1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инфекција на аглите на устата [Cheilitis angularis]

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од HeidiDiWalt, 17 мај 2011.

  1. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Дали често го имате овој проблем, да ви испукаат аглите на усните, притоа истото тоа да биде проследено со ужасна болка при секое отварање/затварање на устата, или било какво гестикулирање со гореспомнатиот екстремитет?

    Со тоа отежнато и консумирањето храна/ течности, говорот, фацијалните експресии, а не сакам ниту да го споменам естетскиот хендикеп.

    Реагира на временските промени, ушасно `пече` на ветер, и махинално ве тера да го `подлижувате` мислејќи дека навлажнувајќи му го потпомагате неговото опоравување, моментално чувствувате извесно олеснување, но впрочем со тоа го пролонгирате неговото и бестоа ужасно проблематично повлекување.

    Честопати е компарирано со херпес/ афта/ жвала, но не е ниту едно од тие чуда.

    Херпесот ДА -е ужасен, но му треба напола помалку време за да се повлече, уште пак може и навреме да се стопира неговата појава!
    Останативе афти и жвали се непријатни, но барем афтите се појавуваат во внатрешниот дел од долната уста, жвалите насекаде но во усната шуплина, со што барем ја избегнуваме естетската аномалија и БРУКА да се појавиш со тоа чудо до продавница !!! [​IMG]

    Еве што најдов на еден соседен форум:

    Хммм...контрадикторно во однос на она што јас го најдов на странските форуми, блоговив и сајтови.[​IMG]

    Како се манифестира и појавува Angular Cheilits

    ПРИЧИНИТЕЛИ НА ИНФЕКЦИЈАТА
    * превземено од Wikipediahttp://en.wikipedia.org/wiki/Angular_cheilitis

    http://imageshack.us/photo/my-images/863/wiki.jpg/
    [​IMG]

    *бтв. Заборавив да напоменам за себе (мислам дека ) со чудово се борам од дете! Никогаш точно незнаејќи од што ми пука работ на усната (некогаш само едниот, а некогаш обата, во дует) ... Првпат пред 6/7 години мислам, прочитав во некое списание, дека тоа е последица на недостаток на некој витамин (најчесто Б, цинк, и.т.н) -што е една од можните причинители на синдромот, но сега пак читам на сајт дека причинител може да е и АВИТАМИНОЗА-та :?: па ми е малку контрадикторно...

    Јас последниве годни, кога ќе ми испука аголот од устата, внимавам да не го `подлижнувам1 на секои 2 сек., мачкав Aloe Lips [​IMG], мачкав прополис, па паста за заби, херпесан, па на крај дури шлакав и ацикловир :x и се што би го исушило (апропо- го третирав со ист третман како за херпес): > ТОТАЛНО ПОГРАШНО![​IMG]

    Најпосле сватив дека се работи за ГАБИЧНА ИНФЕКЦИЈА! :?: Не вирусна (како херпесот на пример) туку габична [што незнам колку е олеснителна околност] но бар олеснително ми звучи. :D

    Пред неколку дена добив препорака од другарка ми (фармацевт) да го мачкам местото со канестен (маст или течност- сеедно) Најпрво мислев дека се зеза но набрзо сватив дека е озбилна.
    Mojaта реакција луѓе беше ваква > [​IMG][​IMG]... Па не ми е устата исто со она доле, па со иста работа да ги мачкам/ лечам -двете! [​IMG]
    Но одкако ми објасни некои работи, јас седнав дома и мудро го проучував (студирав) симптомов на интернет. И можам да се пофалам дека конечно, откако вчера цел ден го мачкав местото со Канестен капки, натопени на чепкалки за уши, денес повремено мачкам канестен маст, фасцинантно распукнатината си се собира....
    Значи, кај мене иницијатор била габична инфекција!

    Ме интересираат ваши искуства...

    * Сте имале ли до сега ваков проблем?
    * Како сте сесправувале со истиот?
    * Знаете ли перманентно решение, или постои само моментално повлекување (залечување)/како кај Херпесот на пример/

    *Пред крај, во прилог стаам слики од дискутиранава инфекција, чисто да ги запознаеме оние помалку-упатените за што станува збор.

    [​IMG] *На долуприложениве фотографии е прикажана инфекцијата во понапредни и по-развиени стадиуми. На почетокот пукнатината се манифестира многу по- суптилно, но брзо прогресира во приложениве стадиуми, па дури и во многу полоши кои не ми беа баш достојни за јавно прикачување!


    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  2. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    Инфекција на Аглите на Устата /Angular Cheilitis (oris)/

    Ехх и ја откако паметам за мене ми пукаат или што ти ја знам така усните...Баш сега пред некој ден ми се деси ова ( т.е. пред некој ден ми се повлекоа).Чувството е стварно многу непријатно и пече и боли на секааква гестакулација со усните..нит можам да се смеам, нити да зборам уффф :worried:
    Ја си ги лизнував и стварно како си пишала само моментално поминува и плус се продолжува ( ете не сум знаела, ама сега знам :emo: ) Еве сега кога ја имав на две страни абе сигурно две недели ми траеше ( знам само дека беше долго временески ) И ја мислев дека е жвало и дека искача заради нечисти раце :tmi: лек некој посебен освен лабело-not не знам друг. :) .И ја никогаш не сум имала пробелми со херпес, и такви ствари али еве со ова си имав и сигурно ќе имам и натаму во живот али барем сега знам лек ако не знам од што искача оваа габична инфекција... :doh:

    П.С. Фала ти Хајди сега знам какво чаре да барам! Ме спаси.. ^_^ .
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.324
    Допаѓања:
    101.552
    Пол:
    Женски
    Инфекција на Аглите на Устата /Angular Cheilitis (oris)/

    Хајди Господ здравје да ти даде и се што сакаш да ти се оствари . Јас сега баш патам од ова чудо. Прв пат во животот. А бе не да ме нервираааа. Сега ќе си одам во аптека и знам што да барам, само не знам дали да барам стрикно канестен или може и нистатин?? Како и да е ќе прашам во аптека. Поздрав и се најубаво.
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Инфекција на Аглите на Устата /Angular Cheilitis (oris)/

    Некаде имам прочитано дека ова може да се деси и ако имаш слабо железо во крвта
     
  5. tweety88

    tweety88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    23
    Инфекција на Аглите на Устата /Angular Cheilitis (oris)/

    Другарка ми често има ваков проблем, ама си најде решение...Павловичева маст...за ден-два и се повлекуваат раничките. Пробајте и вие, може ќе ви помогне :)
     
  6. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Инфекција на Аглите на Устата /Angular Cheilitis (oris)/

    Каков ли проблем сум немала со устата! Херпеси, афти, гносјни ќеси, и тоа толку често што можам да кажам дека си навикав веќе :doh: ! Ваква инфекција на аглите на устата ми е мал проблем ако ја споредам со болките кои ми ги предизвикуваат херпесите, затоа ја игнорирам и скоро не ја забележувам инфекцијата на аглите на устата! Кога имам ваква инфекција, ја имам онаа глупа навика да ја подлижнувам устата со цел да си олеснам при отварањето и редовно ставам лабело или павловичева маст! И толку, чекам само од себе да си помине :fubar: ! Ќе си ги трпам маките се додека не ,,замине,, инфекцијата сама! Досега не станало нешто посеиозноно (како на сликите што ги видов) освен зацрвенување и испукување на аглите,и можам да кажам дека не ни знам од што ми се појавува инфекцијата!
    А она со канестен капките ќе го пробам наредниот пат кога ќе ми се појави, белким ќе има резултат и полесно ќе се справам со проблемот!
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.000
    Пол:
    Женски
    Инфекција на аглите на устата [Cheilitis angularisѓ

    Овој ангуларен хеилит е многу чест - причинители се најчесто габите и не чудете се - кандидата е нормално присутна во устата. Освен канестен или нистатин (може и нистатин, секако), може и дополнително да внесувате Б витамини (конкретно Б9 и Б12).
     
    На HeidiDiWalt и mina им се допаѓа ова.
  8. tonicka

    tonicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    13
    mm imase vakov problem so godini kaj ne bese,vo Drzavna na ispituvanje ,de vakva krema de onakva nisto ne mupomogna.Slucajno koga bevme vo Istanbul vo apteka mu pokaza na aptekarot i toj mu dade nekoja mast,da ne veruva covek za 2 saata mu gi snema ranickite.Zakon se Turcite nasive voda ke im nosat.

    [mod-kirilica:3w4qi7wg][/mod-kirilica:3w4qi7wg]
     
  9. FaRmAcEvTkA88

    FaRmAcEvTkA88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    И јас често патам од оваа здодевна и навидум неизлечива појава-која не секогаш е последица на габични или бактериски инфекции. Па затоа и употребата на Канестен и Хлорамфеникол(ова јас го коритев, даде резултат ама повторно се вратив на старото-плус го лижев цело време а не е најубавата работа на светот која би можел човек да ја лизне:)) не би покажала позитивен резултат. Дополнително,доколку е последица на недостаток на витамини, терапијата на дополнување на депоата би била долготрајна, додека да се забележат првите подобрувања. А и зошто да се употребуваат лекови (со тоа мислам на хемиски произведени супстанци) доколу постои и друго решение. Има еден производ кој неодамна го открив, и од професионален а и од аспект на пациент најтопло би го препорачала: Dr. Fix-крема против испукани краеви на усните.Цената на препаратот е прифатлива,со оглед на упорноста на појавата и маките низ кои сите поминуваме за да се отарасиме од неа, може да се најде во многу аптеки, и што според мене е најважно од се, целиот е составен од природни состојки како алое, шеа путер,слатко дрвце, и минимални количини синтетски произведени подобрувачи на дејството, а и уште поважниот факт-ДЕЛУВА!!! Ве молам, доколку се решите да го пробате, известете ме.Би сакала да знам дека сум помогнала барем некому:)
     
  10. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    И мене ми се појавува ова одвреме-навреме, особено на зима (моментално ми е во фаза на поминување).
    Најпрво, кожата околу краевите на устата ја чувствувам затегната и кога ќе ја отворам повеќе устава (на пр. како за прозевање) ме боли и чувствувам како да ќе ми се расцепи, па затоа внимавам колку ја отворам. Потоа, кожата ми се вцрвува и пука и непријатно е.
    Не ми е многу изразено, не се гледа, но јас го заприметувам црвенилото. Обично не трае долго, една недела можеби.
    Најчесто се мачкам со Павловиќева маст, лабело или некој помрсен крем за да ми омекне бидејќи тогаш не ме боли.
    Оваа зима два пати едно по друго ми се појави, во рок од 2 недели - едното штом заврши пак се појави. Еве и сега имам ама здравее.
     
  11. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    302
    Туф,како не ја забележав порано темава..Значи како помала сум го имала овој проблем,ама не толку озбилно.обично поради ладното време и користев Хидроциклин.
    Оваа зима незнам што ми се случи ама после Нова година две недели имав ептен жар црвени ранички на двете страни на устата и горната усна,абе ужас! После две недели третман со Хидроциклин и вазелин ми помина устата,сега пред една недела пак ми се појави,леле живи маки...има некој ефект од Хидроциклинот,ама постепени за недела-две,сега ке тркнам до аптека да пробам и со канестен да видам за колку време ќе помине,зошто многу боли а и ужасно изгледа :tmi: :doh:
     
  12. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Мене многу често, на вакво ладно време, знаат да ми испукаат краевите, ама не е толку екстремно, односно не е пропратено со херпеси и незнам што.
    Мајка ми вика дека е жвала, и јас го лечам со МЕД.. Пола го јадам :lol: ама остатокот, ми ја затвара “раната’’ (не е рана некоја си, онака ко исечено ми е) :) :)
     
  13. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    302
    Пред некој ден кога бев во аптека,немаше канестен,па аптекарката ме убеди да земам таблетки пивски квасец и еве веќе поминаа 3 дена и аглите на устата ми поминаа потполно ми оздравеа :)
     
  14. hammer

    hammer Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Здраво, Фемининки! :) Пред некој ден ја отворив оваа тема, бидејќи и мене ми се појави оваа инфекција и тоа по втор пат. Првиот пат беше страшно, ми се прошири и на дел од кожата до устата. Тогаш ставав само обична крема и траеше околу 2 недели. А сега, пробав нешто ново :) Го миев местото неколку пати на ден и ставав веднаш лабело од росал, тоа со мед и млеко. Никако фаќање со прсти :) И верувале или не, почна да се повлекува за неколку часа, а следниот ден го немаше воопшто :) Профилот го направив само за да го споделам моето мислење, затоа што знам колку е непријатно чувството и лошо на изглед. Се надевам ќе ви помогне и вас! :)
     
  15. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Мене пак ми се појави.
    Уште од мала, ми се појавува. Само порано, многу почесто, и многу по болно ми било.
    Еднаш, незнаев како да го објаснам, па прашав во сдп. И добив одговор, да си ставам супер лепак. :up:
    Мене обично, само ми поминува. Не му мачкам ништо.
    Ама од сабајле, кога ја отворив устата, за да измија заби.. мислам дека сите ѕвезди ги пребројав. Иако беше разденето.
    Како што напоменав, како мала, цела уста ми се правеше црвена, едвај зборев. Баба ми ги викаше жваља мислам.
    Ќе видам, после ќе се напијам цедевита, нешто витамини. За да ми помине..
     
  16. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    ^ Абе ова е поради неодстаток на витамини, некои витамини од групата Б, сигурна сум. Мене еднаш ми се појави и пиев Б-комплекс и ми се среди. Не ја лижи устата, купи си Б-комплекс, јади повеќе зелечук, овошје, може и од паднат имунитет да е.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Strawberry.Girl

    Strawberry.Girl Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    6
    Мене краевите ми пукаат кога ми е намален имунитетот. Ако не земам одма да пијам витамини по неколку дена најмалку што може да ми се случи е да настинам.
     
  18. Haritina

    Haritina Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Деновиве го имав овој проблем и еве веќе ми помина. Ги мачкав усните со домашно подготвена крема од невен. Ја купив на пазар од билкарите што подготвуваат вакви креми.

    Истава крема (од невен) си ја мачкам на петиците, на лактите (ако ми се груби понекогаш), на рацете (кога во зима пукаат) итн.

    Ја бендисувам кремава ептен :)
     
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    7.729
    Пол:
    Женски
    Заради јадење многу шеќер од празнициве, малку свежа храна, многу газирани сокови, веројатно имам кандида во устата и сега имам и вакво чудо на аголот од устата. Идиот, не поврзав дека е кандида во прашање и најверојатно недостаток на б витамин. Сега пијам два-три пати на ден б комплекс, не јадам благо ич. Прочитав дека се случува и заради недостаток на рибофлавин (Б2) кој најмногу го има во јајца, риба, пилешко месо, зелениот зеленчук, јунешки црн дроб. Со оглед на тоа дека сум нетолерантна на јајца скроз ги избегнувам а другово ретко го јадев минатиов период, сега се соочувам со овој проблем. Денес ќе почнам со нистатин капки, зошто и во устата осеќам промени и сензации кои се полоши додека јадам благо. Инаку на аголот на устата ми помага ако држам таблетка пантенол (вит. б5). Многу брзо ми ја намалува болката и го убрзува зараснувањето на пукнатината. И само тоа ми помага :(

    П.С. Шеќерот е дрога, шеќерот е отров! Кажете му не!:D
     
  20. Ilajla666

    Ilajla666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.346
    Какви таблети со пантенол се тие и како ја држиш на уста ? Хаха