Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со коронавирусот – симптоми, лекување, совети од прва рака

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Cosmi, 13 ноември 2020.

  1. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Колку дена трае изолацијата?
     
  2. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.623
    Допаѓања:
    8.481
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки.
    Мене ми е 3 ден симптоми, во понеделникот ме покажа позитивна на брз, а официјално денес и на ПЦР. Од денес ми почнува изолација од 7 дена.
    Ве молам за инфо како се справувате со главоболките. Јас имам акутна мигрена како дијагноза и со ковидов 3 дена не е престаната, само е послаба или појака. Цела глава ме боли, десното око особено до степен да ми се плаче. Примив инјекција кетонал и дремнав, малку се смири ама не тотално.
    Секој совет е добредојден.
    Со лесно на сите!
     
  3. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.261
    Допаѓања:
    12.233
    Пол:
    Машки
    Првиот ден од кога се вратив од одмор кренав температура, 38.5, искрено не се посомневав на корона зашто бевме тесно друштво и не бевме во близок контакт со други луѓе освен една вечер во градски автобус. Два или три дена имав температура, ми течеше нос и по неколку дена од падот на температурата многу лесна кашлица. Сите дена бев "изолиран", искрено не ми паѓаше на памет да излезам надвор прежешко беше, си седев во соба во главно една недела ко ништо.

    Мислев дека е преладување зашто една вечер додека возев мотор доста ми пристуди, арно ама сега сфаќам дека можно е корона да било(не се тестирав) зашто солидно пореметен ми е вкусот, мирисот не толку... За пореметувањето на вкусот можам да кажам дека при јадење, иницијално било шо да каснам ми има ист одвратен вкус, тек после по 10 секунди го чувствувам колку-толку вистинскиот вкус на храната. Особено нагласен одвратен вкус осетив кон пастата за заби, мастики со ментол и сл. Првиот пат од кога се вратив и го отворив шкафчето каде ги чуваме пастата за заби и четките, толку ми се згади од миризбата и повратив. Хаос. сега помалку го осеќам тој generic гаден вкус, ама се уште е тука.
     
  4. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    За одредени помага топли, за одредени ладни облоги на глава. Плус можеш да си земеш ментолна маст и масираш слепоочници.

    До повраќање? Сега и на ТВ имаше некој прилог дека исто имало гадење и повраќање и сега ми е малку појасно зошто. Си мислев дека е поврзан и со други вируси наеднаш сега со намалениот имунитет ама ете што било.

    Среќа што симптомите се полесни од порано и сега веќе може да се третира на полесен начин, воглавно.
    Нека поминува побрзо кај сите!
     
    На Herrera, Waverly Raven и baguf4e им се допаѓа ова.
  5. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.261
    Допаѓања:
    12.233
    Пол:
    Машки
    Да, првиот ден имав болка и во желудникот ама ми се смири со Нолпаза, а суптилно чувство на гадење имав неколку дена.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    10.860

    Еве јас сум денес 6 ден и искрено брзо се уморувам. Станав да сменам навлаки на перници и се изморив.

    Ми тежи кај делот што е штитната жлезда , тој дел ко некој да ме притиска.

    Те цитирам бидејќи имаш прашано во врска со главоболките.

    Мене уште првиот ден ко се тестирав докторот одма ми ги препиша апчињата Метамизол, тие идат на рецепта , 10 минути после првото апче не се осеќаше никаква болка.

    До душа и пишува дека се многу јаки, ептен помагаат. Јас од нив пиев само првите 2 дена, после немаше потреба.

    На 3 и 4 ден се жалев на грлото и кашлањето.

    На 5 ден помина грлото, ама почнав да се жалам на тоа колку сум изморена.

    И еве од вчера и денес цело време се осеќам уморно, како да сум копала у бавча .

    Со лесно на тебе и на другите.


    п.с. Утре пак ќе се тестирам, го мислев ај за 1 недела ќе помине, ич не ми се седи по дома, научена сум на работа, ама стварно се изморувам , изгледа ќе ми го продолжат на уште 1 недела.
     
    На Arjanit2021 и baguf4e им се допаѓа ова.
  7. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Сега е 7 дена, ако имаш симптоми 10 дена
    Исто:( Страшен замор, 5 скали ќе качам и ќе се изморам. После еве 2 недели од позитивен тест почна да ми се враќа силата. А од симптоми исто имав и плус нагон за повраќање и тешка мучнина во желудник.
     
    На Филотеа и Herrera им се допаѓа ова.
  8. Giinna

    Giinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    4.247
    Пол:
    Женски
    Дали некој има болки во листот на ногата и колената? Онака како после вежбање кога ќе ги истегнеш сите жили... И јас и дечко ми истите симптоми го имаме.
    Во недела бев на свадба, не играв си седев на маса ама климите пуштени на макс сите седеа со сакоа и кој што нашол да се покрие, во понеделник после викендот кога беше преладно, на работа исто рокнати клими до даска и прозори отворени од сите страни и вечерта одма осетив дека се ме боли ама искрено мислев од климите сум се укочила. Утредента качување температура цел ден 39-39.3, следниот ден 38 и третиот ништо.
    Денес се тестирав позитивна..
    Воледување имам уште од вторникот, сега ќе ми се смета ново од една недела од денес кога сум се тестирала или од вторникот кога бев на лекар?
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.396
    Пол:
    Женски
    Да, болките во нозете се првиот симптом што го осеќаат со омикронов. Кај мене го поминаа пред 4 мес. мм, син ми и снаа ми. Снаа ми дури и немаше многу други симптоми освен таа болка во мускулите и замор. Мислеше најпрво дека и од некои нови кондури што ги носела на работа. Но кога им јави колешка дека е позитивна, направи домашен тест и доби позитивен резултат.
    Решенијата за изолација им беа од датумот кога добија позитивен ПЦР, од тогаш бројат денови.
     
    На Giinna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. *Milicka*

    *Milicka* Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2016
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    1.760
    Пол:
    Женски
    Кога се качува темпер со новиов сој? Ќерка ми имаше пола ден темпер 37.3 па после грлото и трет ден нос течење само. Мене од вчера ко станав ужасна болка во грло да не можам да голтам, главоболка и тресење на цело тело аѓа без темпер. Денес малку подобро ама уште главобола и грлото го осеќам... Сте качиле отпосле темпер или?? И колку време трае??
     
  11. Giinna

    Giinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    4.247
    Пол:
    Женски
    Јас одма качив, прв симптом тоа ми беше и главоболка. Два дена температура и болки во телото, после само поткашлував.
     
    На *Milicka* му/ѝ се допаѓа ова.
  12. *Milicka*

    *Milicka* Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2016
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    1.760
    Пол:
    Женски
    И за колку време ти помина??
     
  13. Giinna

    Giinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    4.247
    Пол:
    Женски
    2дена
     
  14. Vanja84M

    Vanja84M Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2020
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Здраво не знам каде па овде ке прашам. Дали имате некој искуство или сте слушнале некој да се зарази два пати со вирусов за краток временски период ?? Пред две недели прележав корона потешко малку со јака мускулна болка температура, грло ,се живо. Од денеска почнувам повторно да осеќам мускулна болка и малаксаност исто како тогаш. Дали е можно за толку кратко време. Инаку вратена од одмор пред 5 дена . Ве молам споделете мислење прилично сум исплашена
     
  15. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Ако е истиот сој не би требало, но може да се разболиш од друг сој за жал. Затоа и има некои што беа болни од Омикронот и сега се пак од новата варијанта на Омикрон. Најдобро тест од аптека направи ќе знаеш со сигурност. Во моментов има и друг некој вирус со симптоми на Ковид но не е Ковид. Роднини во моментов се болни, сите се тестираа и се негативни на Ковид. Брз тест и ќе знаеш со сигурност. Па баш сподели дали е Ковид, да знаеме:(
     
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Може да се пост ковид симптоми. Два пати прележав и два пати после оздравување (после негативен тест) ми се повратија некои симптоми, ден или два траеше. Треба време за да се опорави добро организмот.
     
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.396
    Пол:
    Женски
    Штом е краток периодот меѓу двете состојби, можно е да не си доопоравена па при физички напор да осетиш замор, болка во мускули и сл. Имам слушнато од многу луѓе и месеци после ковид да се жалат на замор и болки во некои мускули при физичка активност.
    Но може да е и друго нешто во прашање, како некоја секундарна инфекција заради тоа што после вирус ако не се внимава може да се закачи многу лесно нешто друго. Внук ми ја помина многу лесно короната, асимптоматски и првиот ден после изолацијата, крена ниска температура. Еден ден имаше 37 со нешто па другиот не, па пак третиот, без везе некако, личеше дека е кога ќе се замори. По направени прегледи испадна некоја бактерија во грло дека е во прашање. Не им беше јасно од кај добил бактерија кога бил во изолација дома, ама им рекоа дека тоа може да е и бактерија собрана од самиот дом, просто затоа што имунитетот му паднал. И ковидот го помина без лекови, ама ете, после него пиеше антибиотик.

    Пост ковид како и пост секој вирус треба малку пополека со физичка активност, да не се изложуваш на голем напор и сл.

    Во летниов период треба да се пази и на изложување на сонце.
    Тоа е напор и за здрав организам, не па за некој кој се опоравува од инфекција.
     
  18. NanaMal

    NanaMal Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Од саботата вечерта почна гадење и повраќање, ама квалитетно повраќање, тегоби во желудникот, многу малку дијареа, сето тоа до вчера (недела) вечерта. Денес многу подобро но пак некој тегоби во стомак и чуврство на стегање кај штитната жлезда. Други симптоми како температура, кашлање, омалаксаност немам. Нешто читам симптоми на ковид нови, не сум правела тест и искрено се надевам дека не е тоа. Дали ги имал некој овое симптоми?
     
  19. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Зошто не се става? Мене ми рекоа со мокра крпа да го разладувам по челото, не облоги туку само поминувам.
    Сега баш и по нет читам истото го пишува дека може. Баш ме зачуди.
     
  20. Didajo

    Didajo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Jas imam steganje kaj stitna zlezda, prv den strasma bolka vo grlo, vtor den kaslica, denes tret den temperatura do 38 i kaslica nepodnosliva, na brz test negativna ama ko so gledam simptomite gore dole tie se. Plus prviot den jaka muskulna bolka.