Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со коронавирусот – симптоми, лекување, совети од прва рака

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Cosmi, 13 ноември 2020.

  1. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.228
    Допаѓања:
    76.222
    Пол:
    Женски
    Он антибиотици не пиеше, само витамини (вит Ц, мултивитамини, магнезиум и за болките блокмакс, бруфен), исто и јас сега за сега само со витамини сум и парацетамол и бруфен за температурава, за грлото таблетки шмукам. Мирно беше се кај него и антибиотик џабе ќе пиеше... Почекај уште малку, ако ти се влоши грлото тогаш почни да го пиеш антибиотикот..
     
    На princess02 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.830
    Допаѓања:
    13.409
    Со лесно да поминува.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ferfelina

    Ferfelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Еве и ние од денес по втор пат позитивни...Детенцето вчера со темп.до 38.3 денес е супер, мажот ми денес 37,2 па ајде направи брз тест и испадна позитивен...кај мене нема се уште ништо...првиот пат поминавме многу многу лошо :(
     
  4. Anaksunamoon

    Anaksunamoon Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    720
    Допаѓања:
    1.838
    Пол:
    Женски
    Од вчера сме позитивни со малиот, двајцата невакцинирани. Три дена температура 38.5 -37.5, ретко без температура. Парацетамол спушта до 37.5 за кратко и се враќа над 38. Јас отидов и до 38.9. Прв симптом ми беше бодежи во глава, како од провев, кои уште ги имам и треска.
    Крвна слика со намалени леукоцити и црп мене 30, кај малиот 1. Матичната вика од температурата имам повишено црп, ама треба ли да бидам загрижена?
    Денес осеќам нелагодност во бубрези, и боцки во грло, трет ден со симптоми
    6 месечно бебе нема никаков симптом, но треба ли и нејзе негде да ја носам?
     
    Последна измена: 8 јули 2022
  5. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Сопругот е позитивен, прв ден температура качи вторникот попладне до 39. Седиме во различни соби ама мислам џабе е. После колку дена можам да очекувам симптоми? До сега немам ништо, само вечерва така ме наболуваат мускули, но не знам дали од умор или од вирусот. Температура немам.
     
  6. Anaksunamoon

    Anaksunamoon Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    720
    Допаѓања:
    1.838
    Пол:
    Женски
    Ние се разболевме 2 дена по сопругот, бебето еве два дена по мене крена температура.
    Со лесно
     
    На Lovebug01 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.762
    Допаѓања:
    25.031
    Пол:
    Женски
    Bioxsine шампон.
    Мене ме спаси после операција кога ја изгубив пола коса, а ми го препорачаа луѓе што им помогнал после корона.

    VicNic_Photo500x500.001_faf45c77-881b-4fb6-b4df-2a8064e5a7a9_500x500 (1).jpg

    [​IMG]
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anaksunamoon

    Anaksunamoon Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    720
    Допаѓања:
    1.838
    Пол:
    Женски
    Паталци, температурата колку дена трае?
    Мене првиот и вториот ден, еве четвртиот пак качив, стандард над 38. А помислив дека се откачив од неа, ич не можам со треска и температура :@:headbang:
     
  9. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    43.117
    Пол:
    Женски
    Фала ти. :)
    Кај можам да го најдам?
    Растат нови влакна или само спречува паѓање?
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.762
    Допаѓања:
    25.031
    Пол:
    Женски
    Го има по аптекиве, јас од Зегин го земам.
    И спречува паѓање и растат нови.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.882
    Допаѓања:
    18.008
    Земи таблети Солгар за коса,кожа и нокти. Ги зборевме во темите за коса мислам. Во Зегин ги има околу 720 - 730 денари се.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Бремена сум 6та недела, правев брз тест позитивен. Температура 37, блага грозница, болка во грло и глава и тахикардија. Искуство со рана бременост и корона?
     
  13. S.o.F.i

    S.o.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    3.936
    Од вчера и ние сме позитивни сите тројца:(
    Малото ми е скоро 8месеци, од вчера ноќот од 3 часот ноќта го приметив еве цело време качува температура:sweat:
    Давам најизменично Блокмакс па Парецетамол на 4ти часа.
    Значи ќе поминат 4ри часа и веднаш качува дури до 39температура.
    Банњам со млака вода, ама загрижена сум многу.
    Јас и маж ми по втор пат ја фаќаме, грлото цело време како да ме скокотка, кашламе и запишени ни се носевите со секрет.
    Главата исто боли и како со бодежи.
    Моментално главчето на малото му врие, дадов Парецетамол и чекам да спушта.
    Дали смејам да му ставам облоги на челото со млака крпа или полошо можам да направам ?
     
  14. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.345
    @S.o.F.i температура не се вади преку глава, ставај чорапчиња со оцет, туширај со млака вода без глава, расоблечи дете, течности нека пие повеќе, пробај и со сенф на ноџиња или изрендан комир во чорапче па на нога облечи му. Јас еднаш ја редев малата со влажни марамици на рачиња и на бутчиња од што немав веќе што да правам а темп.39.6 ;(
    Нека поминува брзо
    Да се редактирам кога ќе приметиш ладни ноџиња завиткај ги во ќебенце да се изедначи темп. Па после ставај чорапчиња со оцет или разреден алкохол
     
    На mal.ecka и Сара Лав им се допаѓа ова.
  15. S.o.F.i

    S.o.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    3.936
    Сируп парацетамол даден во 7:30 часот и уште не се спушта температурата.
    Масирав со разреден алкохол.
    Туширав со млака вода без главчето и уште не се спушта;(
    Малаксан е, очиња црвени и друго што ме плаши почна да кашла длабоко и сочно.
    Вчера е преслушан кај матичен, ама верувам дека вчера е почната целава работа и ништо не слушна.
    Многу ми е страв:sweat:
    Пред месец време беше настинат дури цел месец.
    Малку му беа ладни стапалата и касно те прочитав, а јас веќе ставив чорапчиња натопени во разреден алкохол.
    Дали е проблем?
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.434
    Пол:
    Женски
    Со вински оцет разреден да ги натопиш чорапите, не со алкохол. Алкохол разреден се користи за мачкање по телото, ама јас не сум користела, па не би знаела да те советувам. А оцетот помага на топли нозе, ладни нозе значат дека уште качува температура.
    Ќе пројде, мислам дека кај деца до три дена максимум држи температура од ковид.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Поминавме Ковид пред некоја недела, бебе 5 месеци. Три дена со температура над 39. Само Блокмакс сируп кај нас помогна да ја спушти температурата но чим поминеше дејството пак качуваше. Не се грижи само смирено до 3 дена имаат констанстно температура и после тоа поминува. Облоги со оцет на нозете ставај му и често туширање и многу многу течности. После 3 дена обавезно крвна слика со Црп. Ќе помине не се секирај:hug: И јас бев преплашена ама матичната ептен ме смируваше и насочуваше убаво. Не се грижи:l:
     
    На S.o.F.i му/ѝ се допаѓа ова.
  18. S.o.F.i

    S.o.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    3.936
    Мила а на колку часа го даваше Блокмакс, кај нас поминуваат 4ри часа и почнува пак да качува.
    Дали имавте и други симптоми ?
    Ме плаши што почнува да кашла.
    Еве од Парацетамолот не ја ни спушти.
    Мерено сега со дигитален топломер на едната страна од слепочницата покажа 39.6, на другата 39 значи толку некаде е.
    Мерам и со живин и исто покажуваат, со 1-2 единици може различно.
    До сега 3 часа се поминати од сирупот, незнам што е попаметно да дадам сега Блокмакс или да чекаме барем уште еден час.
    Фала ти многу, навистина сум исплашена и јас многу.
    :l:
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    1/3тина од телесната температура се ослободува преку главата.
     
  20. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Блокмакс на 6-8 часа давав и негде веќе после 5 часа почнуваше пак да качува, но чекав да помине уште малку па давав пак. Првиот и вториот ден навистина беа страшни, превисока температура, малаксан, некомуникативен итд. Третиот ден уште имаше температура но не толку висока. Исто поткашлуваше, откако помина се го однесов на преглед и градите беа чисти. Кашлањето помина после една недела. Земи сега истиширај го, расоблечи го и за 1 час дај му Блокмакс, ќе се препоти и ќе му ја симне температурата. И следи на секој 6-8часа давај Блокмакс. Не се секирај од утре ќе биде подобар.
    @WildMk кај мали деца никако облоги на чело, само преку нозете, совет од неколку доктори.