Ме интересира дали претпочитате искреност во врските, во било кој стадиум, или се потпирате на воздржаност и внимавате што и како ќе кажете? Ако има веќе ваква тема, се извинувам.
И јас претпочитам искреност. Сум пробала да 'глумам лудило', ама не ми успева баш, бидејќи не можам да издржам да не кажам што мислам.
И двете. Иако искреноста е една од најважните елементи во врската, за некои работи треба да се воздржиме и да премолчиме, на пример тогаш кога искреноста би предизвикала незадоволство кај другата страна или други непријатни чувства што би довеле до кавга.
Секогаш внимавам што кажувам. Не сакам никого да навредам. Ако нешто не ми се допаѓаше кај некој дечко, му кажував од старт. Така е и со маж ми.
Не само за нагласување на грешки, него и во примери како: не дигам слушалка или не одговарам на пораки, бидејќи не сакам да комуницираме, ама не можам директно да му/и' кажам? Друго, дали кажувате кога ќе се заљубите или го чувате во себе додека другиот не рече прв? Пример..
Зошто да не му кажам директно? Гледам тоа да биде во поблага варијанта. А што се однесува до изјавите за љубов, си кажувам кога ќе проценам дека е вистинско време за тоа.
Кога е вистинско време? Кога ќе почуваствуваш веднаш или тактизираш? Ако прашувам многу, не одговарај
За некои работи сум многу искрена, уште однапред кажувам некои работи.Што сакан што не, што ми смета што не.А општо искрена сум за скоро се.За комуникацијата и се друго.Не премолчувам ништо поготово ако ми смета нешто.
Воздржаност. Денес ретко да ја ценат искреноста и е меч со две острици... Никогаш не можеш да знаеш со кој треба да бидеш искрен, со кого не. Е кога веќе личноста ми гарантира сигурност и се останато, дури тогаш ќе бидам искрена, дур и тоа го ставам под знак прашалник.
Јас ја ценам искреноста. Сакам се да ми каже во очи без разлика што и да е тоа. Бидејќи доколку ми премолчи потоа може да се создаде поголем проблем. Истото би го направил и јас. Можеби звучи глупаво и банално.
И јас исто. Некогаш сум брутално искрена, дури и по цена да повредам некого. Не велам дека е најпаметниот начин на интеракција, ама најчесто, не можам да се воздржам.
Повеќе се воздржувам...знам дека е лошо што не умеам да сум искрена,а честопати си наштетувам и на сама себе со честите воздржувања,наместо да кажам што ми смета и што ме повредува....ама едноставно таква сум,не умеам да зборувам многу,и секогаш мислам како ќе се почувствува другиот
Двете заедно. Но поголем процент отпаѓа на искреност. Искреноста е одлика на чиста душа и затоа треба да постои во врската. Додека воздржаноста ја практикувам онаму каде што понекогаш искреноста може да повреди некого и во ситуација кога нешто треба да се премолчи за да не би се до комплицирала некоја ситуација.
Со одредени луѓе во одредени ситуации сум сурово искрена затоа што едноставно ми пречи нивната суровост. Додека со одредени луѓе сум претерано воздржана затоа што внимавам да не ги повредам со кажаното. Mислам дека не припаѓам во една или друга категорија. Се однесувам онака како што ми налагаат околностите и моменталните чувства.