Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со коронавирусот – симптоми, лекување, совети од прва рака

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Cosmi, 13 ноември 2020.

  1. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    posle prelezuvanjeto eve vtor mesec pomina,mi se pojavuvaat crveni tocki po kozata,dali nekoj sto bi mozelo to da bide ili imal slicno iskustvo?
     
  2. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Не знам дали темава е за тука ама да си прашам: маж ми е позитивен на ковид а јас од денес покажувам симптоми.
    Дали некој од вас живеел со мало дете а и двајцата да се болни? До вчера се гушкавме, бацувавме со син ми, а сега немам кај да го изолирам. Треба да седи со свекрва ми во дневна ама она не му посветува мн внимание.
    Што сте правеле кога сте биле во ваква ситуација?
     
  3. motheron2boys

    motheron2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Jas sum pozitivna, mali mi se i dvete deca i doma sedam so maska. Za jadenje i za voda pienje izlevam na terasata
     
    На Girly90 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lejlla

    lejlla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    2.382
    Немате потреба да се изолирате, можно е и детето веќе да го има вирусот… ние бевме заразени со сопругот и двете деца се заразија ама среќа со нив поминавме многу лесно, вирусот се пренесува пред да ги имате симптомите. Со лесно да поминете сите!
     
    На Girly90 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.970
    Ништо подобро свекрвата да ја изолирате него да ја оставате да го чува
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234

    Масло од црно семе има во поголемиве аптеки, го произведува Херба Натура. Мислам дека само во Зегин не го продаваат.
     
  7. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.196
    Пол:
    Женски
    Ние четворица воопшто не се изолиравме еден од друг, сите прележавме и кај децата помина како при секоја друга настинка.
    Подобро да седи со вас отколку на ризик да ја ставате и бабата.
     
    На celineparis и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.575
    После колку време ви се нормализира крвната слика зборувам за вредностите на триглицериди и холестерол и дали сте пиеле нешто за тоа?
     
  9. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    za trigliceridi samo omega 3 od licno iskustvo
     
    На celineparis му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Морам да прашам оти психички ќе опадна додека да дочекам да ја барам матичната утре.
    Лани на 27 ноември добив позитивен резултат на тест за корона, а оваа година крајот на јули се вакцинирав со две дози Синовак.

    Гледам колку-толку да внесувам витамини(пијам и бета глукан) оти сум често болежлива, во моментов мајка ми има грип (се тестираше и излезе негативна на корона, вакцинирана е), пред неколку дена исто беше и со дедо ми и татко ми(прележани и вакцинирани) тетка ми и братучедите (сите прележани и вакцинирани).
    На работа исто една колешка имаше затнат нос и кашлање, исто излезе негативна на корона.

    Кои се шансите да е пак ковид?
    Внимавам на заштита и мерки. Имам затнат нос и гребење во грлото, чувствувам мирис и вкус и тежина/притисок кај синусите и очите.
    Температура и малаксаност немам ама мозокот си го стопив од премислување.

    Пијам бета глукан, зедов прополис спреј и Dr.Theiss пастили. Причина што одбегнувам за вакви работи да ја контактирам матичната е тоа што летото истата година кога се појави ковид имав исти вакви симптоми и ми даде ливче со заокружена слика од спреј Синомарин, кој ме чинеше 400+ денари, а не помогна воопшто. Отпосле ми светна дека си граба процент и не се замара многу-многу.

    Совет што би можела да правам/користам во случајов?
     
  11. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.345
    Допаѓања:
    12.514
    Пол:
    Машки
    Мислам дека не се работи за ковид, речиси сите шо ги познавам, а имаа ковид во последниов период, имаа лесно покачена температура и изгубено чувство за мирис и вкус.

    Доколку ти е шубе направи од брзите тестови од аптека.
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Helenya

    Helenya Нов член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски


    Јас пред 2 месеци имав слични симптоми, покачена телесна температура, зарнат и растечен нос, покачено Crp, но негативна испаднав на тестот. А сега пред 2 и пол недели испаднав позитивна на ковид, од симптоми имав изгубен мирис и првите два дена болки во половината и нозете. Инаку сите дома се заразивме од мајка ми, јас не сум вакцинирана, а моите сите се со Синовак.
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  13. yana147

    yana147 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    dali imavte bolki vo nozite? i kolku dena? mnogu sum isplasena
     
  14. Helenya

    Helenya Нов член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Да, јас имав во првите 2 дена од симптомите, заедно со големи болки во половината. Пиев парацетамол и ми поминуваше, но се будев често навечер од што ме болеа. Немој да се плашиш, за кратко ќе ти помине, но земај нешто доколку болката е неиздржлива.
     
  15. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    i seuste imam posle dva meseca od prelezanost
     
  16. .hopeful.dove.

    .hopeful.dove. Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2021
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Имам речиси 17 години, вакцинирана сум и од минатата недела кашлам и ми се затна носот. Во петокот многу лошо ме заболе глава (но, немав температура) и правев брз тест кој испадна негативен. Од вчера изгубив мирис и денес правев брз тест кој покажа една црвена и една побледа линија. Упатството вели дека треба да се смета за позитивно и со бледа втора линија. Дали на некој друг му се случило ова?
     
    На Jassne му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    pozitivna si i so lesna simptomatika sega za sega,ne se plasi ama ic stom si so vakcina,samo vitamini i odmor
     
    На .hopeful.dove. му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.668
    Допаѓања:
    79.682
    Пол:
    Женски
    Да, мене тестот ми беше со прилично бледа линија. Но, штом воопшто ја има, позитивен е секако. Со лесно и брзо да мине.
     
    На .hopeful.dove. му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Син ми 17 месеци на 22 октомври имаше температура. Викендот третиран само со антипиретици. На 25 окт. понеделник се затна и поткашлуваше, хрчеше во сон. Почна многу висока температура и на 26ти (вторник) правевме крвна слика. Леукоцити благо покачени, хемоглобин намален, ЦРП 35. Препишаа антибиотик, амоксиклав и до петокот беше со многу висока температура до 39.7 потоа спадна и целосно се подобри. На прегледот видоа гној на крајникот, се сомневале на стрептокока. Не го пратив во градинка откако оздраве. На 31 окт мене ме заболе грло. На 1ви ноември ми се јавија од градинката дека воспитувачката на син ми е позитивна. Не помислив ништо. На 3ти ноември одвен грло имав и доста покачена температура. Крвна слика имамв лоша, седиментација 24/40, ЦРП 38, леукоцити во граници на нормала, железо и хемоглобин значително пониски од вообичаено. Мислев дека од замор и трчање по малиот. Пред два дена сопругот не се чувствуваше добро, денес има температура, а пред малку добивме повик дека негов колега е позитивен. Правеше сопругот брз тест, има бледа втора линија. Матичниот му закажа на мм за утре ПЦР тест. За мене докторот рече дека е доцна за тестирање. За мене воопшто не ми е гајле. Ме загрижува малиот, сега сме изолирани, ама до денес сопругот беше во близок контакт со малиот.

    Мене страв ме јаде за малиот, сакам дс му проверам антитела преку крв, ама матичниот вели рано е, уште 10 дена да сме почекале, потребни биле 15-30 дена за веродостоен резултат. Со оглед на тоа што на 22 малиот ги покажа првите симптоми јас сум во дилема, дали утре да го носам да му проверам или не. Да знам дека прележал искрено многу ќе ми олесни..
     
  20. yana147

    yana147 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    kolku dena trae temperaturata?