Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со коронавирусот – симптоми, лекување, совети од прва рака

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Cosmi, 13 ноември 2020.

  1. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Можеби е стомачен вирус, често има во лето.
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Мои блиски ги имаа тие симптоми. Може да е стомачен вирус, може да е и ковид, тестирај се за да знаеш.
     
  3. babybubu

    babybubu Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    1.099
    Колку време после прележан ковид се вративте на физичк активност/ активно вежбање? Денес ми е 5 ден досега поминато со лесни симптоми како настинка, па ме интересира дали од наредна веќе ќе може да вежбам или да почекам барем уште 1 недела?
     
  4. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    21.673
    Пол:
    Женски
    Од понеделникот попладне малата со тт до средата, без други симптоми.
    Вчера јас тт до 39,3 и освен болка во нозе друго ништо. Еве денес 36,3 и нема болка, дури и добро се чуствувам што ме зачуди. Вчера бев негативна на брз, но знам дека не се сигурни па сакав да прашам дали некој поминал на овој начин ковид.
    Јас секако сум дома, не излагам, ама сакам да си знам.
    Ако е ова ковид дај боже сите вака лесно да го поминуваат.
     
  5. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Не знам каде да се обратам, матичната докторка не крева на телефон.
    Тестот не ми покажа баш најјасен резултат, ама бидејќи ситуацијата е лоша, претпоставувам ме фати ковид, а сега и баба ми пројави симптоми.
    Се жали на гребење во грлото, растечен нос.
    Гледам да ѝ давам витамини, има и терапија што мора да ја пие ионака, прашањето ми е дали да ѝ дадеме и таблетки Аспирин Протект 100мг?
    Со новиве соеви каква е терапијата за постари лица?
    Риностоп ѝ дадовме исто, ама немам идеја веќе како да ѝ олеснам што е можно повеќе оти не сакам да ѝ се влоши состојбата, иако сите тврдат дека полесно се поминува овој сој.
     
  6. Giinna

    Giinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    4.247
    Пол:
    Женски
    Тоа е мислам. Јас, татко ми, дечко ми и неговите родители(60 годишни), колеги на работа, сите периодов прележавме и сите бевме со еден ден повисока тт, следниот ден пониска, третиот ништо,пропратено со болка низ цело тело и тоа е тоа
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    21.673
    Пол:
    Женски
    Ајде и да е тоа ништо страшно помина, хехе..
    Ама многу ми е чудно така да помине.
    Иначе др не сумља на корона, малата вирус ми пренела некој. Дома друг никој нема ништо.
    Сега за сега.
     
    На Giinna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lolipoppp

    lolipoppp Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2020
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    166
    Sinoka 38.9 sabajle nemav, eve sega 37.5 ama osven temperatura nemam simptomi,ni sum omalakasana, apetit sve si imam.. Poveke panika me faka otkolku so osekam
    nesto. Do den denes izbegavam guzvi i pak sekoja godina si ja fakam ni eden soj ne sum propustila. Ima li sansi visoka temperatura letno vreme da fatam a da ne e kovid, od predhodnite soevi mi bese loso nemozev od krevet da stanam sega ne e taka i neznam dali da odam da se testiram a eve vtor den ne ispagam od doma... od koga e koronava izbegavam da odam po ambulanti osven koga e neizbezno.
     
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Колку траат обично симптомите на овпј сој?
    Најголемиот страв, да не фатам пак се исполни.
    За нигде сум.
    Мислам овој брзо поминува така?
     
  10. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    21.673
    Пол:
    Женски
    Јас имав буквално еден ден само тт, 39,3. И болки во нозе, кога падна тт или ќе се намалеше и болката намалуваше, станав утрото ко нова. Еве две недели поминаа, ништо ново не се појави како симптом.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.253
    Пол:
    Женски
    Дали има некој искуство со фиброза на бели дробови постковид ? Што терапија и совет од лекар, дали е возможно да се повлече или да се држи под контрола ситуацијата?
     
  12. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.218
    Допаѓања:
    11.227
    Пол:
    Женски
    Во нашиот случај, на пациентот му препишаа Фиброзим, како суплемент е мислам. Го земавме од Бугарија.
    Можеш подетално да прогуглаш.
    Исто по препорака на лекар пиеше и Кверцетин.
    Може да се повлечи со тек на време.
    Конкретно во нашиот случај на последната контрола се утврди дека делумно се има повлечено.
    Што те интересира пиши ми, го одевме тој пат, може нешто ќе знам.
     
    На Lotus Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.253
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам најмногу. Ќе видиме лекарот утре што ќе каже за терапија.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Дали е можно после само 1 месец од прележување ковид пак да сум позитивна? Истите симптоми ги имам и денес како пред 1 месец. Омалаксаност и почнав температура да качувам. Се има случено на некој повторно да се зарази после толку краток период?
     
    Последна измена: 12 август 2022
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Па не би требало.
    Пребрзо е.
    Стомачен вирус е со слични симптоми, имаш проблеми со стомакот?
     
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.353
    Пол:
    Женски
    Што сакаш речи, само не вели дека овој брзо поминува.
    И јас така се тешев дур не го фатив.
    Господ го видов.
     
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    За жал не поминува...
    Секој ден се потешко
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.353
    Пол:
    Женски
    кој ден ти е?
     
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Во вторник мислам се тестирав ама и претходно имав симптоми кои не ги поврзав со ковид туку со премореност.
    Вчера, денес, бели дробови се полошо.
    Тебе колку те држеше?
     
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.353
    Пол:
    Женски
    Леле тебе те мавнало на респираторен ептен :(
    Мене плуќата ми е ок.
    Инаку прв симптом саботата, главоболка и треска. Сеуште ме држи иначе, како крај да нема. Со таа разлика само што главата пушти. Сатурација до 96 се симна ама барем болка во гради немам...
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.