Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со коронавирусот – симптоми, лекување, совети од прва рака

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Cosmi, 13 ноември 2020.

  1. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Не сме биле никаде. Не сме од Скопје. Сопругот завчера направи крвна слика, во ред беше. Утре и јас ќе правам. Докторите со кои се слушаме велат во Ковид центар влегување само ако стане крајно неиздржливо. Инаку дома да сме седеле.
     
  2. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Абе како така? Не ми се верува.
    Во ковид центар амбулантски преглед се прави секој ден т.е. инфектологот одредува на колку дена. Сите што ги знам што поминаа одеа на инфектолог бар 2 пати, а секој ден на матичен лекар.
    Мој совет не си играјте и одете на преглед. Не знам кои доктори ви се тие, ама секојдневно се апелира да не се седи дома и да се чека влошување на симптоми.
     
  3. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Не бе.. По телефон лечат. Не сакаат ни да чујат за прегледи. Во Ковид центар никој нема да не погледне ако не сме итен случај, или ако не ни треба инфузија.
     
  4. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Како бе така? Некој преглед мора да ви направи дали матичен или они. На плуќа да те чуе. Одете и инсистирајте. Тоа им е работа на ковид амбулантна.
    Ццц срамота
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Утре ќе одиме... ќе замолиме.. ќе мора и детето да го влечеме со нас... Мислевме прво едниот, потоа другиот за да има некој дома со детето ама ќе мора заедно...Сопругот не е способен да вози..
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Го убедивме матичниот да дојде. Нѐ наслуша и двајцата. На сопругот му даде упат за рентген, мене ми рече нема потреба. Кога му реков дека два дена сум само со затнат нос, изгубен вкус и мирис рече дека можно е да ми поминува веќе. Немам температура веќе трети ден без антипиретици. Пијам само витамини и Фавиковир. За детево се загрижи кога му реков дека кива и има мрсули. Ама рече да го следам сега за сега. Утре ќе правиме крвна слика и двајцата, а сопругот плус и рентген.. Само да биде на арно.. Потрошивме повеќе од 500 евра деновиве за лекови, витамини и помошни материјали.. Вака ако продолжи не знам што ќе се прави..


    Контактирам пријатели во Косово и барам Фавиковир таму, ако имате сознанија за цена ве молам известете ме, тука е прескап.. 4300 е кутивче, а двајцата пиеме...
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    :u:Готово .. Попуштив скроз.. Два панични напади во рок од 20 минути.. Син ми има благо покачена температура.. 37 е моментално. Знам дека не се смета за температура, ама ќе ја покачи... одбива храна, пие вода. Ќе умрам од грижи, многу плачам не можам... не можам да го издржам ова.. детево цел октомври го помина болен, два пати беше на антибиотици.. Еве после 10тина дена и Ковид.. Многу се плашам и се грижам... ;(;(;(;(
     
  8. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.575
    Не се плаши, не е ништо страшно според ова што го читам ти и детето сте сосема во ред. Пијте повеќе цедени портокали и лимони и многу чај и вода сите тројца. Витамини ц, д3, цинк и магнезиум вие двајцата. И само смирено зошто се паничиш ако треба ќе појдете деновиве на преглед до ковид амбуланта да ве преслушаат. Ќе видиш се ќе биде во ред.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    15.455
    Нема потреба за паники. Ќерка ми беше 10 месеци кога беше позитивна на корона. Ја помина полесно од обична настинка. Само да дена имаше темп до 38.5 и благи симптоми на настинка.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Благодарам. Сите така велат. Веќе 20тина дена давам Бимунал. Откако сопругот доби позитивен тест започнав и со виранто сируп. Матичниот вели доволно е, ама иам дома капки витамин Ц му давам и од тие. Друго што да му вклучам? За храната не можам да се разберам, иако е мал сепак ми турка лажици, цел ден се нервирам. Правев шпагети со мевце, не ги сакаше, му направив супа со мевце и зеленчук, само ја проба и рече НЕ, а од шкафче си вади бисквити, соленки, на татко му од рака му го зеде морковот, две залчиња банана изеде... Течности пие, весел беше, до 37.3 само се покачи. Сега заспа.
     
  11. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    15.455
    Јас никаква терапија ниту витамини давав. Штом пие доволно течности и е весел, супер е. Добро е и што барем нешто сака да јаде. Во такви моменти што сака тоа нека јаде барем да не е без ништо.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    И јас така се тешам. Да јаде по нешто. Само се нервирам бидејќи пред 20 дена кога правевме крвна слика хемоглобин имаше 101.. Морам да му јачам и крвна слика.. ама тоа е.. се надевам ќе останам добра и ќе можам да се грижам за детево и за сопругот.. Еднакво се плашам и за двајцата..

    И пак да се испукам. Неам ништо против докториве, ама здравствениот систем е многу за никаде.. сам ако не си замолиш, ако не запнеш не можеш да дојдеш до помош.. утре ќе видиме на што сме. Сопругот многу кашла, постојано му е висока температурата и треска има. Плус пролив.. Целосно ќе го истошти.. Лекариве само Линекс форте даваат, а не помага, па на своја рака земавме ентрофурил таблетки...
     
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.962
    Допаѓања:
    179.658
    Ај смири се малку. Уствари многу смири се. Диши. Полека.
    Живеам во странство, колега беше позитивен од предминатата недела, никаков доктор не го виде, никакво испитување не направи, никаков антивиротик не доби, антибиотик уште помалку. Штом имате мало дете, претпоставувам млади сте. Значи, нема потреба да се влечкаат сите по доктори, ете ве видел доктор, нека оди мажот ти сам. Апчиња на своја рака никако, ќе напраите беља. Вирус е, мора некако да се исфрли, да, со температура, со потење, преку столица. Башка тој фавирата, појма немам што лек е, може да делува на столицата. Не смее да мешате апчиња и не смее на форум да се лечите.
    За фавира не сум чула, за ивермектин сум чула. Ќе постирам некој линк во некоја тема утре, ама мислам лекот е добар. Одлични лабораториски резултати за ковид, мислам 81 клиничка студија, цело време се потиснува и се забранува оти нема од него профит. И лекарите се збунети и не им е јасно што да даваат кога им велат да не даваат. И искрено, мислам добар доктор имате, оти сум чула повеќето шибаат антибиотици, требало, не требало, а од тоа што корист не знам.
    Сите ќе бидете добро и брзо ќе го поминете, само смири живци и одмарајте.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Не можам да се смирам. Бевме во Ковид Центар, два часа чекавме 60 луѓе до доктор за да дојдеме. Распоред, координација нула. Крв земале од 9 до 10 само. А упати треба да ни издаде докторот за да не боцнат, а за кај докторот редици. Кој стигне на ред стигне, кој не утре пак нека чека. Влеговме кај доктор, ради реда нѐ наслуша, ни провери сатурација и пулс. Се дереше зошто сопругот пиел парацетамол, не требало ништо да пие, да трпел. Ние му објаснуваме симптомите какви се, колку треска има и температура и дека не може да издржи. Он пак неговото. Упат за крвна слика обична ни даде, му велиме дај ни и за д димерите и за црп, не ни требало тоа. Едвај се убедивме да ни даде упат за се комплет. Отидовме не боцнаа, на сопругот му се направи топче на вената (ваљда хематом се вика) и сега он уште толку почна да паничи, на допир болело, му било страв од тромбоза, се јави на доктор да праша, докторот вика да, можна е тромбоза, ни кажа да мачкаме хепатромбин.
    Луѓе полудев!! На приватно 50 евра ќе дадевме за проклетите крвни слики, а доктор и не морало да не види, и онака ништо не кажа. Не се малку 50 евра ама јебига се измалтретиравме со мало дете се изначекавме и си дојдовме претепани, сопругот едвај стои. Плус и тоа топчето на раката... Мене животот ми се скрати со Ковидов.. аман нека заврши
     
  15. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.924
    Допаѓања:
    3.862
    Loso e bocnat, mene isto mi se sluci pred nekoja godina a nikogas sum nemala problemi so bockanja ama loso me bocnaa i si ima modrica i otoce so nedeli :(
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.169
    Допаѓања:
    8.481
    Пол:
    Женски
    Линексот е слаб, лимонада е. Земи подобар пробиотик. Со мм еве Провен од зегин, за возрасни мислам дека ни е подобар. Ентерофурилот е антибиотик, чисти и добри и лоши бактерии од цревата. Мислам дека во ситуација кога се работи за вирус, само дополнително ќе му ја уништи цревната флора. Не му го давај ако не ви го препишал доктор. Те читам сега за патешествијата. Истото го поминва пролетва во Скопје. Секој 2-3 дена одевме на контрола на инфективна. И секое одење беше истото чекање. Барем докторките беа љубезни кај нас :(. Исцрпувачки е многу за сите, ама без контрола не смееш да се оставиш кога гледаш дека не се опоравува. Гужва има зашто се многу луѓе болни во моментот, а докторите се нервозни зошто се преоптоварени. И да, системот ни е заникаде, не ги кривам ни докторите, но не се криви ни пациентите, па да им се истураат на нив и да им се дерат. Маж ми пиеше се живо и диво за температурата, зошто 13 дена не можевме да ја спуштиме под 38. Креваше и над 40 . Се раководевме по тоа што него му помагаше. И на инфективна при контролите никој не му рече зошто си пиел едно, а не друго апче за температурата. Само добивме упатство да се напие само за темп. повисока од 38 (него така му беше нон-стоп, дење ноќе) и тоа кога ќе достигне максимум тт и ќе престане да расте. Значи да оставиме да се искачи до колку што ќе оди, па тогаш да се напие апче. Зошто и да го испие порано, дур е пониска, дури има треска, таа ќе продолжи да се качува ако организмот решил да се бори. Кога ќе стигне до максимумот, кога ќе му биде жешко тогаш да се напие, и да се обиде да се препоти. Тоа беше советот.
    Не се плаши за слабиот апетит на детето, битно е течности да пие. Хемоглобинот и кај нас беше низок, тоа после ќе го решаваш, откако ќе оздрави. Треба време за да се крене. И треба суплементи со витамини, особено кога веќе имаш симптоми на ковид се препорачува се додека не се опоравиш да пиеш поголема доза од онаа што ја пиеш обично. Значи никој доктор не ни рече да ги баталиме суплементите. Напротив, и на маж ми и на син ми му ги зголемија дозите. Ни кажаа лекарите колкави дози се потребни соодветно на возраста нивна. Д-димери ние проверуваме на неколку дена за мм. Докторите му викаа штом немаш од почетокот најверојатно нема да имаш ни после, ама не беше така. Цело време му беа во нормала и дури на 14 ден од појавата на симптомите, кога му спадна температурата и кога веќе беше во болница му измерија околу 900. Му даваа клексани во болница уште пред да ги добијат резултатите. А знам и роднина кој после 48 часа од појава на симптомите имаше високи Д-димери. Дома се лечеше со клексани. Значи секој реагира различно и треба да се следи.
    Бидете силни, ќе помине. Бидете сталожени, не паничете. Ви треба ладна глава за да носите правилни одлуки околу лекувањето. Барајте второ, трето мислење ако треба. Најди искусен специјалист, нека му ги види резултатите кога ќе ги добиеш. Факт е дека треба сам да буташ глава, да прашуваш, ние го правевме истото.
     
    На DaisyDoo, DarkStormm и Biljarkata им се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.616
    Допаѓања:
    39.151
    Пол:
    Женски
    А зошто бевте во ковид центар а не кај матичен? Кај матичниот сигурно нема никој, ќе завршите за брзо.
    Подобро одмарајте, тоа чекање со саати уште полошо ќе ви направи.
    Инаку топчето не е страшно не се секирај.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Матичниот вчера дојде да не види. Ама за крвна слика мора да се чека во Ковид Центар доктор да те прегледа и да даде упат за крвна слика таму да направиш..
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.616
    Допаѓања:
    39.151
    Пол:
    Женски
    Хмм, јас кога бев болна уште февруари-март периодот матичната ми даде упат за крвна слика во поликлиника и таа исто така ме прегледуваше.Ни еднаш не бев во ковид центар.
    Можеби смениле, ама ова само измачување е вака.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.169
    Допаѓања:
    8.481
    Пол:
    Женски
    @DarkStormm Факт е дека треба да одмараат, ама подобро е да направат контрола особено кога гледаш дека не оди на поарно. Со ковидов не треба да се чека да биде полошо. И матичниот има граница до кај може да помогне. Ако препишаната терапија од него не делува, се оди на специјалист.
     
    На Skorpija25 и DarkStormm им се допаѓа ова.