1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искористувачи

Дискусија во 'Психологија' започната од CharmedGirl, 15 август 2011.

  1. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Деновиве многу се двоумам дали да ја завршам приказната со моите другарки засекогаш или по стоти пат да им дадам нова шанса.Знам дека ме искористуваат за разни информации што јас ги имам, а нив им требаат.И свесна сум дека тоа е лошо, ама истовремено и тие мене ми се потребни за излегувањата низ град...Ова ме поттикна да ве прашам-кои се искористувачите во вашиот живот и како се ослободувате или веќе сте се ослободиле од нив?
    ако е дупла, одма у канта :tmi:
     
    На Valerin и Rihhana.33 им се допаѓа ова.
  2. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Најискрено? Откачи ги.
    Со моево искуство со такви „другарки“ имам сфатено дека е подобро да ги немаш отколку секој ден да си чукаш глава од нив.
    Мене моиве баш и не ме искористуваа за информации пошто бев најмалку информирана чисто затоа што не ме засегаат туѓи животи или било што, ама затоа тоа го користеа за убаво да ме насадат, а јас врска да немам што се случува.
    А верувај дека и тебе ке те насадат (ако веќе не сториле такво нешто) за секакви работи.
    Лошо е што и после откачувањето се мешаат, посебно ке ти се мешаат во врската и новите другарства, а за да ги растурат, нема да бираат средства и лаги.
    Јас моите 2-3 ги откачив во средно кога се поделивме на смерови, и така постепено згасна дружбата помеѓу нас. И ден, денес знаат да се појават и да истресат нешто сочно, но веќе сите ги знаат какви се, и никој не им се замара, а јас си имам една ептен добра другарка и уште 2-3 онака поблиски, се` друго сведувам на познанство и љубезност.
    Откачи се од нив и мирна глава. :)
     
    На Rihhana.33 и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  3. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Во некоја приближно слична ситуација бев и јас. Меѓутоа тоа можам да го наречам взаемно искористување. Јас ги пополнував нивните дупки, тие ги пополнуваа моите. Се надополнувавме. Лошо е ако искористувањето е еднострано. Тогаш не чини и е болно.

    Сепак се додека и тие тебе ти служат за нешто, тогаш зошто би ги откачила? Нели целата поента е во тоа дека секој има по некој за да не биде осамен. Значи ние свесно или несвесно искористуваме некој друг за да ни ги пополни празнините што не умееме да ги пополниме самите.

    Јас не верувам во вистинско и најискрено другарство. Можеби некогаш верував ... но факт е дека порано или подоцна луѓето во твојот живот ќе те повредат-намерно или ненамерно. Затоа е најдобро, барем јас така мислам, работите да се гледаат од практичната страна-НЕКОЈ НИ ТРЕБА ПОРАДИ НЕШТО и тоа е тоа.
     
    На Rihhana.33 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. oliolivera

    oliolivera Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    26
    искористуачи имав многу во мојот живот "другарки" беа околу мене додека се беше ок,но кога раскинав со дечкото останав без работа и сл. сите ги снема ми беше тешко и несватливо,но па затоа имав време да размислам дека уствари тие биле со мене од корист,да јас бев со нив во најтешките моменти,го откачував дечкото за да им помогнам нив во некои ситуации,но нив ги немаше за мене.

    A сега кога веке ја сватив ннивната приказна па и не ми се потребни такви личности и не чувствувам потреба од ИСКОРИСТВАЧИ околу мене,јас кога тогаш пак ке стекнам пријатели но овој пат ке внимавам повеке од греските се учи сепак
    затоа подобро ти е да ја решиш таа ситуација на време да не паднеш на моето ниво и кога ке ти треба некој да ти даде подршка во било која ситуација нив ИСКОРИСТУВАЧИТЕ ВЕРУВАЈ КЕ ГИ НЕМА и ке бидеш сама :fubar:
     
    На Rihhana.33 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    И јас познавам една таква :@ Ме искористи летото за да излегувам со неа затоа што немаше со кого друг да оди :@ беше едноставно совршена (летото) (очигледно мораше мене да ме држи и да ми угодува се за да не ја откачам и да не остане сама) па сега го покажа нејзиното вистински ѓаволесто лице :devil: ЈА МРАЗАМ! Од само една реченица со 4 збора, 21 буква таа направи драма заради што сега (скоро) сите ме мразат :@ Ке и вратам јас, ке и вратам! Ако не јас - па господ гледа! Еден ден ке ја плукнам в лице и ке и речам КАРМА ИС А БИЧ!!!!!! :devil:
     
    На Rihhana.33 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Хехе, јас тотално ги откачив... ;) Сфатив дека не ми се потребни, си создадов нови пријателства и повеќе не дозволувам никој да ме искористува...Ако не ти треба, откачи ја и ти 8)
     
    На Rihhana.33 и Justice.Girl им се допаѓа ова.
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    Ништо чудно,би ме чудело да нема такви.
     
    На Rihhana.33 и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  8. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    Па порано бев многу наивна личност и имав пријатели , откако си ги отворив очите немам пријател и на кафе да идам , само со дечко ми сум , а најжално е што и тој нема пријатели ........ Веднаш ги проценувам луѓето какви се , со каква намера се , и затоа немам другари , знам дека сите сакаат да ме искористат и толку а јас не можам да го поднесам тоа .. инаку подобро сама отколку со некој кој знам дека е само од корист со мене , а пак од друга страна кога видиш и ти имаш корист од нив за излегување и сл... :!:
     
    На Rihhana.33 и Spell им се допаѓа ова.
  9. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Искористувачи такви пријатели не ми се потребни не се расправам со нив но полека но сигурно ги одбегнувам сфакаат дека е толку е од таканареченото нашето пријателство
    Навистина ми е криво кога сфакам дека не сум имала пријатели јас фактички секогаш сум била сама,но барем добро е што никому нема да дозволам да си поигра со мене па макар и секогаш да сум сама па што
    всушност никогаш не било ни боље од ова
    ИСКОРИСТУВАЧИ-THE END
     
    На Rihhana.33 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Денес, на секој чекор се ...
     
    На Rihhana.33 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Денес секој втор гледа да те искористи,повреди,навреди.Додека има човек корист од тебе ќе биди со тебе,се ќе прави за да ти се умилкува,а кога ќе го добие она што го сака го нема за жива глава.Имало многу кои што сакале да ме искористат и додека не бев свесна за тоа им успеваше,но сега свртив нов лист,јас сум нова личност.Не сум повеќе онаа која што на сите им удоволува и на крајот пак со прстот во уста си останувам. Кога ќе видам дека некој е со мене од корист,полека но сигурно го одбегнувам за на крајот целосно да го откачам или пак дирек им кажувам во лице,па тие сакале се лутеле сакале не.Имам само една другарка која што знам дека не гледа никаков корист во мене,а другите се пролазни сите,не им давам шанса да ме искористат никако.
     
  12. Ruby.rose

    Ruby.rose Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    127
    Не постојат вечни пријателства, постојат вечни интереси.

    Така било и така ќе биде секогаш. Многу ретко да најдеш некој што ќе биде покрај тебе без притоа да има каква и да било корист. Ако најдеш среќен си. А ако не можеш да најдеш - обиди се да имаш што помалку такви "пријатели" и задоволи се со тоа.

    Ти си знаеш што треба да направиш, дали ти значат и колку, дали треба да им дадеш шанса или не, што ќе жртвуваш и што ќе добиеш. Велат подобро 1 искрен пријател отколку 100 лажни. Но, јас мислам подобро неколку со кои взаемно се искористувате одколку да бидеш сам.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. xepi.iiiii

    xepi.iiiii Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Воопшто не сум зачуден,многу се не се бројат
     
  14. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Се повеќе и повеќе се таквите. ;)
    Едноставно, луѓето те сакаат онолку колку што имаат корист од тебе.
     
  15. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Имам ваква другарка и тоа не е една туку дури и две.
    Е многу ми се паметни мајкини тие.Ма нека се гонат у три лепе..
    Ги трпам дур ги трпам ама кога ќе откачам....е тогаш,напомош нека им е.
    Ќе се задржам за оваа другава,си имаа таа свое друштво,значи за неа е друштво а се 6 години децава помали од неа.И сега си има една БФФ со која често се кара,и значи кога ќе се скара со неа и одма иде и ме бара мене.Опа,е од денеска сум лоша нема да бидам таа која што сите е познаваа,нема.
    И после не поминало ни еден ден ќе е побарам јас ќе и речам,ајде да излезиме на кафе ова она.И таа ооо па неможам договорена сум со нив.
    И кога ќе се скара со нив пак иде кај мене како да сум и рамо за плачење.
    Искрено преку глава ми е од таквите.Но јас бидејќи сум таква,опростувам.Се преправам како ништо да не било.Ама повеќе нема да бидам таква,нема! Нека си го гледа таа нејзиниот живот јас мојот и крај.Но некогаш кога ќе дојде време да си е мава главата од ѕид тогаш ќе биде касно,дури и премногу касно.
     
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Јас имам искуство со еден бессрамен искористувач, апла се приметуваше, па бар малку да има срам и перде, да одглуми. |(

    Кога му требаше помош, за било што, прво кај мене вртеше. А за кафе, разговор, обично излегување-го нема нигде. Го немаше нигде ни кога мене ми требаше помош.
    Таму каде што имаше нешто гага, секаде беше тој. Оние неколку пати кога сме биле на кафе, јас ја оставав кутијата цигари на маса, тој ни да праша-си земаше. На секој може да му се случи да нема, за тоа не викам ништо, ама ова се повторуваше постојано.
    Или кога ќе намирисаше дека тој ден носам повеќе пари, секогаш се влечкаше со мене, нормално за да добие нешто без да плати.
    Кога излегував со поголемо друштво, тој инсистираше да доаѓа, сакаше да го запознавам со сите таму, кога ќе видеше дека некој части вечерта нема шанси тој да пропушти. |(
    И сето тоа немаше да ми пречи толку многу, ако во неговиот речник постоеја зборовите ТЕ МОЛАМ и БЛАГОДАРАМ.
    Ама ова беше страшна работа...таква дрскост ретко се сретнува.

    Е така нема да може, ми пукна филм, му кажав се и типот го снема. Оттогаш се немаме ни видено ни слушнато, освен еднаш кога се разминавме, а тој се сврте на другата страна. Се надевам се засрамил, иако се сомневам дека таквите луѓе знаат што е срам.
     
  17. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Ги имало и ќе ги има. Во животот сум сретнала неколку такви, а сум видела милион. Заклучокот на крај ми беше, се додека има овци, ќе има и такви кои ќе ги стрижат.
    Кога една школска од средно си се научи да си зема цигари од мене, фино лепо ја потрпев некој период, а веќе наредниот пат индиректно и’ дадов до знаење дека не планирам да и ја одржувам нејзината желба за пушење. Пошто таа освен желба, немаше ништо друго. Виде не виде, почна да си купува.
    Сега на факултет, многу пати сум се почуствувала искористувана од една колешка. И’ помогнав по сите можни предмети, за на крај да не може да си ја воздржи љубомората па да почне и да се издава.
    Случајов е еден од неколку: Јас преполагам математика за повисока оцена (за 10ка) а таа не може ниту 6- ка да извади. А пред секој колоквиум сум и покажувала и решавала задачи, буквално ја учев математика од најпросто ниво. Кога ја добив 10 ката, таа не можеше да се воздржи од љубомора и коментарот и беше следниов: Јас да сум професор, нема да дозволувам преполагања за повисоки оцени. Некој не може да положи, а некој...
    Не дека престанав да се дружам со неа, немаше потреба, нејзината казна беше мојот успех на факултет кој далеку го надминуваше нејзиниот. Ама престанав толку да се замарам со неа, и не си го трошев времето пред колоквиум за нејзе да и објаснувам.
    Искористувачи има многу, ама не се криви тие, туку оние кои дозволуваат да бидат искористени. Решението секако не мора да биде да се скараш, туку уште на старт ги сечеш во намерите, па да им биде јасно на сите до каде е границата. Секако ова мое мислење е за пример кога дадена личност те искористува во дадена област. Ако веќе си наидел на некој кој ти го лиже газот само кога има потреба, клоцата во газ и :hai:
     
  18. renne

    renne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    19
    Моето мислење гласи: :!:
    "Со тебе ќе биде само ако има корист..." И мислам дека сите треба да си го врежат ова затоа што ако веќе ви се навлечат во кожа нема назад.. :x
     
  19. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Жално е шо ги има на секој чекор :/
     
  20. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Кој има вистински другарки блазе си му :^) Имам 2 најдобри и секогаш се со мене ако имаат проблеми за совети а кога јас ке сакам да им кажам мој проблем одговорот е „Ејј тоа не е ништо де бе ти ајј што е тоа ај бркај работа да видеш мене што ми се случи..“ и ај у пм па ја нивни проблеми да решам а инаку никогаш не се со мене кога имаат проблеми многу те сакам ај... а кога им го решам проблемот да ги нема двете заедно а мене вонземјани да ме нападнат они ке си се фанат за рака и да ги нема :@ а коа ке им го спомнам тоа ми велат дека влегувам во филмови. еднаш така ме оставија на цедило и јас се прибрав дома тие се закачнале со некој од бандите и ај она е појака ке реше утре тепачката ама јас на цедило ги оставив и избегале како пи*ки :lol: