Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со коронавирусот – симптоми, лекување, совети од прва рака

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Cosmi, 13 ноември 2020.

  1. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.306
    Пол:
    Женски
    Hm одамна прочитав на форумов нешо слично ко твојов проблем( сменет број) и сугерираа да
    звони на мој термин 0215444 … види, пробај звони им
     
  2. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    8.501
    Пол:
    Женски
    Без разлика на законот? Затоа што нашата болница исплаќа 100% ама на другарка која е во Рамстор, и скинале. Ми рече сменет бил законот сега.

    Затоа прашувам пошто сум прашалници.
    Ем на работа ќе го добиеш вирусот, ем ќе ги изложиш дома твоите на ризик и уште и да ти скратат.
     
  3. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    8.501
    Пол:
    Женски
    Не прави. И да го направиш ќе ти покаже пак позитивен. Pcr останува позитивен до 17ти ден најмалку.
    Кај некои и по два месеци.
    Направи си цел пакет анализи знаат докторите што треба хепатални ензими, димери, серумско железо и феритин, (ако си потешка кл. слика и интерлеукин,) седиментација, глука, црп, креатинин, уреа, крвна слика, она најглавното.
     
  4. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    8.501
    Пол:
    Женски
    Антибиотик ама тоа мора да одреди доктор не на своја рака. Обично пеницилински препарат, јас користев макропен бидејќи е нешто послаб.
     
  5. katica2001

    katica2001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Дали да земам парацетамол со температура 37.5 или да почекам во случај да се качи повеќе. Цел ден со коронава ми е иста температурата.
     
  6. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.017
    Допаѓања:
    40.347
    Пол:
    Женски
    Согласно закон работодавачот има право како и за секое боледување да скрати. Одлука на фирма е дали ќе скрати или не.
     
    На simoncelicius и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.935
    Допаѓања:
    26.202
    Да, може да ти кратат, најчесто кратат. Ретко е 100% да исплаќаат.
     
  8. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Немаш потреба до 38.5
     
    На katica2001 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. katica2001

    katica2001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Не земав и само ми помина без ништо сега сум како нова :)
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  10. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    12.614
    Пол:
    Женски
    Дали некој друг има тахикардии после корона? :^)
     
  11. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    1.101
    Пол:
    Женски
    Dali nekoj od vas ili vas blizok ja pominal samo so 37.4 samo 2 dena i silni bolki vo teloto (celo telo)? Pomagase samo ketonal. Nisto drugo ni nos, nisto bukvalno.. Kontakt so zabolen lred 7, 8 dena. Falaa
     
  12. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.001
    Допаѓања:
    14.222
    Пол:
    Женски
    Вртоглавици после ковид некој?
    Знам е општо прашањето, ќе си проверам се ама сепак како искуство
     
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Дали се усвои предлогод решение за прележани да важи 6 месеци?
     
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.501
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Неделава ќе биде предлогот на седница на Влада, мислам во вторник.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. NPN

    NPN Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2015
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    482
    Пол:
    Женски
    Препорачајте нешто против болки во грло... не можам да голтам..
     
  16. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    679
    Допаѓања:
    4.744
    Пол:
    Женски
    Lysobact complete spray-спреј за уста... Го користев кога не можев да голтам, од загноени крајници... И на синот му го препиша овој педијатарот кога имаше проблем со грлото.
    Ако можеш и исцедени лимони без или со малку водичка да пиеш повеќе денови последователно, мене и тоа ми помага...
    Ајде, побрзо да помине...
     
    Последна измена: 13 февруари 2022
    На NPN му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.501
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Ај ќе прашам овде, поактивна е темава од таа за тестови што е :D

    Дали во аптеките во Мк може да се најдат некои други тестови освен Nasocheck на Lepu Medical од Еурофарм и Realy од Зегин? Алпифарм мислам го имаат овој Назочек. А во ПлусФарма и Бети аптеките, кои се достапни таму?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  18. blablabla1234

    blablabla1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2021
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Машки
    Јас ефтино поминав со вирусов. Немав симптоми ОСВЕН тоа што многу чудно се чувствував. Тука бев со паметот ама и не бев во исто време. Бев свесен за се околу мене ама и во исто време не знаев ништо. Како амнезија да имав. Ептен чудно. Имав еден ден вртоглавица ама ми пројде и после тоа ова ми се случи. Ептен језиво. Вчера баш се разбудив од попладневна дремка и бев како паднат од Марс иако сум негативен на вирусот некое време...
     
  19. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.459
    Допаѓања:
    9.129
    Пол:
    Женски
    Има и други тестови, ама сите што сум ги сретнала досега се произведени во Кина.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.223
    Допаѓања:
    11.248
    Пол:
    Женски
    Дечки, некој ако знае да ми каже малку повеќе околу пост ковид фиброза на двете белодробни крила. Најдов тема на форумов за цистична фиброза, но тоа е сосема друга дијагноза.

    После прележана пневмонија и цитокинска бура, на пациентот му останува сериозно оштетување на белите дробови. Препорака од докторите, во домашни услови да пие Кверцетин (Quercetin) наводно за подобрување т.е за повлекување на фиброзата и да се прават дополнителни вежби за да ја вежба плуќата.
    Не сум медицинско лице, ама се' што прочитав на нет е дека нема назад, нема чаре за фиброза.

    - Значи ли тоа дека цел живот ќе има потреба од кислород? (сатурацијата при движења и напор паѓа, со 2-3 литри кислород се нормализира)
    - Или фиброзата може да се повлечи (барем делумно) и полека полека да почне пациентот колку-толку да има нормален живот?

    Секој одговор, мислење, искуство е добредојдено. Фала ви :f:
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.