Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со коронавирусот – симптоми, лекување, совети од прва рака

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Cosmi, 13 ноември 2020.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.644
    Допаѓања:
    39.332
    Пол:
    Женски
    Да, секако ако има потреба мора на специјалист, ама зборев за најобичен преглед.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Да во право сте и ти и @Cosmic Girl значи не можеш да бидеш паметен. Не знаеш кој пат да го фатиш. Прво немаме специјалисти. Немаме инфектолози. Еден епидемиолог е. Не можеш да дојдеш до него. Во ковид центар има пак општи лекари, интернисти, гинеколози и педијатри, кој стигне врши прегледи. Значи ви кажувам нема персонал болницата и секој доктор е ангажиран, ротираат постојано.. хаос е.. финансиски до денес сме оптеретени 600 евра.. За една недела.. Не ја рачунам храната. Само лекови, испитувања, суплементи.. А на приватно крвните слики ќе коштаа многу... не сакам ни да помислам што би се случило ако ни е потребно престој и терапија болничка.. Во ковид центаров кога видов колку им е смачено на докториве, не би сакала да влеземе пак..
     
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.644
    Допаѓања:
    39.332
    Пол:
    Женски
    600 евра? :o

    Со каква клиничка слика сте, имате ли тешки симптоми штом толку пари сте потрошиле?
     
  4. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Сопругот е со потешки симптоми. Јас со полесни. Меѓутоа пиеме Фавиковир. 70 евра е едно кутивче. А едно кутивче двајцата го пиеме за 2 ипол дена, по шема. Мултивитамини добри исто не се ефтини, јас ете земав од 2400 ден(40 евра) сопругот зеде повеќе одделно да пие поголеми дози и чинеше многу повеќе. Крвни слики на приватно за двајца е 50 евра, тоа еднаш само правевме.. Затоа денес во Ковид центар дремевме за бесплатно..

    Едит: Да не ги бројам поефтините работи, парацетамоли, аспирин, алгофрен од Грција, различни лекови за пролив, пробиотици, чаеви, природни масла, не знам какви додатоци..
     
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.644
    Допаѓања:
    39.332
    Пол:
    Женски
    Мултивитамини ти се само маркетинг.Доволно е како додаток витамин д, друго сѐ се внесува преку зеленчук и овошје.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  6. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    3.596
    Пол:
    Женски
    Ццц страмота.
    После умирале луѓе. Епа не секој има пари да плати толку многу за лекарства.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Нема апетит човекот. Едвај сосила јаде. Пред тоа не пиевме толку. Сега земавме..
     
    На Angie1432 и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  8. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Па немаме и ние, месечни плати не стигаат за сметки. Ова е од заштеди што сме тргале на страна, од на детето што му чуваме парички, нашите по нешто ни помагаат со храна, со намирници. Еве сега порачавме од Косово фавиковир, не можеме тука да го плаќаме дупло, таму е 42 евра...
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    3.596
    Пол:
    Женски
    Се печалат пари, не се грижи. Здравјето е најбитно само треба некој да се запраша, да потегне иницијатива да се намалат овие лекарства што се за короната лечење ама излега им одговара да бидат поскапи.
    Те читав и претходно, многу си под стрес малце смири се за да можиш да функционираш оти му требаш на домашните.
    Позитивни мисли само и се ќе биде во ред:hug:
     
    На Biljarkata, Cosmic Girl и DarkStormm им се допаѓа ова.
  10. Brinetka

    Brinetka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    8.059
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам какво искуство имате со овие брзите тестови од аптека, посебно од зегин? Колку се точни?
     
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    76.318
    Пол:
    Женски
    Точни се. Оди во темата за тест за корона. Синчето денес ми е со потврден тест во лабараторија позитивно. А утре и јас ќе правам. Позитивни сме на тие од аптека.
     
    На mal.ecka, DarkStormm и Brinetka им се допаѓа ова.
  12. Brinetka

    Brinetka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    8.059
    Пол:
    Женски
    Јас правев прегеска, излегов негативна ама симптомите ги имам и ме зачуди кога покажа негативно. Со помин и на двајцата, само со лесно да поминете :angel:
     
  13. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    872
    Допаѓања:
    1.087
    Ццц врска нема..Матичен лекар може да ви издаде упати. Нас матичниот ни даваше упати за Идадија за крвна слика со црп, д димери и лдх и чини 250 денари. Првата крвна слика со овие параметри ја правевме во Авицена и таму чини 1450 денари.
     
    На DarkStormm и Angie1432 им се допаѓа ова.
  14. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Не сме од Скопје. Така рече. Во Ковид центар крв проверување, не сме смееле да се шетаме низ болницата и низ лабораториите. Е сеа ако сакаме на приватно можеме кај сакаме, на државно не, само во Ковид центар.
    Првата крвна слика сопругот ја направи на приватно 1500 ден.
     
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    76.318
    Пол:
    Женски
    Фала ти, ние сме сите дома позитивни... Јас и двете дечиња имавме прееска жар две линии на тие од аптека, синчето е лабараториски потврден и јас утре ќе се тестирам со пцр... Маж ми минатата недела со бледа цртка беше, кашлаше он, ама сега е добар. Фала :hug:
     
    На mal.ecka, Brinetka и DarkStormm им се допаѓа ова.
  16. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Добри да бидете! Колкави се дечињата?
     
  17. Aronika

    Aronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Зошто мене не ми го препишаа овој лек Фавиковир кога бев болна прв пат слушам дека го даваат. Каков тип на лек е?
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    76.318
    Пол:
    Женски
    Фала! 6ипол и 4год и со изразени симптоми се, висока температура едното до 40, другото не толку висока ама има... и кашлаат и двајцата. Бевме на лекар, имаат терапија и двајцата.
     
    На mal.ecka и DarkStormm им се допаѓа ова.
  19. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Антивирален лек некој.
    Мали се. Веројатно брзо ќе им помине. Не би требало да ги држи долго..
     
    На Aronika и mariz им се допаѓа ова.
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.192
    Допаѓања:
    8.607
    Пол:
    Женски
    Абе не дека не може да ти даде упат за д-димери и се што треба ама проблемот е таму каде што ќе одиш кога ќе завршиш работа, зошто има гужва. Во Идадија како поминавте? Кога има многу болни, кога е „бран“ тие лаборатории се преоптеретени.
    Памтам пролетта во Јане Сандански не беше така лесно брзо да направиш анализа преку фондот. Со закажување термин за боцкање, кој може да биде за неколку денови па одиш таму во гужвата. Мислам дека беа ограничени во некои 2-3 часа кога работат со ковид позитивни, пошто една лабораторија е за сите пациенти и останатите се во друг период во денот. Кога се тестирав на бит пазар за ковид преку фонд, со мене чекаа на студ надвор пред врата еден куп народ за д-димери да проверат. На куп сите - и за тест и за крвна слика. Кој болен, кој сомнителен на ковид, кој не знам што..Да не зборам па за резултатите ако треба пак одење, пошто не ги праќаат сите на твојот приватен мејл. Кој има зорт, или не сака да чека, ќе си оди приватно и ќе си плати.