Форумџика на годината

Искуства со коронавирусот – симптоми, лекување, совети од прва рака

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Cosmi, 13 ноември 2020.

  1. lilly57

    lilly57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    393
    Пол:
    Женски
    Женски дали познавате некој што испаднал позитивен пак и после 27 дена?
    Знам дека нема можност за ширење зараза ама пак се исплашив.
     
  2. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.472
    Допаѓања:
    38.535
    Пол:
    Женски
    Можно е да покажува подолго позитивен тест, ама не е жив вирус веќе после 9-10 дена.
     
  3. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.236
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Вчера температурата ја имав само 2 часа потоа исчезна без ништо,денес ништо не ми е, само малку глава ме боли, маж ми исто е супер денес, ваљда само паничам. Иначе и јас не сум љубител на храна посебно некој да ми ја нуди ама трудна сум и женава запна земи па земи на маж ми му дала, купечка беше тортата, многу фини луѓе се, жената додека беше под терапија и во изолација ни во двор не излегуваше, ама пуста параноја одма врти филмот во глава.Со други позитивни контакт не сме имале.
     
  4. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.651
    Пол:
    Женски
    Јас лично има 4 позитивни теста дури на 30 ден испаднав негативна.
     
  5. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.077
    Допаѓања:
    44.185
    Пол:
    Женски
    Ден 4 од симптоми. Почна како и секоја настинка што ја имам при промена на сезона. Затнат нос, немав ни гребење на грло ни кашлање, никакви болки освен кај синусите кога се затнав и ми отече капакот на десното око, што искрено при секоја друга настинка што ја имам обично сум кашлала со денови, а сега за чудо не.
    Од вчера почнав да се подобрувам.
    Контакт со заболен сум немала, без заштита не излегував воопшто и ми се врти мисла од каде би можела да се заразам.

    Уште кога забележав дека ,,настинувам" продолжив со витаминска терапија и уште нешто што и обично земам за настинка.
    Олиговит, витамин Ц, Бета глукан прашоци, Тајлол Хот, Ибупрофен, спреј со прополис, парацетамол првите 2 дена.
    Се трудам да пијам витамини што е можно повеќе, чаеви и општо повеќе течности за разлика од претходно, па се надевам ова ќе помогне некому.

    Е сега, никој не ме контактирал за решение за изолација, а веќе сум дома од понеделникот и останувам. Дали да бројам 20 дена оттогаш?
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  6. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.119
    Допаѓања:
    27.026
    Од кога ќе ти дадат решението се брои. Број една недела од последниот симптом најдобро мислам тоа.
     
  7. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    На кратко ќе споделам нашето искуство со ковидот ,дома бевме позитивни 4 возрасни ,скоро сите со различни симптоми ,јас имав само ден ипол температура ,затнат нос и кивање повремено ,маж ми неколку дена ама не последователно темп.37.3 ,омалаксаност и кашлица која ае јави после 14ти ден ,свекрва ми со интензивна сува кашлица ,малаксаност и темп.37.2 можеби недела дена и повеќе ,температурата се јавуваше само во ноќните часови,свекор ми повремена малаксаност ,еден ден темп.и длабока продуктивна кашлица .Децата фала богу не ги фати или поминаа асимптоматски незнам нив не ги тестирав.Се лекувавме со стандард витамините ,свекрва ми сумамед,па панцеф ,свекор ми само сумамед сите зимавме хомеопатски лекови плус .Можам да кажам дека од тоа што слушам и гледам лесно поминавме .Јас и маж ми правевме антитела јас немам стекнато скоро ич ,маж ми има убава количина на антитела.
     
    На marchi-cool и sunmoonstars им се допаѓа ова.
  8. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.077
    Допаѓања:
    44.185
    Пол:
    Женски
    Се јавив кај матичната бидејќи на друго место се тестирав, ама рече нема врска, мора кај мене да излезе резултат. Кај мене стигнат веќе, кај неа ништо. Рече во овој хаос дури следна недела би ме контактирале во врска со решението, ама наводно се брои од денот на добивање на резултатите, иако се големи шансите да се јават подоцна.
    Се надевам ќе биде така, инаку ќе испадне по 2 месеца луѓе да седат дома.
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    754
    Пол:
    Женски
    И на татко ми му е дадена истата терапија како свекрва ти, Сумамед и Панацеф плус витаминска терапија. На татко ми антибиотиците претпоставувам му се дадени поради крвната слика: високо ЦРП, енормно ниско железо и високи ддимери, (за кои прима инекции) и сликата на белите дробови на кои се гледало дека има пневмонија. Иначе тој има благо покачена температура, околи 38, голема омалалсаност, и засега слаба кашлица, но тој е втор ден со симптоми. Како помина свекрва ти со таа терапија, после колку време почна да се опоравува? (Знам дека се е индивидуално, секој пациент си е сам засебе, ама од што сум загрижена сакам да знам искуства)
     
    На elcezelce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    919
    Допаѓања:
    671
    Пол:
    Женски
    Дечко ми се тестираше- позитивен е, иако веќе му е многу подобро, јас не се тестирав, ги имам сите симптоми, се слушнав со матичната ми рече да видам деновиве како ќе бидам, антибиотик не ми даде, и да се тестирам за околу 7 дена. Во самоизолација 10 дена. Инаку вкус и мирис вчера почнав да губам, мирис скоро ич не осеќам, вкус едвај. Ушите ми се многу затнати, многу послабо слушам. Температура немам, болки во мускули имам, кожата ме боли посебно лицето не можам да се пипнам.. Сакам да ве прашам пушачите, ги осеќате ли цигарите? Јас не, многу чуден вкус имам, ке пукнам за цигара...
     
  11. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Па веќе негде после 15 дена беше подобра стануваше ,почна убаво да јаде кашлицата траеше малце беше намалена и после 19 ден негде буквално преку ноќ престана да кашла.
     
    На sunmoonstars му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CrAzZyYy

    CrAzZyYy Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2011
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    2.213
    Пол:
    Женски
    Прашање за они што имате изгубено вкус, дали осеќате сол, шеќер? Или воопшто не? Јас сабајле јадев чипс со цаѕики сос и се си бесе океј, сега јадм од истата кесичка само солено чувствувам, мирис никаков, портокал мирис ништо само кисело. Плс ваше искуство дали воопшто ништо не чуствувате или?
     
  13. Slatkata00

    Slatkata00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2019
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    Кај мене имаше денови кога буквално ништо не осеќав... Кога почна да ми се враќа вкусот прво киселото почнав да го осеќам ,а се друго беше чудно т.е буквално јадев по сеќавање.
    Моментално во текот на денот краток период немам ни вкус и мирис, но потоа се враќа.
     
    На CrAzZyYy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.493
    Пол:
    Женски
    вирусите се пренесуваат до 14 дена пред појавување на симптомите. Најмногу 2 дена пред првиот симптом и 2 дена после првиот. Тоа е за сите вируси не само за коронава конкретно.
    внимавајте со сумамедот не смее да се пие повеќе од една доза. Точно дека апелираат ама докториве наши.... Имаше еден српски лекар вика пола од пациентите се починати од прејаката терапија со антибиотици.
     
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.493
    Пол:
    Женски
    да прашам освен тест тие испитувања на крвта ЦРП ... Сами ги баравте да се испитаат или матичната ги препорачува после добиениот резултат?
     
  16. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    754
    Пол:
    Женски
    Најпрвин тој се пожали на симптоми кај матичниот, па матичниот му даде упат за крвна слика, д-димери и црп, и слика на бели дробови, и откако му излегоа сите овие резултати од крвната слика,и виде дека е со многу високо црп, и со многу покачени д-димери, плус сликата на белите дробови на која се гледаше пневмонија, матичниот му закажа корона тест, зошто по сите параметри наликуваа резултатите на вирусот. Е сега во нашиот град, на суспектни случаи, д-димери и крвна слика прават во ковид центарот, каде едвај идеш на ред, па тој ддимерите и крвната слика и црп ги правеше во приватна лабораторија и каде заврши работа за брзо време.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    754
    Пол:
    Женски
    Да и јас така слушам нон стоп кажуваат дека се претерува со Сумамед, и мешање антибиотици. 1 доза што значи, само 3 дена да се пие, како што е едно пакување со 3 апчиња, така ли? Баш ќе прашам татко ми колку Сумамед му е препишано.
     
  18. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.694
    Допаѓања:
    5.657
    Пол:
    Женски
    Дечки препорака за добар и сигурен оксиметар , итно ни треба да набавиме ..

    Се работе за блиска личност во фам ми треба мислење , колку е сериозно црп 60 , наод на гради се има почетна пневмониа и мн др раб изнапишано на рез од рентген , висока температура после 7 ден почна над 38.5 , на терапија Лендацин , панцеф се прекина ( пиеше само 3 дена ( ама никаква ефикасност туку се влоши ) Др вика ќе се нормализира смире со инфузиите ама добро е сатурациа да се следе и др симп..
     
  19. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.062
    Допаѓања:
    119.014
    Пол:
    Женски
    Ние од тука го нарачавме, за 2 дена стигна и одличен е.
    https://www.facebook.com/578140556193893/posts/662683011072980/

    И во аптеки имало оксиметри пулсни
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.694
    Допаѓања:
    5.657
    Пол:
    Женски
    Го видов сега баш овој , значи добар е . Ќе им кажам да видат и у аптека и јас баш сега и и реков да звоне еурофарм и зегин да видиме и таму и да се земе до вечер од некаде .. Фала ти :hug:
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.