1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искажување љубов од страна на девојката кон некое момче

Дискусија во 'Врски' започната од Vendi, 23 јули 2012.

  1. Vendi

    Vendi Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,
    Oдвреме-навреме читам некои теми на форумов и искрено сум задоволна и од предложеното и од споделуваните искуства. Не видов (а и не побарав толку искрено) тема во врска со искажување чувства од страна на девојката кон некое момче. Изгледа не сум била во таква ситуација. :|
    Но, чувствувам преголема привлечност кон еден дечко. Буквално ме освојува иако не прави нешто посебно. Засега сме пријатели, но не знам до кога ќе ги кријам чувствата кои се` повеќе растат. Се обидувам на некои дискретни начини да допрам до него, но делува многу затворено, а морам да напоменам дека е многу посветен на работата. Сепак ја гледам и сета нежност во него која ја потиснува. Едноставно, сакам да пробам со него, бидејќи отсекогаш сум посакувала таков човек до мене.
    Сте имале ли некое слично искуство и како сето тоа завршило? Ви благодарам однапред :)
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. TammixD

    TammixD Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Имам признаено на дечко дека ми се свиѓа ама претходно бев скоро сто проценти сигурна дека нема да ме одбие заради тоа што гледав како се однесува спрема мене и знаев дека ќе се случи нешто кога тогаш , затоа ако планираш да го направиш првиот чекор мој совет е прво да видиш дали тој се однесува спрема тебе малку поинаку и ако имаш храброст не му кажувај само залапај го иако јас немав храброст и не го залапав ама веруј подобро е :)
     
  3. Vendi

    Vendi Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Фала мила :) Сепак ќе треба уште малку да го проанализирам, бидејќи ние сме возрасни, секој со свој живот, работа, доста време посветуваме и на други нешта. Плус тоа, човек кога е возрасен, повешт е во справување со чувствата, па тешко некако се открива што другиот чувствува.
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Јас искрено до сега освен на дечко ми, предходно на никој друг немам изјавено љубов, меѓутоа не затоа што го сметам тоа за нешто под мое ниво или за нешто срамно, туку ете едноставно не сум се чувствувала така. Е сега во твојов случај јас сметам дека доколку чувствуваш дека тој е вистинскиот за тебе и има таква привчлечност тогаш зошто да не му пристапиш и на ненападен начин да му кажеш како се чувствуваш. Возрасни сте, што е поголем плус така да сигурно ќе те сфати :) Среќно :*
     
  5. Angel-Heart

    Angel-Heart Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    9
    Флертувај почесто.. тој сигурно досега треба да има сфатено дека ти се допаѓа..
    Но можеби е срамежлив во врска со ова.. Но ти пред да превземеш некој друг чекор , дознај дали и ти го привлекуваш , како он тебе... да не биде после да му изјавиш љубов, и да останеш со празни раце..
    :)
     
  6. Vendi

    Vendi Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Фала ви :) Инаку, честопати си велам да не си расипам пријателство, ова-она, да не изгледам глупаво, како сето да го изведам за правилно да ме сфати итн. Не сум имала досега работа со таков човек. Секако дека треба првин да сфатам дали има некоја искра и кај него. Искрено, досега се покажал вистински кавалер, учтив е, ми помогнал за некои работи, но не знам дали тоа го прави само како израз на култура бидејќи нашево пријателство е продолжување на пријателството од нашите дедовци (малку романтично :lol: ) кои биле како браќа, но ете нашите родители поради сплет на околности само онака се познавале. Не знам, јас кога го запознав одма го осетив „она нешто“. Едноставно, мора да се случи повеќе :D
    Фала ви уште еднаш на советите... :)
     
  7. Angel-Heart

    Angel-Heart Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    9
    ахх колку романтичноо :)
    Па штом веднаш откако си го запознала, си го осетила ''она нешто'' сигурно постои некоја хемија меѓу вас..
    со среќа!! се надевам дека ке завршите од пријателство во среќна врска :) <3
     
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    Е овојпат јас бев таа која кажа Те сакам. :muscle: :D Уствари јасно ми беше дека љубовта е обострана, се приметуваше тоа, само некој требаше да го скрши мразот. :lol:
     
    На melnicanecot му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Medicine25

    Medicine25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    1.540
    Пол:
    Женски
    Мојата најголема грешка...Еднаш во животот го направив првиот чекор и никогаш повеќе.Сите го опишуваа како смирен,хумуристичен,добар..Испадна најголемо ѓубре.Зборувавме долго и се гледаше дека му се допаѓам,ја отворив таа тема и му признав се бидејќи него срамот го изеде и никогаш немаше да даде некој знак.Не ми кажа ништо го снема од планетава,се сретнавме пред два дена застанавме на кратко ме праша како сум и избега.Со кој памет планирав со срамежливи и дигнати типови да се замарам,доволно сум луда за тоа...Можеше да се опушти малку а тој избега и 5 дена го немаше ни жив ни мртов.И денеска дознавам дека на цело друштво зборувал за мене и се фалел:clap: