Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со коронавирусот – симптоми, лекување, совети од прва рака

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Cosmi, 13 ноември 2020.

  1. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Прашање до оние кои го поминале вирусот со полесни симптоми (без температура, со можеби воспалено грло, затнат нос, губење на мирис) - Дали земавте Аспирин секој ден? Матичната ми спомна дека нема потреба но сепак сум загрижена околу можноста за тромбоза.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MAJA BITOLA

    MAJA BITOLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Здраво! После испиена една доза антибиотик кога правевте крвна слика повторно?
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.145
    Допаѓања:
    67.344
    Пол:
    Женски
    Јас не. Немало потреба.
     
    На Arja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Здраво. Дали има кај некој од вас да исчезни температурата после 3 ден, и еве сега на 6 ден повторно температура до 37.8
    Не знам колку е аларматно, зашто малку се чувстуваше мажот ми подобар, но сега пак се враќа температурата.
     
  5. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.771
    Пол:
    Женски
    Нормално е да се враќа температурата, тоа е добар симптом. Доколку може да издржи без лекови да ја намали уште подобро.
    @Arja Нека пие по еден аспирин протект од 50 мг. околу една недела, вечер пред спиење - никако на гладен стомак. Ако примети дека му прави проблем на стомак нека прекине и ако е склон на крварења тогаш не се препорачува.
     
    На Arja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за мислењето. Патем за себе прашувам, јас сум таа со симптоми моментално дома и се надевам така и ќе остане и ќе ги одмине моите. Планирам да ја прашам и матичната за ова, скрос изумив денес.
     
  7. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    754
    Пол:
    Женски
    Да, со член на моето семејатво се случува моментално тоа, имаше неколку дена температура околу 38 степени, 4 дена беше без температура, па од вчера, еве и денеска, пак почна да качува температура 37.8/38 С. Инаку е на домашно лекување со лесни симптоми, и е веќе 15ти ден со симптоми.
     
    На Magic13 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Flower123123

    Flower123123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2016
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    624
    Пол:
    Женски
    Антитела со 1.18 податок, сигурни се во наредниот период и до кога би биле сигурни? Мал износ, но короната била присутна од далеку што би се рекло, помина со помали симптоми.
     
  9. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Исплашена сум бидејќи кај мене не се повтори температурата т.е имав 3 дена покачена тт, после тоа не се покачи воопшто. Чудно ми е што кај мм таман мислевме ќе биде ок бидејќи неколку дена се нормализира, еве сега пак по старо. Изгледа вирусот е многу подмолен, до крај не се знае како и што ќе биде.
    Само сите да поминуваме лесно.
     
  10. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.771
    Пол:
    Женски
    Најважно е да си следите состојба и да НЕ се плашите. Вие сепак си го познавате телото најдобро. Инаку оние што качуваат температура полесно минат понатаму.
     
    На Magic13 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.905
    Допаѓања:
    4.010
    Пол:
    Женски
    Поминати се 20 дена немав никакви симптоми освен губење мирис и вкус кои полека ми се враќаат... можам да излезам од изолација веќе? Страв ми е за тие околу мене
     
  12. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    До кога ти важи решението за изолација? Јас би ти препорачала, доколку си во можност, да направиш уште еден тест. Секако ќе треба да го платиш на приватно. Со сигурност знам дек Синлаб доаѓаат до дома и ти земаат брис за тестот доколку си се уште во изолација (што претпоставувам дека не си штом спомна дека се поминати 20 дена) така што може да се обидеш да ги контактираш за домашна посета. Друг начин да дознаеш нема.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    Која сатурација е веќе алармантна, и е потребно кислородна подршка?
     
  14. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    754
    Пол:
    Женски
    Кога е најдобро да се направи повторен тест, за да се види дали сеуште има присуство на вирусот во организмот. Поминати се веќе 20 дена од појавени први симптоми, човекот се чувствува добро, но поради околината за сигурност сака да направи повторен тест. Претпоставувам дека после поминати 20 дена веќе неможе да се пренесува вирусот, но сепак дека има контакт со ризични групи, па сака да се тестира.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Flower123123

    Flower123123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2016
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    624
    Пол:
    Женски
    Имате ли искуство со антитела вредност 40 COI, поминат е вирусот, некои резултати, кажуваат во декреи се мерат, колку COI има декреи и сл не сум запознаена, ако знае некој нека пише.
     
  16. lipstickmadness

    lipstickmadness Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2014
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, јас и партнерот сме позитивни и денес е 6ти ден од појава на симптоми. Од симптоми и кај двајцата првите денови омалаксаност и покачена температура до 37.5-37.8. Тој е подобар кај мене се префрли на стомак, гадење, дијареа а и дополнително се осеќам доста анксиозно(не знам зошто).. Кога почнува да се подобрува ситуацијата ?:( Инаку сум млада имам 24 години, до сегс немам пиено ништо за анксиозноста, се мислам дали да земам диазепам од 2 мг, може ќе ме смири малце а со тоа и гадењето ќе ми се смири
     
  17. butterfly *_*

    butterfly *_* Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2015
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    304
    Пол:
    Женски
    Pod 94
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Прво сакам да ви посакам побрзо оздравување! Без паники, тоа е што е. И јас сум во иста каша, позитивна од петокот со губење на мирис но со сомнение дека симптомите почнале од петокот пред тоа кога имав болки во грло и затнат нос.

    Најважно е да знаеш дека кај секого е индивидуално и вакви прашања најчесто остануваат без одреден одговорот. Добро е што симптоми се благи и не е потребна паника. Се слушаш ли со матичната секојдневно? Каква терапија ти е препишана? Јас лично земам само Витамин Ц и Витамин Д од 1000 мг, покрај мултивитаминот и Омега-3 кои ги земам и онака секојдневно. Консултирај се со матичната што да земаш од витамини како и терапија за останатите симптоми на анксионзност и дигестивни проблеми кои ги чувствуваш. Дијазепам од 2 мг не е ништо страшно но сепак е најдобро матичната да потврди пред да започнеш со терапија. Пробај релаксирај се и искористи го времето со твојот партнер. Доброто е што сте заедно во ова. Млади сте, верувам ќе го пребродите ова. Доколку ти треба некој за муабет, ти стојам на располагање во секое време. Имај убав ден и со лесно!:f:
     
    На sunmoonstars му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    754
    Пол:
    Женски
    Така е, многу точно кажано, еве кај нас во фамилија пример татко ми, ја излечи пневмонијата, помина температурата и малаксаноста, но психата го убива, толку многу испаничи и се исплаши, започна да му се појавува проблем со уринирање, празнење на црвата, што донекаде било нормално после прележан вирус на неговите години, да има пробем со дигестивниот систем. Тој сега си намислил во главата дека има сериозен проблем со дебелото црево или желудникот, па и дека вредностите на црниот дроб после примање на антибиотици му се високи, мисли дека е сериозно болен, и е под голем стрес и страв. Само смирено кај сите, психичката состојба е многу битна за побрзо закрепнување.
     
    На Arja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lipstickmadness

    lipstickmadness Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2014
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Фала ти премногу на одговорот. Сега се чувствувам многу подобро и сум со многу попозитивен mindset. Се слушнав со матичниот денес и ми препиша да испијам една доза сумамед бидејќи секој ден качувам температура (до 37.5), инаку од витамини и јас земам витамин Ц и витамин Д, почнав и со виусид меѓутоа ми прави киселини и ке го прекинам. За анксиозноста доколку имам потреба ќе земам од лунербата која е на природна база. Како и да е, и ова ќе помине, се трудам да мислам на сите убави работи кои ме чекаат во новата година. На сите нека ни е со лесно :sun:
     
    На Arja му/ѝ се допаѓа ова.