Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со коронавирусот – симптоми, лекување, совети од прва рака

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Cosmi, 13 ноември 2020.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.983
    Допаѓања:
    26.375
    Да,тест за антитела ќе покаже дали детето поминало ковид. Може вие да немате, тие да имааг.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 2103290926030702

    2103290926030702 Активен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2019
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво. Не знам дали пишувам во точна тема, но имам едно прашање до вас па доколку некој има искуство и знае може да ми одговори. Позитивна сум на Ковид 19 , но немам никакви симптоми и како што е законот треба да бидам во изолација 10 дена како асимптоматски случај. Но прашањето ми е дали јас можам да си направам брз тест на приватно и ако сум негативна да излезам од изолација порано, конкретно 3 дена порано? Дали тоа го дозволува законот во Македонија?
     
  3. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    3.119
    Одамна немам читано за симптоми, ми се чини тоа беше најактуелно коа испадна вирусот.
    Затоа, да прашам: кои се симптомите? Има ли некоја симптоматика која важи за сите или, пак, секој различно? Постои ли нешто што е обавезен показател? Уште важи тоа со губење на сетило за мирис и/или вкус?

    Како обично почнува да се чувствува заразеното лице?

    Фала.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.586
    Допаѓања:
    201.818
    Пол:
    Женски
    Симптоми како настинка за почеток, растечен нос, болка во грло, главоболка и температура. Губење на мирис и вкус баш и не, еве моиве немаат таков симптом. Ако се симне надолу, си ги дава класичните ковид симптоми, тешко дишење, малаксаност, можеби кашлица.
     
    На mal.ecka и theunforgiven им се допаѓа ова.
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Еве сега последно луѓето околу мене што се заразени им почна баш како настинка и изгубија мирис и вкус. Баш и мене чудно ми падна.
    Другиве пред неколку месеци имаа температура по 10-14 дена, страшна кашлица, пневмонија...
     
    На mal.ecka и theunforgiven им се допаѓа ова.
  6. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    14.115
    Пол:
    Женски
    Мене неделата поручек ми почна како настинка со растечен нос, до вечерта качив температура цела ноќ, понеделник ненормална главоболка и тт 37,5 до 38. Вторник позитивен тест, мирис изгубив, вкус имам ама слабо. Кашлам многу малку и половината ме боли од шо не можам да си погодам положба за спиење. Друго ништо, нормално си функционирам. Цел ден сум со маска дури и за спиење, нема шанси скрос да се изолирам децава цело време се до мене, морам вака. Од вчера веќе немам ни тт ни главоболка ништо, пијам витамини и то е. Е сеа не знам до кога треба да седам дома? После колку дена можам да ја тргнам маскава? Или до негативен тест? Некако ништо не сум информирана во врска со вирусов, ни читав ни се интересирав, и сега наеднаш заразена, појма немам ни од каде. :smirk:
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.586
    Допаѓања:
    201.818
    Пол:
    Женски
    Мислам дека треба да ти стигне решение за изолација, ако ти е евидентиран позитивен тест.
     
  8. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    14.115
    Пол:
    Женски
    Само брз тест направив и се самоизолирав. Не бев на лекар.
     
  9. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    На 5ти август покажав први симптоми и иако тестот ми испадна негативен, еве точно 2 недели сум дома. После колку време е најдобро да правам тест за антитела?
     
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.216
    Допаѓања:
    8.735
    Пол:
    Женски
    Најдобро е да се обратите на матичниот доктор и да си прашате се што ве интересира. За почеток ќе ви закажат термин за ПЦР тест, бесплатен е. Ако има потреба може да ве препрати и на други испитувања. Сите прво прават крвна слика, зошто вирусов не е само респираторна болест, болест е и на крвта.
    Не се оставајте без лекарски надзор.
     
    На Marmarin му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.092
    Допаѓања:
    77.165
    Пол:
    Женски
    Кај сите е различно. Маж ми во моментов е позитивен и прв симптом му беше грозница што го разбуди во ниедно време. После неколку дена страшни болки во кичма, колкови и нозе, па тек после тоа температура, болки во грло, кашлица, силна главоболка, неколку дена без вкус и мирис.
    Откако помина се во рок од една недела има многу високи д димери па прима терапија.
     
    На mal.ecka и theunforgiven им се допаѓа ова.
  12. Lacrimossaa

    Lacrimossaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, дали некој од вас има искуство со ниско железо додека боледува од ковид? Како поминуваат тие пациенти, дали може да има фатални последици?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    4.793
    Пол:
    Женски
    Јас имав железо 4.8 вредност, а и хемоглобинот ми беше под долна граница. Матичната ми препиша ферсан форте таб. 3месеци да ги пијам. Ги испив и сега пак треба да одам на контрола, инаку мора доктор да препише терапија за да се нормализира.
     
  14. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    3.119

    Постои ли нешто што даваат како лек за да не се симне надолу во белите дробови? Не ми е ич јасно како иде тоа... Мислам, обично, ако се спречи на време - нема да почне кашлица. Ама не знам како е со коронава.
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.586
    Допаѓања:
    201.818
    Пол:
    Женски
    Даваат, да, од ковид центар, бар моиве добија соодветна терапија. Детали не знам, ама и мислам дека не може да се купи на своја рака.
     
    На mal.ecka и theunforgiven им се допаѓа ова.
  16. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    3.119

    Ах, апсолутно точно дека не на своја рака, знам. Нешто развив симптоми јас синоќа, денеска одам на тестирање.
     
  17. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    765
    Извини вака што прашувам но знам дека ти го прележа вирусот,мажот ти тогаш не префати од тебе,и сега како си ти дали си заштитена по твое од вирусот,прашувам бидејки јас бев со антитела а за мажот ми незнам па незнам дали тој го прележал а никогаш не сме биле одвоени еден од друг.
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.586
    Допаѓања:
    201.818
    Пол:
    Женски
    Сигурно е заштитена. Брат ми кога се зарази пролетта, снаа ми и децата не се заразија од него. А сега фатија тие три, тој нема ништо.
     
    На ivi1987 и ubavka1 им се допаѓа ова.
  19. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.092
    Допаѓања:
    77.165
    Пол:
    Женски
    Ни маж ми, ни децата во јануари не фатија од мене иако не беа ич изолирани, во иста соба седевме по цел ден. Сега сите тројца се позитивни и со симптоми, маж ми најтешко помина а јас ни симптоми, ни ништо. Се тестирав 9ти ден од прв негов симптом чисто да видам дали е можна реинфекција, ама негативна сум со пцр тест.
    Моите исто беа позитивни во декември, летово имаа близок контакт со заразени, немаа никаков симптом после тоа.
    И матичната ни кажа дека има многу како нас, што немаат реинфекција а дома имаат позитивни.
     
    На JuLleE, mal.ecka, Sky-butterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.586
    Допаѓања:
    201.818
    Пол:
    Женски
    Имате имунитет, фала Богу, јас не знам зошто упорно се инсистира на вакцинирање на прележани. За непрележани, го разбирам притисокот, ама луѓе кои стекнале антитела по природен пат, не може да се помалку отпорни од вакцинирани и непрележани. Не знам по која медицинска логика се прави ова, и никогаш нема да разберам.
     
    На Beauchamp, redhead, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.