Скоро сите имате подготвено своја биографија и сигурно сте го следеле принципот: “Истакни ги своите адути и искуства, за да те повикаат на разговор“. Па така најчесто CV-то ни е напумпано со сите семинари, конференции, обуки, најчесто хоби - читање книги (без разлика што изминатата година сте прочитале вкупно 1 ипол книга) - се во служба на добро CV. Како би изгледало CV-то, ако се решиме да бидеме навистина искрени? Еве едно ептен искрено CV... Предмет: Искрено CV До: XXXX ДОО Потполно неподготвен за работа под притисок и прекувремена работа освен ако не сум дебело платен. Искрено, ме заболе за целите на вашата компанија ако со платата не можам да ги покријам сите тековни трошоци, плус и да ми остане за гардероба, книги, патување, излегување и спорт. Функционирам според принципот “Колку пари – толку музика.“ Исто така, не ме интересира што сте во пробеми и очекувам сите обврски кои ви се предвидени со закон да ги извршите на време, како и тоа да ги почитувате сите празници и годишниот одмор. Факт е дека ќе ве напуштам штом ми се пружи подобра шанса. Комуникативен сум со пристојни и љубезни личности, за заебанти имам краток фитил. Пцујам на неколку светски јазици. Студирав 100 години, но сметам дека е успех што воопшто и завршив факултет во оваа земја, каква што е. Се усовршувам постојано и без вас, затоа што сум љубопитна личност и мислам дека животот има смисла и без скапување на работа. Реагирам само на позитивна стимулација. Немојте да ме гушите со тестирање и тим билдинг глупости. Ако веќе се притресувате на такви западњачки фори, тогаш понудете и западњачка плата и услови за работа. Тоа што сте посетиле два, три семинари – не ве прави образована личност. Што не знам – ќе научам. Не сум дебил. И да, постојат работи кои во животот сум ги правел од чист ентузијазам, но жалам што морам да ве информирам дека тоа не важи и за работата која Вие ја нудите. Со почит, XXXX XXXXX
haha ja da sum rabotodavec,da ima hrabrost nekoj vakvo cv da mi prati odma ke go primam barem ke znam so iskren covek si imam rabota haha
Хахаха алал да му е на човекот. Како што кажа femina90 јас да сум веднаш би му обезбедила работно место.
Барем си бил искрен човеков. И ја би го примила да работи кај мене зашто барем ќе си знам дека имам искрен вработен. И не само што е искрен, туку е и оригинален.
Закон е резимето еј! Да ви кажам во мојата фирма кај што работам, сигорно би примиле некој со вакво резиме оти и така цела фирма ни е циркус.... сите се среќни и задоволни, стално насмејани пред шефовите и менаџерите, а зад грб пцујат на неколку странски јазици.... треба за мајтап да напрам едно вакво резиме и да го пуштам, баш ме интересира дали некоја будала ќе запали на финтата „искреност„ хахаха како и да е за типот што го сосатавил ова!!!!
Студирав 100 години, но сметам дека е успех што воопшто и завршив факултет во оваа земја, каква што е.
Кај мене би било вака: Моите квалитети покрај факултетот се мојата способност за памтење глупи работи, датуми и бројки, па ако не го памтите роденденот на жена ви, јас ќе го памтам.Или годишнината од брак.Тоа ќе кошта +500 ден од датум. Ме бива и за правење муабет по цел ден кога ќе можам.Сакам кога ќе дојдам на работа никој да не ми праи муабет, првите саат време дур се свестам, да не гаѓам со пенкала.Ќе работам сѐ што ми е у опис на работата, ништо друго, и да, сакам да пушам во канцеларија. Да останувам прекувремено, а да не сум платена, не ми е ни на крај на памет.Не се карам прва, ама ако почне некоја, може наредното сабајле да нѐ начекате уште како се караме, бидејќи имам кондиција за карање. За себеси мислам дека сум паметна и квалификувана за ова работно место, и дека можам да сработам повеќе од другите.Па деновите кога нема да имам работа, нема да доаѓам.
Моето CV би било: Не можам да работам под стрес, каснам, мрзлива сум, не сакам да доаѓам на работа во 8 туку во 10, не сакам тим билдинг активности.