Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со коронавирусот – симптоми, лекување, совети од прва рака

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Cosmi, 13 ноември 2020.

  1. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.759
    Пол:
    Женски
    Мене на вибер ми го пратија. Санитарен и здравствен инспектор ги дава решенијата
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.024
    Допаѓања:
    16.141
    Известување за јавностa за постапување на ДСЗИ за COVID-19

    Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја информира јавноста дека сите лица кои се тестираат на ковид-19 потребно е во лабораторијата да дадат точни податоци за адресата каде ќе ја спроведат изолација (доколоку излезат позитивни) ако истата не се совпаѓа со адресата по лична карта. Наведеното се однесува и за лицата контакти на позитивен случај на ковид-19при нивното анкетирање од страна на епидемиолог од надлежен Центар за јавно здравје. Наведеното е од особено значење при проверките кои ги прави Министерството за внатрешни работи и секое не наоѓање на лицето нададената адреса повлекува покренување на соодветна постапка за која што ДСЗИ нема да презема никаква одговорност









    Во врска со актуелната состојба со пандемијата so COVID-19 и активностите кои ги спроведува Државниот санитарен и здравствен испекторат, согласно своите надлежности и заклучоците донесени од страна на Владата на РСМ, Ве известуваме следното:

    1. Државниот санитарен и здравствен инспекторат издава решенија за здравствен надзор /самоизолација, за лица кои биле во контакт со заболено/инфицирано лице со COVID-19. Рокот на самоизолацијата истекува со датумот означен на решението како последен ден на самоизолација и со тоа престанува потребата од надзорот од страна на претставниците на МВР.

    2. Државниот санитарен и здравствен инспекторат издава решенија за здравствен надзор /самоизолација, и за лица кои се позитивни на COVID-19. За овие лица рокот за самоизолацијата истекува по добивање на два последователни негативни тестови на корона вирус ( во рок од 24 – 48 часа). По исполнување на овој критериум престанува потребата од надзорот од страна на претставниците на МВР.

    3. За лицата кои се ставаат во самоизолација во времетрање од 14 дена бидејки пристигнуваат од високо и средно ризични земји, согласно заклучоците на Влада на РСМ, Државниот санитарен и здравствен инспекторат не издава решенија. Овие лица, како доказ за своето отсуство од работа ја приложуваат патната исправа(пасош) или изјава.
    Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по истекот на периодот за самоизолација НЕ ИЗДАВА потврди за завршување на самоизолацијата. Доказ е истекот на рокот од решенијата кои се доставени до МВР, или патната исправа или изјава.
     
    Последна измена: 24 март 2021
  3. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    Исто,5кг за 5 дена ослабев, само на течност сум ..
    И овошје не јадев деновиве, ништо ништо.
    Денес 10ти дем, болки во гради.. се удавив од кашлање, покасно ќе одам на ртг.
    Матичната пак без преглед ми препиша Панцеф, тоа ќе ми е трета доза атб за една недела. Ми кажа инхалација со дексазон да правам, ни колку ни кога.
    Веќе почнува да ме плаши вирусов, ова е ѓаволска работа.
    Како не можев со полесни симптоми да го минам ..
    Кои чаеви помагаат за смирување кашлица?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.026
    Чај од мајчина душица. Ако смееш сируп, земи го на Dr. Theiss, нема подобро нешто за кашлица.
     
  5. TinnaS

    TinnaS Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2016
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Татко ми прв симптом во саботата. Во неделата крена температура најмнпгу до 37.7 имаше.
    Деновиве максимум до 37 понекогаш.
    Црп 12. Крвна слика се е во ред.
    На тестот денес позитивен.
    Освен мала кашлица повременп не константно и повремена температура и малку намален апетит нема ништо друго.
    Мирис и вкус има.
    Денес му е 5 ден од појавата на прв симптом.
    Кога да се испитаат д димери?
    Извинете на долгиот пост ама ја суж во странство и незнам како одат работите со ова таму.
    Благодарам
     
  6. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.336
    Допаѓања:
    18.508
    Чај од бел слез е за кашлица ама не знам дали за смирување или за исфрлање на шлаем. Исто има и сирупи ,да видиш во аптека
    Јас на твое место би отишла во ковид центар, доволно си се отрула со антибиотици,нека те види инфектолог.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.405
    Допаѓања:
    126.850
    Ја доиш малата?
     
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.741
    Допаѓања:
    116.698
    Пол:
    Женски
    @Chanell* инхалации со декса се прават со инхалатор на струја, тоа се ладни инхалации. Се става 5 мл физиолошки раствор со 2 мл дексаметазон. Се прави два пати на ден.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    Да..
    Таков имам.
    Само некој тука имаше пишано кај позитивни не се давало инхалација ..
     
    На nena2010 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.741
    Допаѓања:
    116.698
    Пол:
    Женски
    Ostaj forum, slusaj doktor kako kje ti kaze. Od pocetok i Brufen ne se davase pa sega i toa se dava. Inaku za deksametazonot znam kako se dava zasto jas imam praveno inhalacija so nego i soodnosot mi bese kazan od doktor.
     
    Последна измена: 24 март 2021
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Што поскоро нека провери димери, јас сум со сличен тајмлајн (симптоми од сабота, позитивна од вчера) и денес проверив д-димери и крвна слика.

    Нека му даде упат матичната и во зависност каде ќе прави, нека се јави да го најави.

    Јас денес не платив ништо за димерите и крвната слика.

    Мој совет, да се консултира и околу примена на ивермектин... масовно подобрување забележав од една доза. Со лесно
     
    На Biljarkata и mal.ecka им се допаѓа ова.
  12. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.199
    Пол:
    Женски
    Јас на страната неможев да најдам.
    Не пишува дека прават серолошко испитување за сарс.
    @An-na јас мислам рано ви е на вас за проверка на антитела? Да не случајно дозна дали вадат од прсте некаде за на децава да провериме?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mila987

    Mila987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2014
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Го прашав дечкото што ме боцкаше ми кажа дека испитуваат антитела, колку време после позитивен тест е најдобро да се проверат?
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.199
    Пол:
    Женски
    Минимум еден месец.
     
  15. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.532
    Допаѓања:
    42.044
    Пол:
    Женски
    Те прегледа ли матичната барем еднаш? Ти слушна ли дишење?
    Како бе без преглед лечат не знам.
    Моиве матични човек немаат вратено, напротив ги викаат на два дена да ги прегледаат.
    Ако немаш каде оди на инфективна на преглед да знаеш на што си, а не без врска да се труеш со антибиотици.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.444
    Допаѓања:
    12.971
    Пол:
    Машки
    Близок роднина е позитивен по втор пат и тоа со кашлица, висока температура, малаксаност, болка во мускули и сл. Инаку немаат поминато ни 6 месеци од кога последно беше позитивен.

    Мислење? Возможно е повторно да се заразил по нецели 6 месеци од инцијалната инфекција?
     
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.724
    Допаѓања:
    35.726
    Пол:
    Женски
    Денес точно еден месец од тест. Матичната ми рече најрано следната недела.
    Јас планирам во Биотек, па ќе прашам за од прст. Инаку, јас во септември правев тест со антитела во Систина, мене крв од прст ми земаа :?:
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  18. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    8.579
    Ако првиот пат бил позитивен без симптоми, значи не бил болен, туку само "контаминиран" со мала доза вирус.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.444
    Допаѓања:
    12.971
    Пол:
    Машки
    Тоа ми е јасно но, имаше симптоми и тогаш, а воедно беше и хоспитализиран поради тоа што е дијабетичар на инсулин и има хроничен бронхитис.
     
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Се слушнав со колешка, сите заразени дома, ниту еден прегледан, ниту еден на антибиотик а скоро сите биле со симптоми, температура до 40, мускули, стегање во гради, кашлица. Само таблети за симнување на температура, течности, некој прашок за настинка и толку. Комуникација со докторот само по телефон. Веќе подобри се, од другата недела на работа.
    Се слушам со блиски од Мк, имале или немале симптоми, сите со панцеф. Сите крвни слики, рентгени бараат, лекови за кои првпат слушам.
    Или едните преувеличуваат со лекови или другите не се најсериозни. Не знам.
     
    На Biljarkata и renata77 им се допаѓа ова.