Иселувањето од Источна Македонија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Tanjamm, 10 јануари 2016.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    5.440
    Се зборува во медуми за иселувањето во Источна Македонија. Вие што живеете таму ајде да дискутираме дали и колку оваа појава е присутна. Пред некој ден гледав прилог на вести во кој кажаа дека Берово сега има околу 3500 жители. Дали иселувањето е трајно или привремено?
     
  2. Андроген

    Андроген Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2016
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    71
    Македонскиот народ е познат по иселување уште одамна.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Мене искрено исток ми е преубав, мирен, со чист воздух ама нели само од воздух не се живее.
    Платите во овој крај се ненормално ниски во споредба со западот
    Работник во источна Македонија има за 40 отсто пониска плата во споредба со оној во западна Македонија, а за 60 отсто помала за разлика од работник во Скопје. Ова е еден од најлошите диспаритети на платите во Европа
    [​IMG]
    Кога платите од источна Македонија ќе се израмнат со оние во Скопје, тогаш нема да има иселување. Кога јас на исток би земала исто плата како и тој во Скопје, никогаш не би си заминала од овде !
    И да, иселувањето е ТРАЈНО !
     
    Последна измена: 10 јануари 2016
    На celineparis, PaLaVa, AnastasiaWinter и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    2.919
    Источна Македонија скоро и да е заборавена. Не се инвестира, платите ниски и населението нормално е да се иселува. Повеќето одат во Скопје или во европските држави.
     
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    Јас сум иселена од тој регион што е најниско на графата погоре. Наше село заживее на лето, околу нова година, и велигден. Тогаш си дојдат луѓе на одмор, трајно отидени. Без тие периоди е празно, само стари и од помлади, буквално завалии кои не се снајделе самите и работат како таксисти и во конфекции. Оди прашај ги за тој избор, ама носи панцир ако се осмелиш да им солиш памет. Не знам каква дискусија се бара на темава. Ко да е некоја новина. До сега никој не забележа? Стварно? Па ако тоа е случајот да до сега требаше некој да забележи и лепи во весници, одговорот е... камен по глава.
    Каменица има повеќе работоспособни жители во Италија отколку во градот свој. Блатец има своја мала населба исто во Италија. Моите школски од средно, генерација матура од 1998 едно 60% се надвор од МК според еве фејсбук каде сум ги нашла да се, од западна Европа па дури до Австралија. Ај поздрав со Бајага акоможе. Други во Скопје, многу малку останале таму од каде се. Од арно никој не бега. Ама по потреба нека се искуца во штаб некоја порака со помодарство, баш да видиме до каде се тегне креативноста на родените со сребрено лажиче во уста или оние другите што душата си ја продаваат да не смеат ни статус на интернет да објават без одобрение.
     
    На malerozna, PaLaVa, AnastasiaWinter и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    695
    Пол:
    Машки
    Овие податоци се релевантни ко ланскиот снег. Полошкиот регион има втор најдобар стандарт, а иселувањето е скоро најголемо од таму. Кој апсурд. Освен администрација и претпријатија од малата индустрија таму друго ништо нема. Во полошкиот регион секое семејство има по 2-3 коишто се на печалба, а селата преку година се 60% празни со заклучени куќи. Покачениот стандарт веројатно се должи на тоа што печалбарите своите пари ги реинвестираат во семејствата. Исто е случајот со Битола, а во ново време и Прилеп. Секој битолчанец има по некој во Австралија или во другите богати држави. Луѓето од Источна Македонија своите пари или ги реинвестираат во Скопје ( станови, куќи, дуќани) или воопшто не се враќаат во Македонија (најголем дел).
     
  7. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Податоците и те како се релевантни барем кога се прави според помеѓу Скопје и истокот.
    Ако во Полог има по 2-3 од семејството што се иселени, тука се иселуваат цели семејства. Доаѓаат лете на по една недела и толку, истокот цела година живее за таа недела и потоа пак исто. Што се однесува до реинвестиција на парите јас не знам еден човек што заминал во странство а да не си ја средил куќата, ама тие куќи се празни 80% од времето. Оние кои имаат малку повеќе пари, не купуваат станови во Скопје туку во странство (затоа што немаат намера да се вратат). Инвестирањето во истокот барем овој далечниот од старт е промашена инвестиција бидејќи веќе нема за кого да се гради таму, а не знам ни еден човек кој би се откажал од 2000€ плата и би дошол да работи за 200€.
    За неколку години градовите на исток ќе бидат градови на духови или барем на пензионери.

    Едит: заборавив да спомнам дека за иста работа во конфекција, жените од запад или барем од Скопје ќе бидат неколку пати повеќе платени од оние на исток. Графиконот всушност и на тоа се однесуваше (нееднаквоста на платите помеѓу лицата на исток и запад или барем Скопје) не на тоа колку се иселиле. А дека стандардот е повисок на запад тоа е факт.
     
    Последна измена: 11 јануари 2016
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    2.914
    Пол:
    Женски
    Во МК ако беше арно германците ќе доаѓаа да печалат тука не обратно.
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    5.440
    Бомбардирани сме со вести за иселување, но мислев дали е реално и дали на терен ситуацијата е толку лоша?Дали попис би покажал катастрофални бројки?
     
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.434
    Допаѓања:
    3.072
    За иселувањето во источна Македонија се двоумам помеѓу Берово и Радовиш... и двете се убави гратчиња, воздухот е сигурно почист од Скопскиот а и луѓето по слободоумни.

    Чекајте малку... да не сте мислеле можеби со темава на „Иселувањата од источна Македонија?„ :|
     
    На ku4ence, Jenniffer, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.765
    Допаѓања:
    193.853
    Пол:
    Женски
    Искрено никој и не би се осмелил да направи попис, а и да направи пописот најверојатно би му останал во некоја тешко заглавена фиока се со цел да не излезе "резултатот" на виделина бидејки бели ние луѓето пасиме трева и ништо не гледаме наоколу, па чекај тие паметните да ни "замачкаат" очите, чиниш стока сме па ќе пасиме таму каде што ни го удираат стапот.

    Врз основ на доста луѓе со кој што секојдневно комуницирам и се доста компетентни околу оваа тема "источна македонија" секојдневно години наназад умира во буквална смисла на зборот. Освен постарите пензионери кои што чекаат пред банкоматите и се шетаат наоколу тук там младината де повеќе и повеќе масивно се иселува ко на шала, и тук там кога почнеш тема на муабет "абе каде е овој, оној" сите грчат рамења или пак ги видрле по социјалните мрежи како селфират некаде далеку од македонија.

    Платите се екстремно ниски, може нема да ви се верува но во Источна Македонија просечна плата за конфекционер што чисти конец, пегла, мести роба и обрнува ракави е 6000 денари ( страна на тоа што се работи честопати и недела, а пак да не коментираме за дополнителните "8 часовни саати"), просечна плата било каде е не повеќе од 10 000 денари па ако треба и убиј се од работа. Стандартите страна на работата се приближно (веќе поскапи) од еу.

    Живеачката е крајно вон секаков стандарт, жените се конфекционерки со мали плати а екстремно набиени саатнини, за мажите скоро и да нема работа, единствените фабрики кои што фунционирале се повеќе паѓаат кон дното, за обичните луѓе есапот во семејството скоро и да не стига за секој предизвик, услови никакви, и што уште да набројам?

    Важно на луѓето од администрација и е топ, секојдневно паѓаат викенди, секојдневно паѓаат кафеани, дружби, поење, јадење.. и кога ќе седнат на астал да расправаат за нашата чудесна земја просто нема да поверуваш со каква иронија се соочуваш со животот, па уште и ко црна овца те сметаат е тоа е вон секоја граница.

    Не ме чуди зошто секојдневно масивно со авиони, коли, комбиња, авиони се ислелуваат, бар таму некаде колку толку живејат просечен и стандартен живот, без паѓање во несвест од нервози и стравови за нивно "утре".

    Тоа сакав да го кажам за нашето мило парче земја, а имам уште многу да пишувам.. но не можам, просто не можам да продолжам.
     
    На PaLaVa, JoVaSt, ku4ence и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    32.745
    Пол:
    Машки
    Не знам само од кој паралелен универзум се просечниве плати за 2013-та за Македонија. Не дека се и овие суми нешто големи, ама тажната вистина е дека просекот е барем 40-50% помал од овој на графиков.
     
    На Victorian, PaLaVa, ku4ence и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    5.440
    Жално што е така. Политичарите се виновни.
     
  14. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    695
    Пол:
    Машки
    Бев во Берово пред неколку недели. Развивање на туризам со ѓубре во реката. Тоа ние го нарекуваме елитен туризам? И град со доста неуредни куќи и фасади. Типична македонска работа. Малку центарот им се одвојува, но остатокот е ужас.

    Освен Охрид и донекаде Битола се другото во Македонија е одвратно.
     
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.434
    Допаѓања:
    3.072
    Еми затова треби ние скопјанишчава да појдиме и Берво двехиљадеиосумнајесета да им го сториме!

    Шега на страна, мислам дека треба повеќе да се инвестира во Берово почнувајќи од чистење ѓубре па до инфраструктура и поубави фасади. Таму требаше жичара и железничко поврзување со Кочани па кон Радовиш и Струмица а тие со Гевгелија. Мислам дека така би живнал регионот.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    695
    Пол:
    Машки
    Фасадите и дворовите треба да си ги одржуваат приватните сопственици. Сакаме да развиваме туризам, индустрија со народ кој нема никаков претприемачки дух, народ кој не сака да се надоградува, учи, усовршува?
     
  17. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    13.444
    Пол:
    Женски
    А ако платите не им се доволно високи за да се прехранат цело семејство, вие очекувате приватните корисници на фасади да мислат за да заживее туризмот...Ма немој молим те...
     
    Последна измена: 12 јануари 2016
    На malerozna, PaLaVa, Lefk и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Не си бил во М. Каменица, мала е и преубава, додуша нема народ ама затоа е чиста :D
    Да го развиваме истокот #VisitKamenica :D

    https://m.facebook.com/visitkamenica/
     
    На PaLaVa, Tanjamm, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.406
    Пол:
    Женски
    Па кога сите фирми се отвараат на западот, многу нормално ние од исток ќе се иселуваме. До сега, со кој и да сум правела муабет за иднината на прво место им е „да си одам од овде“ па после се друго..
    Мислам жално е, жално е со толку голема желба да сакаш да ја напуштиш твојата татковина. Јас сум од мало градче ама што се сеќавам на времето беше полно, сега да излезеш низ град, вака после празниците кога сите се заминати во странство, ќе се запрепастиш од празнината.
    Да се надополнам на муабетот, врв ми беше кога дете од 7-8 години го прашуваш што сака да работи кога ќе порасне и тоа одговара дека сака да работи во Германија или Швајцарија.
    И не, не заминуваат од скршени срца, заминуваат поради тоа што целата надеж што ја имале им ја скршиле Грујо, Заев и компанијата.
    (среден прст)
    Ма ни жалам држава, ни народот, ќе си одеме сите. Тоа ни е целта. :handshake:
     
    На ku4ence, MiloMalo, MilaP и 4 други им се допаѓа ова.
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    Ако прашате човек од Виница нека е за пример, каде имаш ниви, ќе ви одговори вака некако. Два декара кај Прибачево под пругата, три во Оризарско блиско до пругата. Одлепен! (facepalm):fubar::shake:|( Сите знаат дека таму нема пруга, пругата завршува во Кочани. :^)
    Како да му веруваш на човек дека не научил да јаде од ќе сум ти месела зелник бе Рамче? Јаааа море, не научил, а научил како да се 'вози' по пругата сто години!