Е сега си го надрљала Очекувај контра напад А за ова со стомациве мора да те исправам...за жал границата е од 25-30 години. Што беше тоа спорт? Го нема во речникот на младите. Ахх да...уствари само кога го гледаат на телевизија.
Да веруваш дека бракот/животот ќе ти биде како што некој друг одредил(макар во тоа некој да се крие и Бог) значи дека не превземаш одговорност за исходот од истиот. Ако се случи нешто лошо по наша вина,луѓето често ја обвинуваат судбината. Значи лошите одлуки,пасивноста било што не се судбина,туку избор. Исто е и со љубовта и бракот. Не е каков маж или какво дете ќе ти се погоди. Не е ова лотарија. Туку каков маж ќе си избереш,колку ќе го процениш,како детето ќе го воспиташ. Ова ме потсетува на една другарка, ми вика еднаш, ти многу среќа имаш со испитите. А,јас се утепувам од учење,додека она спие,шета,прави што и се прави. За се` во животот е колку ќе вложиш=толку добиваш. Било работа,брак,воспитување деца,исполнување животни планови од типот шетање некаде и сл.
Секако драга , секако... знаеш кога прв пат ќе станеш свесна за Нешто.Не кога ќе ја славиш љубовта кон партнерот или кога ќе правиш свадба,туку кога ќе добиеш дете. А за ова другото некој знае и каменот да го позлати а друг и златото да го потемни.
Подобро така отколку да кажат, ти реков да ја викнеш мајка ти а не сестра ти, плус ако мајката со стајлингот е као неизживеана тинејџерка која патем има само дете, голема работа. За жал во вториот дел од твојата реплика си о право, денес младите многу се запуштаат не само во поглед на килажа туку и на педантност. Па не ретка слика е да видиш чичко од 60 години избричен испеглан, културен а наспроти него тип од 25-30 години не избричен, мрзоволен.... Ама тоа е, секое време си носи свои нешта. Сега за виртуелна љубо не ти е потребно да си среден/а а во нивно време немало он лине само ливе очи во очи.
Хаха познавам еден пример таков каде што таткото има околу 57-8 години и изгледа така постаро а детето е околу 15, и кога отишол првпат на родителска во прва година средно професорката го прашала: Вие сте дедото ??
Знам многу деца што се срамат од овие работи, дека имале постари родители. И не гледам ништо смешно, ниту навредливо во тоа што прашала дали тој е дедото. Има луѓе кои изгледаат постаро за свои години и обратно. И татко ми е доста постар, за разлика од родителите на мои другарки. Се сеќавам кога бев забавиште зимата имаше многу снег и беше темно, па ме чекаше татко ми во ходникот од школото едно девојче го виде и ми рече "дедо ти те чека надвор" и тогаш без трошка срам и реков "тој ми е татко".
Знаеш како Луничка? Претпоставуваш дека сите имаат исти цели во животот како тебе. Можеби ТИ ќе станеш свесна кога ќе родиш дете. Можеби јас нема никогаш да имам дете. За другото, тоа што ти го нарекуваш Некој, јас не го нарекувам исто Офф топик сме, така што, не гледам причина да се објаснуваме повеќе. За себе знам, за други не кажувам. Бракот е секогаш планирана работа, не се случува случајно. Не, не сте. Бидејќи на мојот коментар „Љубовта не се планира, а бракот се планира“ ми објаснуваш дека од Господ зависи кога ќе прави некој свадба? Да, баш Господ седи и со твојата свадба се занимава... Да, може утре срце да ме стрефи, тоа нема никаква врска со тоа што ти го зборуваш, а богами ни со тоа што јас првобитно го кажав.
Девојки млади мажени... Ве молам помогнете ми со информација, при промена на презиме,освен во МВР за вадење на лични документи,дали бевте и во други институции за истово? Односно, дали во фонд за здравствено осигурување, во агенција за вработување за промена на презиме во М1/М2 образец...во банки исто така?
Па не е навредливо само можеби се чувствувал непријатно кога го прашала, а малку смешно изгледа посебно кога некој лично ти го кажува ова, ама всушност не треба да биде. И јас сум со постари родители и не се срамам од тоа, а и тие изгледаат доста помладо за своите години така да никој не им ги дава годините што ги имаат, и сум немал некоја случка каде би ги правеле дедо или баба. Едностано не можеме да ги бираме годините на родителите така да мора да ги прифатиме такви какви што се.
Ако некој се жени/мажи и после 35 та година или пак ете си имаат проблем со плодност или малку задоцнета среќа и љубов онда на повидок секогаш излегуваат нели таканаречените ОСУДИ кој секој пишува за нив и ги мрази од дното на душата а всушност секој си ги користи за оговарање и наогање предмет за поинтересен муабет. Да ве прашам вас што се смеевте погоре околу дискусијата дека таткото ќе се нарекувал дедо и мајката баба дали вам нешто ви менува и пречи во вашиот личен живот тоа?! Дали тој што имал дете на 35, 36, 37 па и 40 е злобен човек според вас и вас ви брца во стомакот со неговите постапки?! Што е толку смешно што некој можеби му се посреќил тогаш животот или му се насмевнала среќата за плод?! Бог да чува од ваквите како вас. Бог да чува. Па одозгора некој и намерно ќе го рече другиот да го здоболи. А кујзнае кутриот какви маки преживеал.
Мажена сум на 18 години, веднаш после матурирање пошто останав трудна. Уште од првиот ден знаев дека сум направила вистински избор. Завршив електро за точно 4 години затоа што ги имам најдобрите свекор и свекрва кои ме охрабрија и ми ги изгледаа двете деца. Да не беа тие незнам што ќе правев со себе. Денес син ми има 7ипол години а ќерка ми на 4ти август полни 3. Со мм уште од времето кога бевме дечко и девојка бевме по малку така луди и авантуристи, но неразделни, 20/24 часа ние бевме заедно, па не испуштивме многу од она што го живееа нашите врсници во тоа време.Во овие 8 години брак со мм не сме имале никакви проблеми, никакви пречки, оние наши мали кавги кога и двајцата си доаѓаме касно од работа, ама тоа е нормално. Среќна сум што на 18 години моите ме подржаа, тој секогаш беше тука за мене, а најблагодарна сум на свекорот и свекрвата што ме подржаа и ми овозможија да го студирам она што од секогаш сакав. Девојки, искрено, кога ќе дојде ред за мажење, размислете дали е тој човекот со кого сакате да го помините живитот.
Se omaziv mlada me zaprosi na 19 godini se zedovme na moi 20 godini i posle 1 godina brak mu teknalo deka sakal da sheta ajde razvod. I sega neka si sheta. Zatoa jas po moe licno iskustvo ke kazam na site nema shto da brzate tolku mladi! Pozdrav i izvinete za latinicata!