Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со коронавирусот – симптоми, лекување, совети од прва рака

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Cosmi, 13 ноември 2020.

  1. Anod10

    Anod10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2017
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Веќе осум дена немам ни мирис ни вкус. Денес цел ден чувствувам некоја чудна болка во носот, како кога ќе ни влезе вода преку нос, нешто слично на тоа се чувствува. Како некое печење. Му се случува ли на некој ова?
     
    На motheron2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  2. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.575
    Дали знаете капки од коприва како се пијат?
     
  3. motheron2boys

    motheron2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2020
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    4 dena od koga ispafnav pozitivna denes i jas cuvstvuvam taka. Kako koga e ladno, nekoe cudno peckanje vo nosot. Isto i jas nemam ni vkus ni miris.
     
    На Anod10 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Maki5123

    Maki5123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2019
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    После 2 месеци прекина опаѓањето или сеуште му опаѓа?
     
  5. Maki5123

    Maki5123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2019
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Јас воопшто ја немам фарбано косата природна како што ми е. Бев на кожно ми препиша спреј Аломах 2% (миноксидил) се прска во коренот 2 пати на ден по 8 прскања со масирање, од Солгар витамини Skin,Nails and Hair. Минимим 3 месеци да се користат треба за да има ефект.
     
    На slimy и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  6. Maki5123

    Maki5123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2019
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Мое искуство .. кога ми кажа другарка ми дека е позитивна јас направив тест ПЦР истиот ден но немав симптоми следниот ден кога требаше да го земам резултатот веќе утрото имав покачена температура 37.7 и знаев дека ќе биде позитивен. Температура имав 5 дена цело време најмногу до 38.2, не пиев ништо за снижување на температурата бидејќи ако е до 38 и не треба.. со разладвање треба да се снижува, ако е повисока тогаш може. Веќе петтиот ден имав премногу болки во грбот исто така и зглобовите на рацете и нозете, потоа почнав да кашлам (сува кашлица), па на крај ги изгубив морисот и вкусот и еве после месец и пол мирисот сеуште не ми е вратен. Бев на 2 прегледи на инфективно ртг на срце и гради ми беа океј, а кај крвната слика имав двојно покачување на димерите границата е 500 мене ми беа 999.
     
    На motheron2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.169
    Допаѓања:
    8.483
    Пол:
    Женски
    Престана да паѓа со таков интензитет. Нормално, влакна му паѓаат и сега, ама не е повеќе од нормалното. Е сега оретчена му е косата на скалпот, ама со време ќе видиме дали ќе израсне нова или ќе остане така ретка. Сепак тој има ретчење и природно со годините што си доаѓа.
     
    На Maki5123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Miss Celestial

    Miss Celestial Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2021
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Кај мене прво покачена температура, околу 37.5. Претпоставувавме дека е ковид затоа што сопругот ден пред мене качи температура. Се тестиравме одма наредниот ден и ни се потврдија сомнежните. Изгубив мирис два дена после качувањето температура, а вкус наредниот ден. Исто така ме мачеа и болки во телото, посебно половината. Сите симптоми ги снема после недела дена, само губењето на мирис траеше можеби десетина дена.
     
    На motheron2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Aronika

    Aronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Искуства со испитување ддмери. Со упат каде може и колку се плаќа и дали се чека многу? Приватно е скапо
     
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.202
    Допаѓања:
    18.315
    Со упат можеш да одиш во Јане Сандански, се плаќа 250ден а се чека околу 2-3 недели за да те боцнат. Се јавуваш на телефон закажуваш.
    Најефтино приватно е во Рамус лабораторија.
     
    На Aronika му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Aronika

    Aronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Фала ти. 2- 3 недели :o
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.534
    Допаѓања:
    201.646
    Пол:
    Женски
    Со упат се чека секаде. Ептен ако имаш среќа за трансфузиологија некој да откаже термин, а матичниот да виси на компјутер за да го фати терминот.
     
    На Aronika му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.534
    Децава едно со растечен нос, друго со мала продуктивна кашлица а сув нос, од вчера јас се затнав/растеков со носот. Дали да се испитуваме? И дали брзите тестови се точни од аптека или да барам кај матичната пср да ми закаже?
     
  14. Aronika

    Aronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Направете брзи точни се зошто веќе имате симптоми. Иако вашево на настинка потсеќа.
     
    На eli.karameli му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vogue.and.vogue

    vogue.and.vogue Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2014
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    179
    Здраво
    Корона вирус прележав пред еден месец полесни симптоми болки во телото, главата еден ден температура, денес еве осеќам ме боли грлото и секрет во носот , дали имате искуство со друга вироза одма после корона ? Ви благодарам
     
  16. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Пишував во темите за деца бидејќи син ми беше за никаде. Сега и јас сум исто. А пред два дена се јавија од градинката и ни кажаа дека учителката негова е позитивна. Малиот не е бил во градинка од 22 октомври. Учителката е потвррена за позитивна на 1 ноември. Син ми на 22ри појави симптоми, висока температура до 39.7. Кашлање минимално само на спиење, гној на крајници му видоа, наод на плуча немаше, во сон како да хрчеше до скоро слушав звуци. ЦРП и леукоцити имаше покачени. ЦРП 36 му беше. Откако се разболе нема отидено во градинка. Јас на 31 окт почувствував болка во грло, и до вчера качував тт. Денес направив крвна слика ЦРп имам 38 и седиментација покачена. Докторот вели дека сум заразена со нешто од малиот, не ми требал мене антибиотик, а малиот пиеше Амоксиклав. Контрадикторно некако. За малиот велеа инфекција е, сега мене ми вели вирусно е, не пиј ништо ако си подобра. Да не ми кажеа за учителкава дека е од ковид немаше да се посомневам, ама не знам?? Има ли потреба да се тестирам дома со брзиве тестови?
     
  17. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.575
    Мене како што ме советуваше доктор црп над 10 одма тест. Не мора да значи дека контактот е од учителката може од било каде да сте се заразиле. Имате симптоми направете тестови од аптека. Веродостојни се.
     
    На DarkStormm и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  18. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    1.081
    Здраво :) Ве молам за совет доколку се имате соочено со сличен симптом. Прележав корона пред неполни 10 дена, последниве 4 дена имам изразено гаден вкус во уста и постојано гадење, не знам како да си помогнам, почнав да зимам нолпаза но не помага нешто многу. Немам ниту апетит деновиве баш поради тоа а реално баш во моментов ми треба храна заради имунитетот и железото кое ми беше ниско. Дали имате совет од свое лично искуство што би ми помогнало?
     
  19. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    5.458
    Пол:
    Женски
    Kaj korona leukocitite pagjaat i zelezoto opagja.
    Najverovatno e virus.sepak uste edna konsultacija so lekar.
     
  20. motheron2boys

    motheron2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2020
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Zdravo. Vie sto prelezavte korona i sto ve vodea so lesni simptomi, kolku dena boluvanje vi bea dadeni od maticen(dokolku 10 dali trgnavte na 12 den na rabota ). Jas se vodam so lesni simptomi i mativnati mi reci deka samo 10 dena moze da mi dade, 11-ta den sedam doma i od 12-ta pocnuvam so rabota i deka nemq potreba da pravam povtorno test. Pozdrav.
    Imajte ubav den.