Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со коронавирусот – симптоми, лекување, совети од прва рака

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Cosmi, 13 ноември 2020.

  1. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    3.282
    Пол:
    Женски
    Се од тоа правам. Супер е тој и физички и психички. Да го погледнеш не личи да болен човек, се буни зошто му викам да лежи, сака да е активен. 75 години ама фала му на бога, добро се држи и нека остане така.
    Леле тоа беше викање како да сум сакала да го убијам намерно. Сите во мене гледаа, мислам секунда ми фалеше да се срушам.
    Денес бев кај матичната и замислете муабетот го водеше демек ако имал век ќе преживеел. И се изнакажав се, мајки, шајки и си отидов. Не ми се верува дека постојат вакви лекари.

    За три дена ќе прави пак крвна слика и пак на преглед ќе го носам.
    Фала ви :l:
     
    На Feminka22, Milkiway и LaTama им се допаѓа ова.
  2. Mxrx

    Mxrx Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    147
    Дали треба упат за проверка на д димери
     
  3. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    19.212
    Пол:
    Женски
    Да
     
    На Mxrx му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.884
    Пол:
    Женски
    3 дена сум затната, ме наболубаше грло ден ипол. Сега скрос се затнав. Температура околу 37. Болки во коски, насекаде. Сега делумно губам вкус. Мирис немам веќе два дена од што сум затната. Корона прележав во ноември, ама можно е сега пак да ја имам. До вчера мислев синусите дека се. Вкус и мирис губев порано од тоа.. Ќе покаже ли домашен тест ако го направам сега?
     
    На Krisss2288 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 6th sense

    6th sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2020
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали знае некој да ми каже после колку време од прележан ковид е најдобро да се направи тестирање за антитела?
     
    На Che Guevara му/ѝ се допаѓа ова.
  6. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Најмалку после еден месец.
     
    На 6th sense му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Che Guevara

    Che Guevara Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2022
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Od Ponedelnik koga sakas
    Во денешно време и залудно ке правиш тест за антитела кога имаме стекнатп по некој статистики повеке од 80% прележани... Ама ако ти е кејф направи си
     
    На 6th sense му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.200
    Пол:
    Женски
    Би требало ако е правилно направен, кај мене покажа.
     
  9. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.884
    Пол:
    Женски
    Негативен. Алергија имам, ми ги иритира синусите.
     
  10. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Зависи дали е за на државно или за на приватно. Ние дома правевме приватно во Биотек и не ни беше потребен упат башка и на своја рака си испитувавме.
     
    На Mxrx му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sencence

    sencence Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Здраво . Да прашам за симтоми на Омикрон кои се најчести , од тие невакцинирани прележани
    Благодарам
     
  12. 6th sense

    6th sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2020
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Кај мене првите три дена ми пројдоа со температура од околу 38,5 и ред симптоми што следат при температура, како болки во телото, главоболка, омалаксаност. Откако се смири температурата, некоја мачнина во стомакот и гадење. Не сум вакцинирана, и прв пат добив корона годинава.
     
  13. sencence

    sencence Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Да и кај мене се тие симптоми исто температура првиот ден 38,5 а преку ден околу 37 ,5 денес ми е трет ден имам секрет ми се слива од синусите матичната ми закажа за во петок ПЦР тогаш има термин а еве и сопругот е од пред малку со темп а крвна слика и антибиотик ?
     
  14. Mommyysk

    Mommyysk Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2021
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Јас прележав о микрон, првиот ден имав скоро 39 тт, омалаксана, ме тераше на спиење, цело тело ме болеше. Вечерта се препотив, следниот ден бев подобро. Пиев повеќе течности и веќе наредниот ден како ништо да не ми било, само што морав да седам во изолација. Невакцинирана бев и сум.
     
  15. 6th sense

    6th sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2020
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Јас успеав на седми ден од прв симптом да се тестирам и излегов позитивна. Крвната слика во глобала ми беше ок, седиментацијата здрава кога сум била, не била 4, освен црп 21. Антибиотик ми препишаа откако добив позитивен резултат, цефалексин. Се разбира витамини и слично, д, ц, цинк, селен, магнезиум. Добро ми доаѓаше од конзумирање на супи и прополис
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    43.118
    Пол:
    Женски
    Ја избегнувам темата корона за да го зачувам менталното здравје, па затоа ништо веќе не знам.
    Од прележаните, први симптоми и по колку време од контакт??
    Ме болеше носот и грлото вчера вечер денес температура 38, друго не засега.

    Две години пазев премногу, ако сега при крај фатам.... :swear:
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Како некој кој не знае од кај закачил не можам да кажам од искуство, а тазе прележана сум.И јас се пазев 2 години, ама сите ќе нѐ стигне.Ако е омикрон, утре би требало да немаш темпратура.Иначе јас како што знаѓ е 4-5 дена од контакт.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.160
    Допаѓања:
    112.913
    Пол:
    Женски
    3 dena
     
    На Feminka22 и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  19. 6th sense

    6th sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2020
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Кога тогаш мора да пројдеме од редот. Мислам дека сме среќници ако фатиме поблага варијанта. Сега веќе кога е измутиран и ослабен ми е некако најдобра опција за добивање имунитет и антитела.
     
    На FridaodaMk и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  20. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    43.118
    Пол:
    Женски
    Да, официјално после 2 години пазење, од дома го префатив, а дома симптоми 1 ден имаа и не префати никој само јас секако. Интересно е шо и дома не седиме многу заедно од причина шо таква им е работата, имаше опасност.

    Од почетокот имав гоооолем страв, ако сте ме читале се забележуваше, и сега повеќе психата ме убива отколку симптоми.
    2 дена температура до 38, првиот ден грлото, омалаксаност многу поинаква од обичен грип и вртоглавица. По тоа и познав дека овај пат не сум само настината, поинаку е.
    Денес температура не, само главата ме боли, не поминува од аналгинот и зборам на носот, ништо друго.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.