Искуства со коронавирусот – симптоми, лекување, совети од прва рака

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Cosmi, 13 ноември 2020.

  1. TheGoldenPeach

    TheGoldenPeach Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    3.801
    Пол:
    Женски
    Кај мене и сопругот три дена благо покачена, пропратена со растечен нос, кивање и омалаксаност. На четвртиот ден изгубивме вкус и мирис, а другите симптоми почнаа да се намалуваат.
     
  2. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    2.579
    Искрено нема правила, јас имав 7 дена со тоа што првите четири 37,5 па откако го земав антибиотикот ми скокна на 39.
     
  3. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.643
    Рано е сега да испитувате антитела. Таму после еден месец, кога ќе се стабилизирате.
    Најверојатно малиот ви го има пренесено, подоцна ти си закачила и сега сопругот. Ги имате сите симптоми.
    Најважно да помине со лесно, па после се проверувајте.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    5.042
    Пол:
    Женски
    Маж ми е позитивен. Сега се потврди со ПЦР тест. Само не знам дали јас и син ми прележавме. Не се тестиравме тогаш, се сомневавме на стрептокока... Син ми на 22 окт. Јас минатата недела не бев добра.
     
  5. yana147

    yana147 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    kolku vreme taka bese?koga se podobri situacijata? dali te bolea nozite?
     
  6. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    1.474
    Кај мене траеше 5 дена, првите три дена до 38,5 додека наредните два дена константно имав 37,5.
     
  7. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.643
    Нема зошто да се сомневате за тебе и малиот, штом тестот е позитивен.
    Најверојатно и го имаат погрешно лечено детето, за среќа ништо не му е.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    5.042
    Пол:
    Женски
    Па не знам.. Малиот беше на 22ри со првите симптоми. Јас околу 30-31 почувствував како ме гребе грло. Крвните слики и на двајцата ни беа со намалено железо и хемоглобин. Малиот имаше ЦРП 36, а јас 38. Температура качувавме. Ама за детево велеа гнојно чепче гледаат на крајник, личело на стрептокока. И јас му го гледав грлото, видов бело како ќеса. И мене кога ме заболе грло исто ми кажаа, гној на крајник, сме закачиле инфекција со малиот. До душа јас ништо не пиев. Докторот препиша клиндамицин, не земав. Малиот пиеше Амоксиклав, баш пишував по темите за деца зошто и после 3 ден од антибиотикот имаше температура..

    ЕДИТ: Малиот и јас бевме со загноено грло. Мм нема такво нешто.. тој кашла..
     
    Последна измена: 10 ноември 2021
  9. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.643
    Ланчано ги имате симптомите, плус намаленото железо и зголеменото црп се знаци. Требало уште тогаш да ви закажат тест барем превентивно.
    Амоксиклавот го препишуваат најчесто за гној на крајници, ама не делува против корона, затоа и температурата не се намалила.

    Штом не сте сигурни носете маски и пијте чаеви и витамини превентивно.

    Инаку мајка ми единствениот симптом што го имаше беше висока температура која одеше до 39, и никако не и се симнуваше, штом се истушира по кратко време пак и се качуваше. Сешто пробувавме и никако не спадна, утредента направи тест и беше позитивен.
    Нема правила..
    Затоа штом се појават и најмали симптоми најдобро веднаш тест, за да вака немаш сомнеж.
     
    Последна измена: 10 ноември 2021
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    2.579
    Ја намалив температурата бидејќи примав инфузија, а за нозете ме болеа мускулите и осеќав слабост.
     
  11. Melani3

    Melani3 Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2021
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден испаднав позитивна на ковид со температура, главоболка, малаксаност и кашлица. Докторот ми рече да пијам витамин Ц, Д и Цинк, пробиотик и изопринозон и ме пушти на снимање бели дробови и ми открија бронхопневмонија на едно крило..ми даде антибиотик панцеф да пијам ама нз дали да продолжам со изопринозинот од него пијам 3 пати по едно ама многу апчиња ми идат и се ми се расипа ,што мислите дали покрај антибиотикот пиевте и изопринозин дали да продолжам со се;(
     
  12. Melani3

    Melani3 Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2021
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
  13. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.445
    Допаѓања:
    19.317
    Како што ти кажал доктор така прави. На форум зар ќе бараш мислење. Значи не сама, не од Трајанка туку доктор како ќе ти каже. Ако во доктор не си сигурна утре спремање и на второ мислење на инфектолог
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    5.992
    Пол:
    Женски
    Melani3
    Немој да се плашиш, ќе помине, биди силна, после дожд сонце доаѓа. Знам, зашто и јас го поминав проклетиов вирус. Менувај мат. лекар или отиди на второ мислење од инфектолог ако не си задоволна од овој. Ако си од Штип можам да ти ја препорачам мојата мат. лекарка, таа ми го водеше лекувањето, мн задоволна сум од неа.
     
  15. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    5.042
    Пол:
    Женски
    Луѓе памет немам во главата. Пак качувам температура и поткашлувам. Сега мерев 38.3 имам.. Малиот е супер, нема ништо, вчера откако јас качив тт, на малиот му дадов Виранто сируп, превентивно, бидејќи пред само 3 недели многу беше болен и едвај оздраве. Денес ќе земам уште еден брз тест..
     
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.287
    Пол:
    Женски
    Па најверојатно си позитивна, баталете изолација и терајте сите 3ца заедно. Консултирај матичен, направете крвна слика, витамини и одмор и со лесно на сите.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    5.042
    Пол:
    Женски
    ми закажа матичниот ПЦР во понеделник. Денес ќе правам пак брз тест. Инаку мм многу се мачи, не пие ништо за температурата. Докторов му рекол да не пие ништо под 38.5 за да се бори телото. И јас не пиев денес, ама кога видов дека не можам за детево да се грижам ваква малаксана испив tylolhot и одма после саат време почнав да потам и добив малку сила да присоберам дома..
     
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.408
    Допаѓања:
    9.549
    Пол:
    Женски
    Џабе ги трошиш парите за брз тест. Стрпи се до понеделник за ПЦРот и однесувај се како да си позитивна, сепак имаш дома човек кој е веќе болен. Парите подобро да ги сочуваш за витамини, здрава храна или ако треба за некој лек зошто ќе ти треба се дупло од претходно. Температурата може да трае со денови, и ниска да е па ќе го исцрпи човекот. Не му советувал матичниот ваљда ич да не пие антипиретик? Па мислам за се треба да се има мерка. Температурата висока може да е знак дека има бронхопневмонија, не го се оставајте без контрола ни ти, ни тој. Одете до амбуланта на инфективна ако не се подобрува температурата (независно дали е викенд), ќе ве примат, ќе му направат снимки на плуќата, анализи, се што треба и ќе му кажат терапија соодветна. Тие знаат најдобро што да му дадат, а не матичниот. Маж ми имаше 13 дена температура над 38, пневмонија и на секои 2-3 дена одеше на инфективна на контрола. Терапијата му ја прилагодуваа на контролите ама за жал не реагираше на неа и решија да го примат за да му дадат со инфузија посоодветна терапија.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    5.042
    Пол:
    Женски
    Витамини во животов не сум пиела освен кога бев бремена. Од синоќа почнав. Антипиретици решив да пијам за да можам да се грижам за малиот, 18 месечен е, се надевам асимптоматски ќе биде. Кај него нема симптоми, вчера откако качив јас температура, и он кога кивна одма се јавив да донесат за него Виранто сируп и му дадов, и вчера и денес.
    Јас да земам ли виранто капсули за возрасни?
     
  20. ☆°Night°☆

    ☆°Night°☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2019
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    314
    Пол:
    Женски
    Девојки се работи за баба ми (72) личноста која ја сакам повеке од самата себе си. Имаше мозочен удар од кој успеа да се осамостои (се може сама да прави и сама живее), има и шекер. Во неделата крена температура, но бидејки не излегува од дома, корона не беше опција. Во средата и направивме брз тест испадна позитивна, а вчера и вистинскиот тест исто позитивен. Сатурацијата вчера и беше 98 скоро и да некашлаше, температура 37.4 можеби имаше само 2 часа во денот. Денес 5ти ден сатурацијата и е 92-94 малку повеке кашла но повторно не многу, а температура има пак сега вечер. Омалаксана вели дека е добро, но вчера беше подобра.
    Премногу ме плаши сатурацијата. Не сакам ни да помислам каков ке биде исходот од тоа да се испрати 72годишна во болница. Многу ми е тешко. Како да и помогнам, што да и однесам како да ја закренам? Се плашам.
    Вакцинирана е со 2 дози Астра Зенека