Видов еде во форма на мече. На изглеф е многу убав ама квалитет не знам. Ако има некој искуство со валви инхалатори????
Да ве прашам дали трудница може да ги користи растворите што се ставаат за инхалирање? Дали некоја од вас користела ваков инхалатор за време на бременост?
Мајки,девојки,феминки ми треба совет Веќе неколку години имам проблеми со синусите што во последно време не бираат дали е лето +40 или минусни темп на секој начин сум се заштитувала со капа шалови се облека. Сум имала болка значи да ми дојде да си ја мавнам главава од ѕид умирачка болка еве денес ужасно боли се напив кафе,вода пиев и лек пртив болка али не верувам дека многу ќе ми помине. Пишувам во темава Инхалатор од причина што денес со мој колега баш зазборевме за вакви болки он има мало детенце и кажуваше дека некогаш го користи инхалаторот на детето од причина што има болки и до точка да неможе да заспие. Ме интересира дали ваквиве инхалатори може да ми олеснат малце,дали ќе ми помогне да напоменам дека нон стоп сум затната 24/7 . Ве замолувам за совет
Срцлиња Инхалатор за бебе 4 месеци? Искуства дали е препорачливо, која,марка од каде?, Мака мачиме со затнато носе..
Види во аптеките секаде се скоро исти јас земав сега задоволна сум 2150денари го земав а другите беа по 1800 ваков е и не е бучен ама за џабе синко вришти пишти бес солзи
Да прашам за инхалатор конкретно за емед а610овој дали има шанса да се најде некаде само тоа цревцето што го пренесува воздухот за распрскување на течноста ... моето нешто како да испушта воздух кај таа сината гумица... или така треба да биде ? Сумјам дека сме го скинале.
@TutiFuti пиши ми лп. Ќе ти дадам број од еден човек. Застапник за инхалаторов кај нас,слушни се.Ќе си се договорите.Верувам дека ќе ти ќе ти набави што ти треба.Иначе го имам истиов,презадоволна сум.
@TutiFuti Има сервисери за инхалатори, ако паметиш од кај е купен, обрати се, валјда ќе ти свршат работа. Кај мене тоа перката во чашката се расипа, го однесов во аптеката од кај што го купив, без проблем ми свршија работа.
Мајки никогаш немам користено инхалатор за децата бидејќи не сум имала потреба ама откако дојдовме во стан децата дури и јас сме катастрофа се настинати, со растечени носови и кашлици. Кој од овие инхалатори би ми го препорачале? Omron Megamed Philips И пингвинчето на philips
Кога правете инхалација ставате само вода или плус капки, се работи за мала настинка без темп.но носето и е затнато и не знам дали само водата би била од корист?
Само ова ставам затнато е носето и секретот се слева поголем дел во грлото па му предизвикува кашлица доста интензивна додека спие. Докторката ми кажа на почеток да пробаме само со оваа ифузијата по 3мл ставам во инхалаторот од вечерва почнавме по 5 мин па од утре се мислам два пати сабајле и навечер белким не е многу
После 2 години Исто како твојот инхалатор перката внатре ја изгубивме,и без неа нели не работи инхалаторот Дали во аптека ќе ми дадат нова перка? Гледам ти си го однела тогаш ,и како одма ти го направиа или? Јас Од зегин го земав лани
Малку помош за инхалатор... Синко ми настина од неделата..му тече носе, затнато е и ми подкашлува. Војна водиме за вадење мрсулчиња со пумпицата..едвај 1 на ден, а премногу има..не успеваме двајцата, жал ми паѓа дури од што плаче..а не можам вакво да го гледам...прима и антибиотик и малку ми е подобар, а се мислам да земеме инхалатор, меѓутоа не знам како се користи, за што како и сл...
Инхалатор на своја рака не се користи, само ако ти препорача доктор. Пошто не секоја настинка е за инхалација, може да се направи полошо, т.е од носот да се разнесат бактерии кај што не треба. Купи си ти инхалатор, ама инхалирај дете ако доктор ти каже да го правиш тоа.
Да, ми дадоа нова перка и супер си работи од тогаш, фала Богу. Е јас го зедов од приватна аптека и дури мислам и резерва ми ставија, што не мислам дека во Зегин нема да свршат работа. Појди и пиши што ќе направиш, ако можам ќе помогнам од овде некако.
Завршив работа,фала ти во секој случај се јавив во Зегин ми кажаа кај да барам И сите да си знаете голем број од инхалаторите и делови за нив има во КМ Медикал карши Јосип Броз гимназија Има секакви делови и не е скапо