Не се дружам по секоја цена со луѓе што не ми одговараат, во случајов со ваквите. Не сум била и нема да бидам должна да трпам онакви.
Темиве како оваа и слични во категоријава психологија постојат само за сите да си кажуваме колку сме најдобри а сите други имаат некоја грда карактеристика. Мислите дека баш вие никогаш никого не сте искористиле ? Think again.
Јас се ослободив од такви искористувачи. Па си реков макар и сама да останам подобро отколку да бидам искористено ѓубре.
Многу добро читам намери тешко може некој да ме изманипулира или искористи барем до сега сум знаела добро да проценам.
Отприлика проценувам дали сум искористувана и дали некој има намера да ме искористи. Арно ама има денес многу луѓе кои умешно се внесуваат во некоја улога и со малку труд може да те изманипулираат. Особено ако не ги познаваш доволно. Работното место ми е такво, луѓето знаат да користат услуги краток период за да дознаат/научат/усовршат нешто и потоа бараат друго место каде ќе напредуваат. Те распрашуваат одоколу и после ќе видиш и зошто.
Бегам од вакви луѓе. Само сакаат да искористат било што од друг, ко паразити дека за ништо не ги бива.
Јас имав прв братучед искористувач. Од мали нозе пораснавме заедно, дојде еднаш ми побара 200 евра, се позајмив му завршив работа не го одбив, на крај кога требаше да ми ги врати никаде го немаше, подигнав од брзите кредити за да можам да ги вратам позајмените пари за на крај на брзите кредити да платам 600 евра оти доцнев со ратите, прекинав контакт и со него и со неговите родители. Веќе 6 години спокоен сум и да ги видам во град ќе се направам дека не ги познавам
Побарај му ги парите ич да не се правиш дека не ги познаваш. Од тебе, од друг, од трет и на крај 10 луѓе заглавени по кредити, а тој чист. Ако треба и на неговите кажи им. Тоа си се твои пари, не му бараш негови.