Да повеке од пола истоцна македонија е иселена, цели семејства, за Берово, Пехчево, Делчево, Мак Каменица преполовени се за нив знам, тука цел месец ке рмбаш за 6000 ден не за 15000 ко сто писува во погоре таа статистика а вие очекувате убави фасади, неможат со тие пари сметки да платиш а каде е храната и некој ке мисли на фасади? Имаат пари само тие сто земаат плати од државата администрација, другите само чекааат да најдат начин и избегаат од тука. Кој чист воздух? па пр во Пехчево ни водата за пиење не е чиста со голо око ке видис свашта, песок камчиња губре. Тука е ужас и гол да се прошетас веке нема кој да те види )
I Не би го нарекла мало помачување на луѓето од истокот тоа рмбање за плата од 6000 до 8000,каква што имаат во конфекциите.А најголемиот дел од жените работат тоа. И тоа работат и сабота и прекувремено,ако останат на државен празник дома понекогаш недела ќе си ја изработат. И тоа е измачување и преживување,а не малку да се помачат. И со право си бегат луѓето.Повеќе работат во странство,и тешка физичка работа ама барем им е платено.
Не е само источна Македонија, секаде е истата приказна, и тука и во соседството. Никој не бега од убаво, и што има обичниот работник да се помачи? Демек ако работи поактивно ќе земе поголема плата? Тикви ќе земе... тие што се над него ќе ја искористат таа работна сила за исти пари,а оние кои се наместиле со врски и партиски ќе ги прчат и ќе им шефуваат. Нека се "помачат" малку тие што сакаат да инвестираат. Нека отворат ќесето и нека дадат повисоки плати, а не парите што им ги кратат на работниците да ги трошат на џипови, грчки острови и по кафани. Само ни доаѓаат инвеститори од цел свет, не дека ни цвета државава, туку дека нашле овци што ќе им работат ко робови за мизерни 200 евра плата. Еден ден ќе станеме како Кина, држава со работници кои спијат на работното место и животот им проаѓа во погон на машини. Ама ако, битно ни се намалувала невработеноста...
Јас планирам на пролет да прошетам таму каде не сум била во Источна Македонија. Мислам дека кога ние Македонците повеќе би давале пари за домашен туризам и кога наместо во Грција или Банско би ги оставале парите во Берово, и други места во земјава, кои и не мора да се во Источна, еве и Крушево и Маврово се погодни за зимски туризам, можеби ќе се направи баланс.
Истокот е жален за гледање. Празни улици, а и луѓето што ќе ги сретнеш се возрасни лица, претежно пензионери или пред пензија. Младите секојдневно се иселуваат. Некои трајно, некои пола од годината ја минуваат во Италија, Швајцарија, Германија, Словенија... Во градовите пола од младите не нема. И кога одам дома, празно е. Сакаш да се видиш со школските, повеќе од една третина се во странство, другата третина во Скопје. И оние што се дома, не излегуваат, најверојатно од финансиски причини. Не знам колку им се платите, а и не сакам да знам, затоа што е жално. Ги гледам по фб овие што се вработени во администрација. На секои избори ги возат во сите градови на митинг. Од крајните источни градови ги возат до Битола, Охрид, Прилеп. Само да се покажат на тв дека многу луѓе има на митингот. И кога излезеш во некој кафич, само тие се таму. Овие од општина со саати седат на кафе, за време на работно време. Платата им е 20000+ денари. Пола од мојите братучеди, и први и втори, се иселени. Се гледаме ретко. Комшии иселени. Нема куќа од која барем 1 не е иселен. Како да беше малку она што оние кои не се во брак се селеа, сега веќе извесно време и цели фамилии се иселуваат. Топтан со деца, и баби и дедовци.
Сите доагјаат во Скопје , Охрид , Битола , Тетово , Куманово заради тоа што само овие градови се развиваат кај нас , а другите се запоставуваат што не треба да е така.
Последен пат кога бев во Берово, една жена ми рече „дете, ние ќе бидеме последните жители на Берово“. Колку песимистична изјава. Имаат едвај еден автобус дневно, до Македонска Каменица мислам има за натаму, за назад нема, до Делчево нема, слушнав и Кратово и Пробиштип биле со климав превоз. А зошто пехчевци не изваваат соби за туристи? Никаде немам сретнато таков оглас.
Од сите тие што ги напиша највеќе се држи Пробиштип има доста народ и е многу развиен последните неколку години. Автобуси нема, има само како што знам за ск.
Пехчевци можат да си издаваат соби за туристи, колку и да звучи дека нема да успее. Ако децата ти се во странство, а имаш соба плус која ти е празна, пушти еден оглас на Фејсбук, па ако упали, добро, ако не пак добро.
Не ми е жал што се селат, жално е што Европа после неколку децении ќе пропадне поради миграции од секоја депонија. Европјаните ќе станат малцинство во нивните држави и ќе преовлада ориентален, африкански и балкански менталитет. Светот за 50 години ќе биде полош од дупката Македонија, има да колабираме како цивилизација.
Мораат да се селат, зор. Немаш работа, немаш автобус, немаш болница, имаш само здравствен дом, тоест немаш услови за живот. Инаку, затоа не ја сакам Германија, збирштина.
Не Германија, секаде е исто на запад. Порано беше само Франција, сега сите држави ги наполнија со мигранти. Нашиве не брукаат каде стигнат. Се знам со доктор Македонец во Шведска, ни срам ни перде сакал да пикне членови на семејството преку ред на прегледи во болницата. Шведите се чуделе му кажале дека не смее, типацов им се потсмева вели биле будали тој мисли е најпаметен. Кога ќе се намножат кадри како него во Европа ќе биде лошо.
Макрон си призна дека ако Ле Пен го укине носењето марами, во Франција ќе има војна. Така да, се е кажано.