Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со коронавирусот – симптоми, лекување, совети од прва рака

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Cosmi, 13 ноември 2020.

  1. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    ЦРП секогаш се покачува кога си болна, и при вирус. Важно е да не е високо.
    Не се плаши, мисли си дека е само уште една настинка. Пуштај си филмчиња и мозок на пасење. Земај се што е потребно за лечење вирози и само позитивно гледај, поголем процент луѓе го прележале без никаков проблем.
    Денес како си?

    @цвет88 јас не верувам дека може да се заразила ако немала контакт со него. Контакт во разминување не е контакт. Освен ако не делат иста канцеларија.
     
  2. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    21.686
    Пол:
    Женски
    Не не, не се воопшто цел ден заедно.
    Она оди, они излагаат, она останува со дечињата. Не се ни ракуваат, не ни седат еден до друг воопшто. Еве 5-10 минути да трае да се заедно во просторија со дистанца нормално.
    Страв ми е дека е со стент, вакцинирана е. И они исто се вакцинирани.
     
  3. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Не би требало. Јас лично (ама тоа сум јас :) ) ич не би се плашела.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    21.686
    Пол:
    Женски
    А имаш појма после колку дена(рачунајќи од вчера) да ја тестирам пак?
    Среќа што се одговорни па ете одма ја тестирале и неа и децата(сите што се виделе со него деновиве). Денес се изолирани од него нормално.
    Едит: она си пие редовно аспирин 100 од ставање на стентот.
     
  5. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Па почекај бар 3 дена. Или почекајте дали воопшто ќе има симптоми, не давајте пари залудно.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.570
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    Фала ти душо.
    Добра сум фала богу.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.103
    Пол:
    Женски
    Многу пати кај мајка ми на работа имаше позитивни и фала богу никој не се зарази, затоа што сите носат маски и се на дистанца, така да не верувам дека има некаков ризик и кај мајка ти.
    Последен случај пред две недели исто имаше позитивен колега но ни тој не зарази никој.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Јас од сопругот се заразив. Тој прв покажа симптоми, после пет дена и јас ги имав првите симптоми. Ете свекрвата му мереше притисок првиот ден кога не знаевме дека е корона, ама не се зарази ниту таа ниту другите. Сопругот се зарази од колега, после нив двајца уште тројца беа позитивни во таа канцеларија. Јас пред да појавам симптоми одев на работа, никого не заразив.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Јас бев позитивна уште на 23ти сеп.
    Овие неколку дена не можам да дишам, имам болки и стегање во плуќа.
    Претходно не ме снимаа зошто сум доилка, сега не знам, би сакала да видам што и како е.
    Како е со термини?
     
  10. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Ќе ти најдат термин, контактирај матичен. Овде кај што живеам после 12ч снимаат само Ковид пациенти, има термини за нив секогаш. До 12 одат здравите. Прашај си, не оставај така. Пост ковид можно е да се јави проблем. Јас пред 10 дена бев позитивна, но не бев на ртг бидејќи немаше индикација. Денес ќе одам на крвна слика, ми рекоа дека после две недели пак мора да проверам.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Да не имаш причини за нервози? Паничен напад?
     
  12. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    istoto go imam i jas,a prelezav kovid avgust mesec
     
  13. lolipoppp

    lolipoppp Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2020
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    169
    Прележав во март, еве од вчера кашлање и течење на нос, а и температура како да имам.. Повеќе ми личи на настинка бидејќи не осеќам никаква омалаксаност и болки во телото како кога бев позитивна.. Паничарка невидена сум па незнам дали би имало простор за паника :^)
     
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.239
    Допаѓања:
    76.252
    Пол:
    Женски
    Дали рентген правите сите? Јас имав кашлица сува неколку денови, еден ден и без прекин кашлав се расцепив, на слушалка бев добра. Деновиве кашлам влажно и тоа навечер само, доста чудно звучи и одлепувам шлајмови, значи можно е сепак да сум имала малку залепено доле.. Незнам дали да направам еден рентген..
     
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.931
    Допаѓања:
    123.476
    Јас не направив.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.239
    Допаѓања:
    76.252
    Пол:
    Женски
    Ни сестра ми знам не правеше кога прележа, ама се некој од страна ми вика да сме се снимале. И што ако имам спуштено или во фаза на поминување? Крвната ми е океј, јас не би правела :?: Само Димери ќе проверам пак дека ми беа на почетокот кога правев 680 и не пиев ништо.
     
  17. Irimiri

    Irimiri Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2021
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Осми ден сум позитивна и многу кашлам. Ме слушнаа и немам ништо на гради ама не можам да направам рентген снимки затоа што сум бремена. Мислам дека сува кашлица имам ама почнувам да се загрижувам сериозно. Дали може да настанат некои компликации од кашлањето И дали има некој природен сируп или домашен лек за смирување кашлица? Пијам чај од кромид ама не помага и чај од ловоров лист.
     
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    8.479
    Пол:
    Женски
    И на слушалки да те слушне лекар ќе знае дали имаш спуштено, не се плаши, добро е што те слушнале. Нека те слушнат пак за некој ден. Ако те дразни од грло и те тера да кашлаш можеш да пробаш со прополис, мед и лимон, или чај од препечен шеќер.
     
    На Irimiri му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.653
    Допаѓања:
    79.521
    Пол:
    Женски
    Хербион сируп од тегавец. Тој мене ми помогна за сува кашлица. И чај од бел слез.
     
    На Irimiri му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.239
    Допаѓања:
    76.252
    Пол:
    Женски
    Јас не се снимав, а кашлав како тебе еден период. Глава ми тежеше од напињање од кашлање, како зимав воздух на испуштање кашлав. Еден ден со дијазепами заспав зошто се исплашив многу и се тресев, кашлав 15мин без прекин на 2сек и плус повратив шлајм... Крвната ми беше добра, црп океј и затоа не ме пратија на рентген. Ми помагаше чајот од ловоров лист и млеко со прегорен шеќер и путер. Плус маж ми ми грееше ракија и ми ја ставаше на грлото со крпа, пробај тоа...
     
    На Irimiri му/ѝ се допаѓа ова.