И јас исто мислам дека треба веднаш да посети уролог, а да не чека 10 дена. Што си е сигурно - сигурно е.
И да има и да нема. Инфекција се дијагностицира кога има изразени симптоми. После или може беља да направи или да се повлечат симптомите па да остане само преносител. Бројот на партнери нема врска со инфекциите. Може милион да смениш, а да не фатиш ништо и обратно. И факт е дека мажите воопшто не одат на уролог. Бар повеќето.
Нема термин сега да одиш за 2 месеци ти закажуваат, подобро е да си направи уринокултура сам на приватно, и да си чека за на доктор. Се сложувам иначе дека ретко се посетува и за се останато шо си пишала.
Уролог упатува за брисеви во зависност од состојбата што ја гледа и шо смета дека треба да се испита. А, на кожно има за сексуално преносливи инфекции посебно и може исто и таму да се обрати преку матичен.
Измиј се доле убаво со сапун. Земи од матичен приоритетен упат за уролог и друг пат: менувај долен веш почесто, дезинфицирај раце пред да мастурбираш, користи заштита. Или уште подобро ожени се.
Наместо да прашуваш на форум и да се лечиш на своја рака, а нема да се излечиш иди на уролог. Имаш некоја инфекција која се лечи со антибиотици, а што имаш и што треба да пиеш само доктор може да ти каже. Што год да е се лечи, само треба да посетиш доктор. Ако не отидеш ке бидеш извор и сејач на полно преносливи болести. Е од вакви како тебе што се лечат на своја рака ние жените фаќаме инфекции, па мака мачиме по гинеколози. И секако извести ја и партнерката да се провери.