Инхибитори на протонската пумпа PPI и нивниот ребаунд ефект

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Guns N` Roses, 16 март 2021.

  1. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    3.268
    Пол:
    Женски
    Долго време истражувам на оваа тема поради тоа што се соочувам со личен медицински проблем, се решив да отворам тема бидејќи верувам дека не сум единствената личност што се соочува со ова.

    Прво на кратко за инхибиторите на протонска пупма PPI. PPI претставуваат група на лекови чие што дејство е долготрајна редукција на производството на желудечна киселина. Денес претставуваат едни од најупотребуваните лекови во медицинската пракса, се употребуваат при диспепсија, хроничен гастритис, чир на желудник, ГЕРД, Баретов езофагус, езофагитис и многу другу состојби. Најчесто користени лекови во клиничката пракса се пантопразол(Нолпаза), омепразол, есомепразол(Еманера), лансопразол(Ланзул) и др. Овие лекови се препишуваат во голема мера од страна на лекарите како сосема безбедни лекови, но нивните несакани ефекти се потврдени со голем број на студии, како што се потенцирање на пстоечките симптоми, замор, чуство на зашеметеност, тврда столица што доведува до опстипација, болки во мускулите, коските, анксиозност, депресија, спречуваат апсорпција на железо што доведува до анемија, како и на многу дурги потребни витамини (б12, д) и менерали и многу други несакани ефекти. Како и многу други лекови и инхибиторите на протонската пумпа имаат т.н ребаунд ефект, тоа значи дека после прекунување со терапијата се јавуваат истите симтпми кои пред тоа биле под контрола. Се смета дека овој ребаунд ефект може да биде од неколку недели до три месеци, но искуството на пациентите покажало дека може да трае и подолго се до 6 месеци. Според искуството од пациентите после употребата на овие лекови дури и при лекување на блага форма на гастритис, после прекинувањето на терапијата значително им се потенцирале симптомите, состојбата се влошила, а прекинувањето со терапијата е скоро невозможно.

    Сакам да го споделам и мојот проблем. Скоро две ипол години сум под терапија со PPI Еманера од 20мг порад хроничен гастритис. Додека сум под терапија немам никакви симптоми ни тегоби, си јадам нормално, но штом прекинам со нив веднаш се враќаат симптомите, како жарење, зголемено лачење на киселина, а потоа и болка во желудникот која не се смирува се додека не земам повторно таблета и не ја продолжам терапијата. Така поминаа веќе две ипол години во обид да прекинам со терапијата, најдолго што сум била без терапија е еден месец. Сум се консултурала повеќе доктори за оваа состојба, но ниеден од нив нема решение за мојот проблем. Дали некој се соочил со ваков проблем? Како сте го надминале?