Човек може да е воздржан и искрен во исто време, прашањето е поставено така што мора да се избере едното или другото. Постојат многу нијанси на искреност и воздржаност. И што значи да се биде искрен или воздржан, во крајна линија. Луѓето самите не се познаваат, како тогаш може да се биде искрен кон некој друг.
Умеам да се воздржам до првата погодна прилика за да се испукам. Многу често "војувам" сама со себе, од причина што ми е тешко да преќутам. Претпочитам брутална искреност уште од самиот старт на врската. Сепак на почетокот се редат коцките. Доколку личноста со која сум во врска не ја цени или пак му пречи мојата искреност, тогаш нема ни зошто истата да продолжи. Истото го очекувам и за возврат. Ништо повеќе ни помалку од она што го давам.
Претпочитам искреност. Не сакам да ми зборува зад грб или да не се искаже како што треба. Тоа што мисли нека ми го каже.
Искреност пред се, воздржаност на ретки моменти за да ја заштитам емоционално другата личност, ако ми делува на кревок/наивен начин. Во главно, ги третирам како што би сакал да бидам третиран, пардон за клише. Многу сум селективен кога зборувам со некого за избор на зборови/реченици/вокација..
Претпочитам искреност за сите оние нешта кои се заеднички, кои имаат влијание на врската и кои сега или пак во иднина би се однесувале и на него. Но доколку сум приморана да откријам на пример нешто лично кое нема никакво влијание врз врската тогаш не е исклучена можноста ако ништо друго да го заобиколам одговорот.
Во принцип скоро сите претпочитаат искреност, додека не им тресне некој нешто директно во лице. И одма се вади офанзивна карта. Нас ни зависи многу и до менталитетот, не си кажуваме работи директно. Моментално живеам околу посеверни европејци, на моменти сеуште доживувам мини-шокови од нивната чиста директност. И трепкам и гледам збунето, и чекам да почнат да летаат флаши и чаши, пред да се сетам на ладнокрвноста со која го прават тоа. Кај нас таква директност можам слободно да кажам дека не сум сретнала. Јас сум обично многу воздржана, зошто имам сфатено колку живци и време може воздржаноста да ми сочува. И да додадам, воздржаноста не е спротивност на искреноста, туку на директноста. Само зашто сум воздржана, не значи дека нема да ти кажам што мислам, ако директно и конкретно ме прашаш. А на ладна директност, не би можела никогаш да се навикнам.
Искреност, некогаш и многу ме коштала, не сакаат сите да им се каже вистината во лице, ама поинаку не знам и не сакам да знам. Е сега ова го зборувам за повеќото случаеви, има некои ситуации кога мораш да се воздржиш поради една или друга причина, ама по некое време, барем јас пак си го кажувам тоа што мислам дека треба.
segogas sakam da sum iskrena a i drugite sakam da se iskreni so mene...no za zal na lugeto mn cesto im odgovara da go slusnat ona sto sakat a ne ona sto nie imame da im kazime. iskrenosta e doblest na golemite luge retko kojj ja ima
Секогаш балансирам, по потреба и зависи од ситуација..но, всушност сум особа која никогаш не е 100% воздржана, ниту сум 100% искрена....секогаш оставам нешто на резерва, да се најде нели, за не дај боже
Искреност или воздржаност? Јас мислам дека овие работи не се спротивни една на друга па да се бира или, или туку обично одат заедно. Човек може да биде искрен а во исто време и воздржан Воздржан во смисла да не го давиш со тоа колку го сакаш и разни глупости, но тоа не значи дека треба да бидеш воздржан и да бидеш дрво без да ги изразуваш чувствата. Воздржаност е всушност умереност, човек во се треба да биде умерен и одмерен, не е добро ако е премногу ниту кога е премалку.
Преферирам искреност, затоа што на лагите им се кратки нозете. Бели лаги оправдувам, но доколку е во прашање изненадување! Како и да е, умеам многу пати да се воздржам за да не настане хаос.
Не умеам да се воздржам, од еден аспект е маана али ја како доблест ја прифаќам, ете искреноста помалку ме боли сакам да знам искрено што мисли макар било и брутално искрено него ли лице да ми прави.