба нека ми каже, а и да ви кажам одржувам редовна хигиена не се користам ништо што би ми ја намалила pH вредноста и само со вода се мијам и често се случува и после неколку часа да ми се појави.. ви благодарам и убава вечер<3
Да, знам тоа ама мислев да не има некоја со сличен проблем па да знае отприлика што да правам. Kaj moze da go najdam gelov?
Дали си го видела пап-тестот? Викаш си испитала се, јас би рекла да направиш пап на приватно и брисеви,па да видиш. Инаку како на расипана риба ли ти мириса?
И кај мене истото се случува и не можам да објаснам..микробиолошките тестови чисти се океј бањата одиш на гинеколог и одеднаш ќе истече тоа и смрди и преку облека..посебно ако немам секојдневна. Сум била досега кај 2 различни гинеколози и еве уште се мачам...ако најдеш чаре баш кажи
Имам светло зелен исцедок и чешање, овие неколку дена првпат се бањав во Охридско езеро, можно ли е да сум фатила некоја инфекција од водата? Кога ќе се вратам во Скопје ќе одам на гинеколог, но до тогаш што да правам не знам освен да се мијам со вода..
Правете брис кај различни гинеколози, не знам на колку време смее да се прави брис ама на секое правете кај различен гинеколог. Порано имам читано дека храната влијае, така ми има останато во сеќавање ама сега не знам точно која храна.
Здраво друштво,не знаев каде да го сместам прашањево па слободно преместете го ако не е за во оваа тема.Правев микробилошки тестови,и на брисот од вагина пишува дека нормалната миклофлора е редуцирана.Ме интересира тоа редуцирана дали е добро?
Денес ми најдоа полипи на матката, мали. Гинекологот ми рече дека можно е да бидат од Корона. Ми зеде брис за ХПВ. И друго, што најмногу се нанервирав.... Десниот јајник ми работел со забавена функција. Некој со искуства?