дали некој знае од сопствено искуство да ми каже некои друго таблети или вагиналети за трихомонасот....од самиот почеток па до ден денес само тие ми ги препишува докторката а повеќе од очигледно е дека не делуваат на мене позитивно.....со партнерот имаме односи но секогаш имаме заштитен сексуален однос..незнам што да правам лудило ме фаќа од бактеријава...Ве молам за помош
Штом мириса гадно, има шанси да е некоја бактерија или инфекција. Посети доктор, најубаво ќе ти каже.
Ве молам за помош.. веќе неколку дена имам ненормално чешање,кај клиторисот и усните во внатрешноста.. како да имам некоја пресекотинка, и кога сум со дечко ми неможам да достигнам влажност на вагината, ептен е сува, а не е до дечко ми затоа што до скоро го немавме тој проблем но ете од кога почна она со чешањето и пецкањето неможеме ни сексуален однос да имаме, неможам да се навлажнам.. дали некој знае да ми каже нешто повеќе околу тоа ? Поздраав
Тие вагиналети канестен можат да ги користат и девојки на 16 години ? Немам можност да појдам на гинеколог а имам на вагината црвенило ме чеша ме пече и малце ко да имам гној ве молам помогнете ми
Канестен има и маст за надворешна употреба, нема потреба од вагиналети веднаш, ако не си сигурна дали ти требаат. Совети од лекар обично вклучуваат и претходно измивање надворешно со млак чај од камилица или со раствор од млака вода и сода бикарбона. Задолжително бришење со чист, испеглан (заради стерилизација) пешкир кој не смее да се употреби за следното миење/бришење (веднаш остави го за перење, и тоа советуваат никако да не се пере со пешкири кои за се употреба за лице или за раце. На Запад има и Канестен средство за перење, кај нас не знам, не сум побарала). Откако ќе се измиеш и ќе се избришеш без притискање (за да не правиш дополнителна иритација) намачкај се со Канестен крем. Долна облека задолжително памучна која може да се пере на високи температури. Ако нема подобрување набрзо, мора лекарски преглед.
вака... после секс со заштита ми се подувува долниот дел од стомакот и ми е тврд но немам болки и слично. Немам секрети никакви а ми се случува да имам непријатен мирис... Дали е некоја инфекција,некој да сподели сличен/ист проблем...
Здраво феминки бев на гинеколог и ми земаа брисеви, е сега ми открија дека имам MYCOPLASMA I UREOPLASMA, и CHLAMIDYA TRAHOMATIS? ми препиша гинекологот капсули и треба јас и партнерот да ги пиеме 10 дена и 30 дена да паузираме.. дали некој ги имал овие инфекции и дали е нешто сериозно???
Ти нашле 3 вида на бактерии,кламидија(предизвикува неплодност),микоплазма и уреоплазма. Пиј ги лекарствата претпоставувам дека е некој јак антибиотик,ке одиш редовно на контроли и би требало да се среди се.
од едната страна вагината ми е поцрвена и ме чеша од време на време.. заприметив сега и како малку да се перута. што да правам? маст некоја?
лее ме фати страв од воа кламидијата инаку после 30 дена треба да одам на контрола.. а капсулите што ми ги препиша докторот се Doxycycline. ама 30 дена да паузирамее некако мн
Чевствувам внатрешно чешање на вагината. Претходно имав надворешно чешкање но го регулирав со канестен и чај од камилица. Сега чувствувам внатрешно чешкање по ѕидовите на вагината. Што е тоа? Какви мерки да превземам?
Убаво ти рекле посети гинеколог бидејки најверојатно ке треба да ти земе брисеви и да ти каже за каква точно инфекција станува збор па според тоа да ти препише соодветна терапија. Има милион инфекции ако не знаеш за што станува збор како ке ја регулираш? Лекови на своја рака не се земаат пошто ако се несоодветни ке немаат никакво влијание врз инфекцијата а дополнително како што ке поминува времето ке ти се влошува.
Здраво девојки,сакам да ве прашам нешто.....минатиот месец ми дојде на 25ти и траеше до 1 ви...е сега....на 26ти ете пробавме со дечкото да имаме односи.....и беше ОК .....Од вчера почна да ме боли стомак,дут и гледам големи кафени дамки имам и ме боли долниот дел од стомакот...дали случајно се работи за некоја инфекција,болест скраја да е,или да не сум трудна...според апликацијата MyCalendar што го водам треба да ми дојди на 23ти овој месец...Што значи цели 12 дена порано осеќам симптоми дека треба да ми дојди. Или можеби ми е од студеново бидјеќи осетив доста дека сум проладена..хмм
Девојки сакам да ве прашам што да правам, досега не сум била на гинеколог а веќе 3 дена имам неподносливо чешање, пецкање дури и при допир ме болат малите усни а имам и менструација инаку досега ќе отидев на гинеколог. Ве молам кажете ми што да правам додека ми трае менструацијата? Ви благодарам однаперед