Споделете преку слики ваши најомилени парчиња на пантолнчиња и долги фармерки и се останато од тексас ( по можност искинато ) еве од мене
Мене овој тренд воопшто не ми се допаѓа. Ми изгледа многу грдо и цигански. Се убаво облечен, и гледаш фармерките искинати. Не изгледа вкусно. Ај да ти се некои стари, па да ги направиш искинати, со мали дупчиња, ајде некако. Ама да дадам 2000 денари за искинати фармеки, кои, ако им е послаб материјалот, еднаш ги облекуваш и ајде во корпа. За џабе си ги дал парите. Не, не и не !
Инаку јас ги обожавам, дел од мојот стил се. Во кристики имам ставено слики со моето дело, фармерки, шо ми беа омилени.
Ги обожавааам... многу ми се јаки , имам црни и бели фармерки искинати, сега ќе си купам и од оние класичните фармерски
Па и не сум некој голем љубител на искинати фармерки. Порано во тој метал и панк фазон кога бев имав купено едни ептен искинати (подолу на слика, истите ги имам) ама денес скоро никогаш не ги носам т.е ги носам ретко ама убаво искомбинирани, колку што е тоа можно. ОК е да се искинати но со усул а не како да ги нападнал Фреди со пила.