Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со коронавирусот – симптоми, лекување, совети од прва рака

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Cosmi, 13 ноември 2020.

  1. SpringGirl

    SpringGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    2
    Здраво на сите!
    Дали некој имал искуство со повторно заболување од вирусот и дали воопшто е можно? Пред две недели направив тест за антитела и испадна дека имам антитела. А вирусот најверојатно го прележав почетокот на ноември, не се тестирав, бидејќи имав лесни симптоми и мислев дека е само настинка ама сепак си останав 18 дена во самоизолација.
    Меѓутоа вчера имав кашлица како никогаш досега, едвај ја смирив. Денес сум омалаксана, исцрпена и со температура 37. Не е висока знам, но сепак е покачена. Се плашам повторно да не го имам вирусот. Дали е можно за толку краток временски период повторно да се заболам?
     
  2. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.771
    Пол:
    Женски
    Можно е сега да е сезонски грип или обична настинка.
     
    На SpringGirl и Darlingzz им се допаѓа ова.
  3. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    919
    Допаѓања:
    671
    Пол:
    Женски
    Обично викаат дека барем шест месеци шансите за повторно да имаш корона се многу мали, односно не постојат. Но јас имам слушнато за некои луѓе дека за побрзо време се позитивни повторно. Колку е тоа точно не знам. И на форумов баш прашував и добив одговори дека е можно. Е сеа тие што велат дека повторно имале не знам колку се сигурни, дали се тестирале или само онака си претпоставуваат. Како што ти кажаа над мене, сега можеби се работи за настинка или грип, и онака симптомите се слични. Имунитетот после прележана корона е ослабнат и шансите да фатиш настинка се големи, затоа треба многу пазење и многу витамини. И јас постојано стравувам да не закачам пак корона ама да се надеваме дека нема...
     
    На SpringGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. choko

    choko Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    324
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Колкава бројка на антитела имате тие што се имате тестирано, чисто да споредам што е висока бројка а што ниска..
     
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.090
    Допаѓања:
    33.235
    Пол:
    Женски
    Јас имав околу 9, после 3 месеци од позитивниот тест. Маж ми имаше само 1,4 на 5 месеци после позитивен тест.
     
  6. choko

    choko Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    324
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Другарка има 14.9,чудно некако. А болна беше октомври и тогаш не се тестираше за Корона.
     
  7. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Луѓе не е нормално ова колку се осеќам омалаксано со мала температура. Посебно болка осеќам во нозете, не знам како да ја опишам. Ми се чини најтешко ми е на мала температура, 36, 9 и 37. Ако кренам повисоко од тоа не осеќам толку малаксаност. Мене ме фаќаат често топлотни бранови, наеднаш ме фаќа многу топло и препотувам. Многу истоштува ова.
     
  8. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    919
    Допаѓања:
    671
    Пол:
    Женски
    Мачкај се/ масирај се со некоја од оние ментол креми за мускули и јас имав страшни болки во грбот и во нозете и само тоа ме спасуваше. На моменти сакав да си ги исечам нозете од болка..
     
    На AmericanWoman му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.472
    Допаѓања:
    38.533
    Пол:
    Женски
    Дали ви е исплатена целосна плата за периодот во изолација и после позитивен тест? Кај мм имаат доста скратено од платата, исто и кај колегите.
    Можеби е коментирано негде, не можам да најдам.
     
  10. CrAzZyYy

    CrAzZyYy Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2011
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    2.213
    Пол:
    Женски
    19 дена од кога снемав мирис и вкус, и уште немам... Ова веќе ме плаши
     
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.088
    Допаѓања:
    26.717
    Грип може да е, или нешто друго.
    Најдолго време забележано без вкус и мирис е 50 дена. Не се секирај ќе се врати.
     
    На SpringGirl и CrAzZyYy им се допаѓа ова.
  12. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Дали имавте болка во плешката? Од задната страна на белите дробови?
     
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.088
    Допаѓања:
    26.717
    Покачени вредности за црн дроб се од самиот вирус. Ќе се вратат во нормала за некое време. Може да пие козја сурутка и гроздов сируп за обнова на црн дроб.
     
    На LivingGlam и sunmoonstars им се допаѓа ова.
  14. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    6.235
    Не ми е јасно зошто ги советувате луѓето да се тестираат по втор пат кога веќе биле позитивни и седеле 20 дена дома?Тие се најмногу заразни првите 6 дена од појавата на симптомите, после тоа заразата постепено опаѓа и не можат да ја шират. Вирусот може да го носат и повеќе месеци но тоа не значи дека ќе го шират. Јас колку што знам поради тоа се укинаа дополнителните тестови. Сметам дека само би фрлале за џабе дополнително пари.
     
    На JuLleE, Angie1432, Darlingzz и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.399
    Пол:
    Женски
    Дали некој при голтање чуствувал грутка во грлото?
    Што направивте?
     
  16. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.399
    Пол:
    Женски
    Каде приватно може да се испитаат д-димери, по која цена и дали даваат совет за терапија?
     
  17. choko

    choko Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    324
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Авицена мислам дека 800ден. Ама совет сигурно матичниот дава.
     
    На Принцезичка1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    Hemolab само ако имаш позитивен тест ке ти дадат терапија.
     
    На Принцезичка1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Здраво, татко ми е поитивен на корона со симптоми само дијареа и еднаш домдва пати покачена темература. Направи снимка на градите и беше во ред. Веќе 8 дена откако е тестиран а минатата вечер имал потешкотии во дишење. Веќе нема никакви симптоми но ме плаши тоа со дишењето. Исто така терапијата е само витамини и изопромизан. Се плашм да не се влоши нешто затоа што е само со оваа терапија... Некој слични искуства? Дали е возможно откако поминаа симптомите (по 8 дена) да се појави плевмонија??
     
  20. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.399
    Пол:
    Женски
    Татко ми пред 5 дена беше на анализа на крв.
    Тогашниот резултат беше ок.
    Дали сега после 5 дена има потреба пак да прави?Бидејќи е позитивен на вирусот ми е страв да не му се влошила крвта.