Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со коронавирусот – симптоми, лекување, совети од прва рака

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Cosmi, 13 ноември 2020.

  1. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Дали пие некаква терапија, витамини и чаеви?
    Крвна слика има ли проверено?
    Беше на доктор?
    Не дозволувајте да и падне сатурацијата, нека почне со терапија навреме, нека не се потпира на вакцините само.
     
  2. ☆°Night°☆

    ☆°Night°☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2019
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Пие антибиотик не сум сигурна кој уште од понеделникот, пие имуно кесички, чаеви, изблендирани моркови со цвекло и мандарини. Што може друго да се направи за сатурацијата?
     
  3. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    На природна база мислам дека ништо. :|
    Само нека лежи, да не се заморува, така паѓа сатурацијата.
     
  4. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Јас денес почнав Ивермектин, по 5 апчиња ќе пијам. Матичниов вика не знаел дали ќе имам ефект, скептик бил бидејќи веќе сум со симптоми, ПЦР имам во понеделник. Ама подобро нешто да пијам отколку ништо..
     
  5. Meddy

    Meddy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2021
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    482
    So pomin
    Od kade gi kupe ivermektinot i koja cena dali ima vo mk
     
  6. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Ми ги даде стрина ми. Купени биле од Зегин околу 300 ден. Не знам точно. Одамна се земени, пред некој месец ги имавме дома за превентива. Ќе проверам, ќе се распрашам дали уште ги има.
    Edit: Под име Ерметин е и имаш 10 таблети во пакување. Докторот рече 0.2мг на 1кг телесна тежина. Јас сум околу 65кг и пијам по 5 на ден.
     
    На Meddy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Meddy

    Meddy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2021
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    482
    Znaci 0.2mg na kg telesna tezina
    Ednas na den neli?
     
  8. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    После колку време правите рентген и дали правите обавезно? Јас сум денес 8ми ден, само еден ден имав температура и на 4ти ден изгубив мирис и вкус. Од завчера почнав да кашлам шлајм, дали ми е и од таа една цигара дневно којзнае.
    Матичнава вика за сеа нема потреба, на плуќа сум чиста да не се зрачам џабе.
    Ама и на мм му беше се супер па со пнеумонија заврши у болница и затоа ми е страв.
     
  9. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Консултирај лекар. Он така ми кажа по телефон, и ми прорачуна. Не сум јас лекар, те молам не земај на своја рака, треба пак да се види и колку корист би имала во зависност од тоа какви ти се симптомите. Ми рече дека сепак ако не бидам подобра ќе ми даде друго. На сопругот му кажа Фавиковир (Фавипиравир) бидејќи има полоши симптоми..
     
    На Meddy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.445
    Допаѓања:
    23.065
    Пол:
    Женски
    Подобро однесете ја на лекар или јавете се кај матичниот и кажете му дека и паѓа сатурацијата. Обично со сатурација под 93 ги праќаат пациентите на болничко лекување. Плус со температура е.
    Не мора да значи дека ќе ја хоспитализираат, но подобро да отидете отколку да ја чувате така.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ☆°Night°☆

    ☆°Night°☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2019
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Ништо не правиме без консултација со матичниот лекар. Денес е на снимање, па ќе видиме како ке биде.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Melani3

    Melani3 Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2021
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ne znam dali e od panika no na momenti imam oteznato dishenje, od vcera vecherta pocna taka, mnogu se plasham da ne mi padni mnogu nisko saturacijata, pa da e kasno posle, a nemam za merenje oksimetar doma ;( i momentalno kako da mi e potesko dishenjeto, vo ponedelnik sum na kontrola se nadevam ke izdrzam do togas, ama preplashena sum premnogu;(;(;(i paniki me fakaat i ne znam dali imam od tie paniki oteznato disenje ili od virusot ;(;(;(
     
  13. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Ако немаш за мерење спреми се и оди во најблискиот ковд центар. Не можеме да знаеме од што е, не е за издржување работава туку направи преглед. Пријател мој кога беше болен секој ден одеше амбулантски да го прегледуваат 15 дена.
     
  14. Melani3

    Melani3 Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2021
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Jas sum mnogu isplashena i panicharka mozebi e od toa denes sum podobro samo na momenti zemam podlaboko vozduh ..pred nekoj den pravev krvna slika- crp mi beshe 2.2, d-dimerite 210, saturacijata mi beshe 99 togas.. doktorot mi reche deka se vo red, me plashi samo sho na snimkata mi otkrija bronhopnevmonija na ednoto krilo desno dolu mal del zafaten, pijam antibiotik za to ama ete pocnav da citam i tuka drugi sluchaevi i uste povekje panika me faka i strav;(ponedelnik ke odam na kontrola, samo da pominat ovie teshki denovi ;(a i sho e najlosho od koga se vakcinirav se zapochna, so edna doza sum samo vakcinirana i po edna nedela ispadnav pozitivna;(
     
  15. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Позитивна сум и јас. Докторот вчера рече ивермектин, денес вели Фавиковир. Супер, едно пакување 4300 ден, а којзнае колку ќе треба за мене и сопругот... Туку ај то се налет нека оди.. Ама искрено се плашам за син ми. 18 месеци е, уште нема развиено симптоми, само често кива. Многу се плашам..
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    1.081
    Внука ми 9 месеци имаше 2 дена температура 38 и кашлаше и толку.. Не се секирај малечките полесно и побрзо поминуваат ❤️
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    1.081
    Апсолутно ништо да не читаш.. Серии, филмови, книги, било што, само тоа не.. Јас не отворив ниту еден форум, ниту една група по ФБ, статии.. ама баш ништо тој период. Нема ништо полошо од психата, а кога станува збор за ковид најбитно е да си позитивен и смирен и многу течности и витамини
     
    На Melani3 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Нели ивермектин го забранија и не се дава како дел од лекување низ светов? И кога почна да се дава беше пред развивање на симптом.
    Матичен ти го даде или инфектолог? Баш ме чуди. Сега скоро на Bloomberg ова го кажуваа.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Матичниот рече дека се сомнева дека би ми бил од корист. Ама јас дека немав симптоми го запнав да ми каже како се дозира. Еден ден пиев само. Сега ми смени со Фавиковир.
    Ти благодарам. Ме плаши бидејќи пред неполн месец (20 дена) се разболе, изгоре од тт, многу тешко поминавме, анксиозна сум веќе кога станува збор за него.


    Инаку да си ги кажам маките. Да ми олесни на душава. Веќе кажав се плашам за малечкиот ама искрено веќе и за сопругот се плашам. Синоќа беше со јака треска, со пролив, пиеше антипиретици, температурата не се намали. Ај тоа се среди по неколку часа. Контактираме доктори и искрено многу негативно ни влијаат. Ние се јавуваме да побараме мислења, совет, препорака, они страв ни влеваат. Ете сопругот го прашува докторот матичен за крвната слика овој му вели добраа е, ама не се радувај, рано е. Се слушнавме со уште тројца доктори, и тие не кажаа ништо позитивно и охрабрувачко, на сопругот му кажуваат црни сценарија, демек на 10ти ден тоа се случува, на 12ти ден вакви компликации, само го стресираат. Јас не се стресирам знам оти они си кажуваат од досегашно искуство со разни пациенти, ама сопругот е преплашен, само голта диазепами. Не му е потребен овој стрес. Ептен сум разочарана.. Се јавуваш на лекар да ти помогне, он те уништува психички. Не еден, четворица доктори.. Сите ги прашувам што да давам на малиот велат чекај де, може ќе биде асимптоматски, а ако не биде ќе сме виделе.. Така и мене само витамини ми препорачаа, после викат земи ерметин, ај па земи фавиковир, ама не знаеме дали ќе ти помогнат, може да е доцна, по на почеток се пиеле...
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Вака да ти кажам за ивермектин ти пишав дека не се пие бар во свет не се користи. Значи ако ми дал мене тоа матичен одма одам да барам 2ро мислење. И викаш телефонско зборите, а бевте во ковид амбуланта?

    Ништо не ве излажале, затоа што точно е дека 10ти ден е ризичен, ви кажуваат така за да не се опуштите и да си го сфатите ова сериозно. Со време на контрола во ковид центар, со време крвни слики, со време терапија и мерење на сатурација. Батали матичен и право на инфектолог. Ако си во скопје имаш опција државно или систина. Зависи од финансии...