Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со коронавирусот – симптоми, лекување, совети од прва рака

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Cosmi, 13 ноември 2020.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.510
    Допаѓања:
    39.173
    Пол:
    Машки
    Да се тестираш.
    Ако не ти се чека до понеделник може да купиш и брз тест од аптека.
     
  2. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.153
    Допаѓања:
    13.942
    Пол:
    Женски
    Да ќе се тестирам но медицинариве со кои контактирам ме убедуваат дека е уште рано, не сум паметна веќе.
     
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.510
    Допаѓања:
    39.173
    Пол:
    Машки
    Имаше сомнителен контакт?

    Кога ќе имаш симптоми не е касно, напротив, на првиот ден од појава на симптомите на пример имаш веројатно доста висока концентрација на вирус во себе и најголеми шанси за детекција, после што постепено опаѓаат.
     
  4. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.153
    Допаѓања:
    13.942
    Пол:
    Женски
    Истото мислење и јас го делам, а башка не сум била во контакт со заразен колку што знам. Во комуникација со блиски биле во иста ваква ситуација со исти симптоми и негативни на тест. Дури и вработената во аптека му рекла на сопругот дека нејзиниот сопруг ги има истите симптоми и 3 пати се тестирал и 3 теста негативни. Лудило! Може е некоја нова варијанта веќе кои ги знае
     
  5. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.399
    Пол:
    Женски
    Дали има некој што бил позитивен и после половина година повторно да бил во контакт со позитивен?
    Дали повторно се тестиравте и кои симптоми ги имавте вториот пат?
     
  6. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    9.242
    Пол:
    Женски
    Каква витаминаска терапија примавте вие што прележавте Ковид?
     
  7. lolipoppp

    lolipoppp Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2020
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    170
    Секој организам е различен, од прилика кажуваат дека по прележување доколку имаш антитела би ти траеле 6 месеци, јас од март позитивна сега проверив повторно антитела и мн малку ми се намалени... контакти со позитивни имав но мене ништо не ми е се најнормално.
     
    На Принцезичка1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.510
    Допаѓања:
    39.173
    Пол:
    Машки
    Јас витамин Д, Ц и Цинк. Мислам тоа беше. Плус редовно јадење овошје и зеленчук, природни сокови и ѓумбир.

    Бев со лесни симптоми :)
     
    На Star_dust и mal.ecka им се допаѓа ова.
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Не знам во која тема би го сместила праќањево,јас мислам дека е за овде.

    Антитела на деца дали се проверуваат? Дали може да се проверат, дали ќе дадат некој резулатат за состојбата? Како што прашував неофицијално ми кажуваат дека на деца не проверувале туку родителот да провери ако има антитела веројатно има и детето
     
  10. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    9.242
    Пол:
    Женски
    Во која доза ги земаше витаминиве?
     
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.510
    Допаѓања:
    39.173
    Пол:
    Машки
    Ауф врска немам, мислам дека беше Ц од 1000 и Д од 2000, ама да не сум 100% сигурен. Цинкот стандард како што оди, 10мг или 15мг, не се сеќавам.
     
    На mal.ecka и Star_dust им се допаѓа ова.
  12. lolipoppp

    lolipoppp Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2020
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    170
    Некој што се разбира со тест за антитела нека ми пише лп.
     
  13. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    15.491
    Каков тест правеше? Ако е брз антиген има големи шанси да е погрешен резултатот. На мене брзиот тест ми даде негативен рез. а утредента ПЦР тестот беше позитивен.
     
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    8.677
    Пол:
    Женски
    Како сте? :) Мислам дека битен е и тајмингот кога се земаат тестовите, мислам во однос на симптомите што ги имате. Можно е и да е лажно негативен ПЦР-от, ако е прерано земен. На маж ми првите два теста му беа негативни (двата беа направени во првите седум дена од појавата на првите симптоми, додека сеуште имаше ниска температура и поблаги симптоми). Позитивен тест доби дури после 10 дена од појавата на симптомите кога температурата му беше многу повисока. Тој не изгуби мирис никогаш, ама син ми, кој се разболе една недела после него, крена од првиот ден температура и го изгуби веднаш мирисот. Значи, во првите 24 часа од појавата на симптомите. Тогаш веќе претпоставувавме дека мора да е во прашање ковид и се тестираа и двајцата и двајцата во ист ден добија позитивен резултат. Значи, маж ми десет дена по појавата на првите знаци дека нешто не е ок, а син ми по 3 дена.
     
  15. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    8.677
    Пол:
    Женски
    Дома сите пиевме Ц, Б, Селен, Цинк и Д и пробиотик. Зависно од состојбата и возраста сите земавме различни дози.
    Маж ми, со најлоша слика, додека беше со симптоми, земаше Ц - 2000 мг, Б комплекс - трипати на ден, Селен од 100 мг, Цинк - 50 мг. и Д-2000 мг. Пробиотик пиеше секој ден. Пак ќе напоменам, зошто ова се големи дози, дека беа земени во консултација со специјалисти, не на своја рака, и беа прилагодени на неговите хронични здраствени проблеми.
    Синот (13 год.), по консултација со докторка од детска клиника, додека беше со симптоми пиеше секој ден Ц-1000, Б- трипати на ден и Д-1000 (оваа доза Д ја зимаше само неколку дена, додека беше со температура, после ја намаливме). Посебно цинк и селен не му давав, зошто тие дози за него беа преголеми и зашто му давав пробитик Провен за школски деца. Тој во состав има мали дози Цинк и селен, не се сеќавам точно колку содржеа, ама нешто као 10-15 мг. мислам дека беа и докторката рече дека се сосема доволни.
    Најдобро да се консултирате со лекар, зашто преголеми дози од селенот и цинкот може да имаат несакани ефекти.
    Еве инфо колку селен и цинк е препорачано да се пие дневно според возраст:
    https://www.webmd.com/a-to-z-guides/supplement-guide-selenium
    https://ods.od.nih.gov/factsheets/Zinc-HealthProfessional/
     
    На victoria и Star_dust им се допаѓа ова.
  16. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.153
    Допаѓања:
    13.942
    Пол:
    Женски
    За моја среќа тестовите излегоа дека се точни :)
    Кај мене испадна некоја бактерија, не открив која бидејќи одма почнаа да ме третираат со антибиотик (фати викенд, матичната на одмор па консултации по тел...) Вчера прв пат ставив капки оперил и за половина час ми се врати мирисот, а се чуствувам и многу подобро фала богу.
    Сепак паниката со губењето на мирисот како еден од најчестите симптоми за ковид беше стварно голема
     
    На marchi-cool и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  17. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.153
    Допаѓања:
    13.942
    Пол:
    Женски
    ПЦР, ама испаднаа точни :)
     
  18. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    9.242
    Пол:
    Женски
    А пробиотик ради витаминиве пиевте?
     
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    8.677
    Пол:
    Женски
    Не. Пробиотикот ни рекоа дека е препорачливо да се пие кога си болен, особено ако земаш антибиотик, ама и да не земаш антибиотик, сепак, ја одржува здрава цревната флора. А здрава цревна флора помага во борбата со штетните микроорганизми и е битна за имунитетот и за здравјето воопшто.
     
    На Angie1432, victoria и Star_dust им се допаѓа ова.
  20. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    На 14ти Август се тестирав и испаднав позитивна, пред тоа имав покачена температура, омалаксаност, болки во телото, тешко дишев и кашлица. Докторката ми препиша Сумамед, Детрикал (витамин Д) и витамин Ц од 1000 мг. Сега сум подобро, немам температура само сум омалаксана, но ми се повраќа и не можам да јадам, немам апетит. Вие како го решивте проблемот со повраќање?