Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со коронавирусот – симптоми, лекување, совети од прва рака

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Cosmi, 13 ноември 2020.

  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.605
    Допаѓања:
    114.668
    Пол:
    Женски
    Те молам прати го девојчето во градинка :(
     
    На mal.ecka, DAngel, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  2. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.471
    Допаѓања:
    38.533
    Пол:
    Женски
    Малово мое ни кај бабите не сака да одиме. :worried: Ем прележа и тој со мм. Ако сме на отворено со нив без маски не ги гушка. Го упропастив детето со стравот, се направи и тој ко мене.

    @JuLleE нека се тестира со брзите. Може и сезонски вирус е, синчето и таков помина пред 2-3 недели. (facepalm)
     
    На mal.ecka, azelea и JuLleE им се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.702
    Допаѓања:
    253.488
    Дете веќе не тестирам, два пати досега, маж најверојатно утре ќе се тестира ради состојбата негова.

    Син ми е исти, му велат бабите, да те гушнаме, вика не, корона има.
    Некна вели кога ќе ја снема короната, да си ги видеме лицата да се фатеме за рачиња со другарчињата.
    Децата се истрауматизирани.
     
    Последна измена: 3 јануари 2021
    На gogimica, thelittle17, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Страв ми е. Ептен сериозно си ја сфатив коронава :!: Па и на тоа пазење ако излезат антитела (facepalm):rofl:
     
    На mal.ecka и fana им се допаѓа ова.
  5. AnonimnaDevojka

    AnonimnaDevojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    518
    Пол:
    Женски
    колку дена од позитивен тест (со симптоми) се прави контролен тест за дали си уште позитивен?
     
  6. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.605
    Допаѓања:
    114.668
    Пол:
    Женски
    Те разбирам дека ти е страв, верувај и мене ми е особено што ќерче е со хронични опструкции :(
    Ама ко што ми е страв од корона, ми е страв и од грип и од стрептококи и стафилококи и слични сра*а. Знаеш дека има стрептококус пнеумоние што прават пнеумонии, стафилококус менингитис што префизвикува воспаление на мозоче? Ама мора да одиме на работа, животот мора да продолжи.
    Опушти се и себе и дете и почни да ја носиш по малку во градинка посекако и не се многу големи групите. Дете ќе смени средина и ќе се расположи.
    Се ќе биде во ред, ќе видиш :l:
     
    На marchi-cool, mal.ecka, kukla21 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.199
    Пол:
    Женски
    Зошто им го правите тоа на децата? Греота се.
    И нашата корона излезе баш од детево, ама ич не се замарам. Дете си оди во школо, си оди и на тренинзи на базен. Периодов воопшто ниту еднаш не и спомнав зошто сме болни. Корона за нејзе е речиси непознат поим. Знае дека треба да носи маска во школо и тоа е тоа.

    Малку попозитивни ако ни се гледиштата, да го смениме мајндсетот, па и полесно све ќе помине.
    Баш во контекст на погорните мислења тие што беа послободни не се заразија и обратно. Точно така. Мои блиски што премногу беа под стрес, маски и на отворено, многу полесно се заразија и дел од нив завршија до болница. Стресот и паниката страшно делува на имунитетот. Имам многу да пишувам на оваа тема, ама многу!

    Децата многу лесно поминуваат. Без паника. Големата ќерка прв ден кивавица, втор ден температура 37.8. Толку, тука заврши вирозата, како и секоја друга до сега што сме ја поминувале со децата.

    @kukla21 јас не верувам да си прележала ако немате ич контакти. Мајка ми упорно ме убедува дека го фатила вирусот од продавница само за да не и е тешко дека внукава и го донела :D Значи мора да имате контакт со болен. Во разминување не се фаќа, на отворено не се фаќа...опуштено малце.
     
    На marchi-cool, mal.ecka, azelea и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Kris80

    Kris80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    5.116
    Допаѓања:
    86.246
    Пол:
    Женски
    Не се прави контролен тест. Зависи од решението за изолација, ако си била без симптоми 10 дена и во твојов случај со симптоми 21 ден и тоа е тоа, си излагаш од изолација. Доколку на своја сметка си се тестираш, може да испаднеш позитивна меѓутоа не го шириш повеќе вирусот.
     
    На AnonimnaDevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.913
    Пол:
    Женски
    После 17 дена од првиот симптом бев во контакт со моите и не можам да престанам да мислам дали им имам пренесено.. Инаку вирусот го поминав лесно два-три дена со температура до 37.9, затнат нос и губење мирис и вкус околу 7 дена ми траеше. После тоа немав никакви симптоми. Па поради тоа два дена не пиев воопшто витамини. Заради контактот дигнав паника, сега имам тахикардија и мерев температура 36.9. Што мислите вие дали е можно да сум го пренела?
     
  10. motojlo

    motojlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    355
    Да се надоврзам, еве 10ти ден е од контактот, никаков симптом немам добиено, а никој и од другите што биле во контакт со него не пројавиле симптоми. Дури ни тие што живеат со него. А корона има, не е лажен тестот, има изгубено мирис. Чудо некое...
     
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.086
    Допаѓања:
    26.713
    Најверојатно не си го пренела.
     
    На S.W.A.G му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    @fana @Kitten знам дека им фали дружба на децата, ама ете не ми се носи. Имам да пишувам на долго и широко, ама тука ќе запрам.
    Здравје, ако сме поминале или ако намали ќе ја носам во едукативен центар од пролет.
     
    На mal.ecka и Kitten им се допаѓа ова.
  13. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.199
    Пол:
    Женски
    Гледај ги позитивните бројки колку луѓе се оздравени, не ја гледај црната рамка.
    Зошто не ја подружиш со деца од пријатели? Одберете си некои блиски и сигурни, или ако ти е полесно на душата- некои што го прележале вирусот :)
     
    На fana, mal.ecka и kukla21 им се допаѓа ова.
  14. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.159
    Пол:
    Женски
    Не си наметнувај чуство на вина што детето го чуваш дома, без оглед на кпроната зимно време не е време за дружби, јас лани се изгорев така и памет за друг пат. Откако е роден синко секогаш сум пазела да не го мешам со луѓе периодов знаејќи колку несовесен народ сме. Другар на мм, детето му има роденден во јануари, мм секогаш одеше сам додека беше синко мал, лани ајде отидовме и ние, срамота било го послушав мм :| сестрата на женава од другаров седеше спроти нас, се утепа кашлаки и чешајки нос, нешто спомнуваше бронхитис ама ај викам не разбрав добро сигурно оздравела веќе ама така си поткашлува, не е толку несовесна болна да дојде меѓу деца, е ама била, за неколку дена јас за нигде, едвај од кревет станував на два пати ме повтори, месец дена се опоравував :worried: среќа детево не го фати може дека не седеше близу неа, а мажле има доста јак имунитет ама јас го на*бав, и не само јас туку и другаров сосе деца дома сите.
    Е, од тогаш викам мене на собиранки не ме гледа никој, кој сака нека се лути, никој не дојде да ми го гледа детето додека бев болна.
    Така да ќе помине и зимово ќе има време за се :)
     
    На LivingGlam, eli25, TeddyGrey и 4 други им се допаѓа ова.
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Многу е лесно да се кажува откако сте го прележале.
    Јас детето не го мешам никаде, а со тоа не се штитам себе или детето, туку и на пр.дедото што е хронично болен, со мозочен удар итн и што мораме јас или мм да одиме, макар и заштитени, ама ете сведувам секаков ризик на минимум.
    Разни ситуации има и претпазловост според ситуацијата.
    Не е туку така, дека ние ги заробивме децата и врзани се дома.
    Чувство на вина не треба да има, ниту пак некој да убедува некого да меша деца и во група од градинка да се оди.
    @Kitten ништо лично према тебе, апсолутно те сфаќам што кажуваш, меѓутоа во секојдневието не секој знае да се изрази и испаѓа тие што се пазат дека се ненормални. Па дури и на безобразен начин се кажува истото.
    Јас искрено, ако може, нека ме заобиколи, не би да фатам.
     
    На duffi, marchi-cool, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.199
    Пол:
    Женски
    Дали сакаш да кажеш дека јас безобразно го кажав тоа?
    Не е набивање чувство на вина, баш сакам да помогнам и да пробам да ги споделам моите гледишта на цела оваа ситуација зашто дефинитивно психолошки највеќе се погодени дечињата. Секако, на форум после дадено мислење и совет не дека е задолжително да се примени, нели?

    И ние имаме еден дедо со кардиоваскуларни проблеми кој секако дека го пазиме. Па не сум ни ја ненормална. При секој симптом на настинка ние не се гледаме со нив. Всушност ни со другите баба и дедо. А всушност јас никогаш не сум ни помислила дека ако го фатат дека ќе умрат. Многу луѓе околу мене со огромни здравствени проблеми го прележаа. Зошто да гледам црно? Велам сепак е до погледите, мајндсетот (што мразам да се изразувам на странски ама неам соодветен збор). Мојов дедо и покрај срцевите заболувања исто така си се дружи со одредена група луѓе, плус оди на работа. Има позитивен став кон животот, претпазлив е но не живее во грч. Ако дошла 2021 сега ќе биде ли различно од лани? Нема да се смени ништо. Мора да се ослободиме од тој стрес и да тераме позитивно. Јас не велам дека тие што пазат претерано се ненормални. Туку под стрес и преплашени. Тоа ни го направија медиумите, славните СЗО, па и форумов. Таква бев и јас првиот месец од пандемијава, дури и си накалемив анксиозност, стегање во гради сеуште ми се јавува дури кога најмалце ќе се изнервирам. Од здрава права, почнав хелекси да пијам од март наваму како последица. Дури и сум гневна што изгубив многу пријатели зашто се преплашени и сметаат дека ЈАС сум ненормална. Од мене сите добија разбирање дека не сакаат да се гледаме и еден ден јас пак ќе бидам тука за нив, но знам дека ќе биде обратно, веќе се осеќа дека пријателството не е како порано.

    Не е убаво да се оди во крајности. Мора да се прилагодиме и колку-толку да тераме некој си нормален живот.

    И не е точно дека вака зборувам откако сум прележала. Сеуште не сум 100% сигурна дека сум прележала, не се тестирав. Мојот став околу сарсот е ист од пролетта (откако скапирав колку е саат со Сзо, дека ни го наметнаа стравот дека оваа болест е малтене иста со чума), но не ми се припарува веќе во најактивната тема за ковид бидејќи има само апокалиптични ставови. Едноставно ми ја црпи енергијата.

    Ќе кажам само чувајте си го менталното здравје. Тука е јадрото на вашето целокупно здравје.
     
    На lavica82, azelea, mareane и 6 други им се допаѓа ова.
  17. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Не.
    Напротив, те цитирав да не мислиш зборам за тебе. Општото мислење ми е ова. Ти баш пристојно кажа.
    Мислам дека погрешно ме сфати.
    Чисто објаснив во какви ситуации сум се нашла.
    Верувам дека набивањето вина е обострано и од тие што седат дома и од тие што шетаат.

    Лично, не сум потресена, ниту пак ме дрмна анксионост.
    Имав моменти, да, паничев, ама ретко.
    Гледам да сум реална и да, психичкото здравје е битно.
    Тоа да си го негуваме.
     
    На Annath, Kris80, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.399
    Пол:
    Женски
    @INEEDLOVE
    Поради тоа што гледам имаш познавање на темава сакам да те прашам кои се испитувања ги препорачуваш после прележана корона?

    Се мислам да се испитам од глава до пети.:rock:
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.335
    Допаѓања:
    7.961
    Пол:
    Женски
    За сите што имате проблем со затнат нос и изгубен мирис.
    Ви го препорачувам риноко спрејот за нос, малку е поскап ама вреди за парите.
    Од лично искуство и искуство на други помага побрзо да се врати мирисот.
     
    На AnonimnaDevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.493
    Пол:
    Женски
    Едно другарче од маж ми вчера го однесе брат му до матичниот да се тестира и лекарот вика ајде и ти бидејќи си во контакт со брат ти. Со брзи тестови двајцата позитивни испаднаа. На брат му му дадоа терапија а нему бидејќи немал симптоми ништо. Притоа нема никаков документ дека треба да е во самоизолација. Тој после тестот си појде на пазарење лекови за брат му и нешто од маркет за јадење.