зашто бе тие што се спремни да ни пружат се за да бидеме среќни и да бидат со нас ги игнорираме секогаш,а се `зацапуваме` во оние коишто сакаат да си поигруваат? а? или само мене ми се дешава тоа?
иронија?? хахахаххахаха мислам дека кај сите се случува тоа! Едноставно е ! НЕ ПРИВЛЕКУВА ЗАБРАНЕТОТО! Сама си ги одбираме лошите момчиња,оние кои не не сакаат за да ни е интересно,не привлекува она што ги немаме нив и нивната љубов! Она што го имаш и што ти е секогаш достапно не те привлекува! како војници сме кои постојано сакаат да освојуваат нови територии.Од кога ќе ги освоиме не ни се интересни. Во секој случај,ХРАБРИ БОЈНИЦИ СМЕ!!
иронија?? Затоа што баране едноставно да бидеме сакани од сите, па љубовта на неколку личности не ни е доволна!
We ignore the ones who adore us, adore the ones who ignore us, love the ones who hurt us, and hurt the ones that love us. Мислам дека со ова се кажува се`. Не знам зошто е тоа така, најверојатно некој вид на судбина. Целиме кон нешто што сакаме да го добиеме, се бориме за него, но сме како коњите на тркачка патека, гледаме само напред, а не од страна. Моментално ми се случува ова и е нешто што навистина не можам да си го објаснам. Но, можеби не ни сакам да одам против овие чувства. Сакам да истражам до каде сум способна да стасам, тоа е се`..
Да,насловот на темата сосема одговара во тоа е иронијата на човечката природа. Луѓето ги привлекува предизвикот,сеуште се присутни во нас дамнешните потреби на нашите предци за лов и освојување територии,тоа е дел од нашиот генетски код. Нашата сила,а истовремено и слабост е токму во обидот да го направиме невозможното,да стекнеме наклоност над нечија рамнодушност,да ја оствариме победата таму каде е најчесто прогнозиран пораз. Точно е дека потешкодостапните и помистериозни и навидум вошд оф филингс типови се мета на интерес на поголем број девојки,не за џабе Ева загризала од јаболкото ,не привлекува недостапното и забранетото.Само што мал дел од „лошите типови„ ги менуваат своите навики,интересно е и забавно да се играат овие игри на мачка-глушец на одредена возраст,меѓутоа за сериозна врска или брак,џабе трудот кога исходот е многу веројатно негативен. Од друга страна,токму оние кои ни нудат се‘ и најлесно ги губиме кога ќе им дојде преку глава невозвратената љубов или внимание,бидејќи лесно се лизнува баш она што сме убедени дека ни е во рацете.Понекогаш токму оној кој најмногу не сакал нема да ни ја прости задоцнетата реакција и недоволно вреднување. За крај ќе речам само толку дека врските се многу комплицирани и потребен е огромен труд и напор за да се одржат,а еден од предусловите за да опстојат е да не се земаат здраво за готово и постојано да се следат промените кои настануваат кај партнерот во неговите желби,потреби,стремежи.
Темава е створена за мене. Можам да изнесувам и да изнесувам примери од мојот љубовен живот. Впрочем, кога подобро ќе размислам сите биле “лоши“ момци. Кај добрите секогаш сум барала некоја маана, некој изговор за да не бидам со нив. Таков ми е духот! Сум кажала многу пати и пак ќе кажам. Од 10000 момци, јас со заврзани очи ќе го изберам најдебилниот. Тоа е..... Најверојтно не ми е интересно кога некој прави се за да ме задоволи, и кога некој е искрен и добар. А пак од друга страна, не сакам да патам и да ме повредуваат ??? Е ова едно со друго не оди. Сакам лошо момче, кое нема да ме повреди - контрадикторност!!! Знам дека треба да сменам нешто во перцепцијата и вкусовите, зашто вака навистина не оди повеќе. Се додека кај мене постои проблемот со лошите момци, јас нема да имам позитивно љубовно искуство и нема да бидам среќна. Посакајте ми среќа
„Лошите момци“ се поинтересни, никому не „поднесуваат сметка“ и „мирисаат на опасност“, што пак е неодоливо привлечно за жените. Причина за тоа, е тоа што жените и самите би сакале да бидат похрабри и да се однесуваат послободно, што пак често е невозможно заради влијанието на околината, воспитувањето и предрасудите. Исто така, „лошите момци“ се секогаш предизвик бидејќи потешко се освојуваат за разлика од оние момци кои секогаш се достапни и подоготвени за сериозна врска и кои на тој начин сосема несвесно ги одбиваат жените од себе. Има и уште неколку особини кај „лошите момци“ кои се неодоливи за жените. Тие често изгледаат како некој кој точно знае што сака, вешто маинпулираат, егоцентрични се и успешни. Самодовербата е силен афродизијак. Жените пак се склони кон верување дека зад грубата површина се крие нежна и ранлива личност, која тие имаат константа потреба да ја бараат во секој маж.
Без да филозофирам, бидејќи се' е кажано, само ќе ви го пренесам описот, кој за себе го има ставено еден мој другар на својот ФБ профил, а е прилично добар опис за него и да речеме е добро предупредување за сите оние, кои секогаш се залетуваат и секогаш паѓаат на испитот: „донт трај то фикс ме, ај еј'нт брокен ајм част биинг ме“ .
http://www.azlyrics.com/lyrics/alanismo ... ronic.html поголема иронија од ова амин Спојлер знам дека мн не одговарат со темата ама таков е насловот и неможев да не го споделам
There'll always be: a 'lie' in be"lie"ve, an "over" in l"over" an "end" in fri"end"s, "us" in tr"us"t and ... an "if" in l"if"e. Thats the irony of our existence ...
Има нешто иронично во односите меѓу луѓето. На пример она дека секогаш ги повредуваме оние кои најмалку сакаме да ги повредиме.