Пробувам и се обидувам да балансирам се во животот. Искрена сум за оние работи кои се од круцијално значење и се одлучувачки. Но дури и кога сум искрена бирам зборови, оти никој не е должен да “страда” поради моите различни погледи/каприци. Сметам дека бруталната искреност е преценета и пречесто се злоупотребува, повеќе да се истакне самата личност отколку што се има потреба од истата. Покрај толку голем речник на располагање денеска, соодветни зборови за секоја ситуација секогаш можат да се најдат, а ништо од тоа да не звучи нападно ниту исфорсирано. Во принцип и двајцата се трудиме да балансираме. Тој е свесен кога правам нешто, или одиме некаде само зошто тој сака и обратно, знам што тој прави за мене. Па се надополнуваме.
Искреност бидејќи мразам кога некој одоколу ми врти и молчи само за да не го каже тоа што го мисли. Како јас што сум искрена сакам и другите да се искрени кон мене, макар што од неколкумина ја добивам искреноста.
Треба да се процени ситуацијата. Кога е нормален муабет искрена сум. Ама ако е некоја расправија подобро во моментот да се воздржам отколку да бидам искрена(не ми успева секогаш).
Во врска сметам дека треба да се има 100% искреност односно што те мачи да кажеш и да решите заедно. Доколку се воздржувам и тлее во мене нештото и "расте" така полошо е.