Искуства со лежење во болница

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од starbucks, 15 декември 2011.

  1. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.657
    Сте лежеле ли некогаш во болница и колку време? Во приватна или државна?
    Дали сте биле задоволни од односот на докторите и сестрите кон вас, од целокупната нега, условите и храната.
    Според вас дали е подобро да се престојува во државна или приватна болница, зошто?
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    57.493
    Првото лежење во живот ми беше кога се пораѓав со првото дете, во Систина. Односот беше супер, многу ми беше важно што таму ми беше докторот што ми ја водеше бременоста, па некако се чувствував како дома. Мислам дека е среќна околност што се погоди таму, супер за такви како мене кои прв пат влегуваат во болница, а имав и непријатности, па можам да замислам ако имаше некој со суров настап како што знаат да имаат во државните болници како ќе реагирав.

    Е после ме зареди... во рок од 9 месеци лежев во Систина 4 пати по една недела - една операции, и три пати ради проблеми со бременост, т.е. третиот пат се породив.

    Колку и да се болниците убави и односот добар, сепак чувството како да си во затвор тишти.

    Е после дојдоа децата... :)
    Прво искуство во државна на уво, нос и грло, со ќерката. Иако бев со врски и ептен ме истретираа како што треба, сепак некако чуден ми беше односот на сестрата, некако лоша ми се виде, веројатно ме потскара, а јас ненаучена на таков третман :). Храната беше ок, вкусна и фино спакувана. Секако и не ми беше важно, не бев во хотел туку во болница.

    Само што се вратив, после два дена отидов со синот во Козле, и тоа заглавив таму едно 10 дена. Во козле храната беше нешто полоша, т.е. не дека беше лоша туку ставаа во секое јадење сирење, а јас не јадам сирење. А не сакав да звучам како лигла и да барам муж ми да ми носи за јадење, па бев мртва гладна :D

    Шега на страна замуабетот за лошата сестра во државна, персоналот по детските болници е главно ок. По искуството во Козле што го опишав, лежев таму уште едно 4-5 пати сигурно, и тоа што го сфатив е дека сестрите или докторите не се лоши, туку едниставно имаат премногу пациенти и немаат време да ти се посветат колку што можеби ти сакаш.

    Тоа од што мене ме фати ужас, и поради кое мрак ми паѓа на очи ако се спомне лежење во болница се другите пациенти. Вообичаено сме биле по две во соба, и тоа најчесто ми се погодува по некоја Албанка од некое од селата меѓу Тетово и Гостивар, кај што колективизмот е на многу високо ниво :D . И не можам да сфатам - детето болно, на инфузија цел ден, они дошле на посета 10 души (буквално), со деца, со комшии, и седат по 3 саати и јадат ќебапи во соба. Во истата соба во која јас едвај го пуштам муж ми да влезе, а за друг на крај памет не ми паѓа, зошто болница не е кафана, значи не е место каде што се седи 3 саати, се јадат ќебапи и симит погачи и се чекаат гости. Да не требало да биде детето под посебна нега и во изолација, ќе било дома, а не во болница.

    Освен овие лежев сега скоро пак во систина, ама не на гинекологија, туку со малиот на една операција, и ок беше. Може звучи безврска, ама телевизорот во соба многу заврши работа, зошто да не беа цртаните филмови не знам како ќе истеравме два дена.

    Здравје, за месец-два пак ќе лежам на уво, нос и грло со едно од децата, мора да ги решиме крајниците.
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.973
    Пол:
    Женски
    Лежев во државна клиника, околу 5 дена бев таму. Немам поим на кој оддел се наоѓав, затоа што таква беше ситуацијата, бев онесвестена кога ме донеле и ме сместиле. Имаше уште неколку кревети во собата, ама јас бев сама, немаше никој друг со мене. Секојдневно добивав оброци, ама некако не ми беа по ќеиф, па мама ми носеше храна од дома. Докторите секој ден ми правеа визита, гледаа како сум, запишуваа нешто на некои нивни листи, а на крајот кога видоа дека сум подобрена - ме пуштија. Се сеќавам дека вецето не беше многу чисто. А освен тоа, беше малечко. Јас на мене постојано имав приклучено инфузија, секаде одев со неа, а во вецето не можев да ја внесам :worried: Смрт ми беше кога требаше да одам.
    За лежење во приватна клиника, немам искуство. Но, сигурно е подобро од нашивме државни болници.
     
  4. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.216
    Лежев во државна клиника за инфектологија, 20 дена! Хепатит А. 2009 година. Месец- Половина септември и почетокот на Октомври. Ако има некој на форумов што тогаш лежеше на трети спрат нека пише ;)
    Бев многу болна, и првата недела скоро и да не излегував од соба, вц-то беше во соба, а јас едвај доспевав до него да појдам. Потоа со терапијата и храната добив сила па почнав во ходник да излегувам и ги запознав “колегите“ сите млади и убави. Се дружвме постојано, пауза само кога примавме инфузии :lol:
    А на вечер.. е тогаш беше вистинската забава, карти игравме до доцните часови, шах, покер...
    Се случуваа разни интересни ствари, од неверни сопруги и мајки, до немирни деца, деца без родители, кавги по телефон, љубов, гледање фудбалски мечеви..
    Најинтерено беше што моравме да пиеше многу сок, па ноќе кога игравме карти во ходникот сите со по еден литар сок ВИВА :lol: И постојано се гледавме во очите еден со друг за да видиме на кој му се пожолти :lol: Најжолти му беа на Тони, он имаше сини очи, беше најубав од сите пациенти!
    А Даре беше право срце, панкер! Со него заедно дојдовме на болница, се сретнавме во лифт, он носеше две огромни кеси со овошје, а јас седев во лифтот со моите покрај мене, оти не можев да стојам на нозе ;( И заедно ја напуштивме болницата..
    Васка... Е она беше закон! Плава, висока и згодна. А богами и се заљуби! :inlove:
    Горан.. Он беше повозрасен, околу 30тина години, оженет, ама многу фер. Не кажа никому кога ја скршив масата во ходник,, :lol:
    Никола- тој имаше пирс ;)
    Кико- 7 годишно дете од дом за деца без родители, а имаше мајка! Која дојде еднаш или два пати, многу слатко и немирно момче, но сите го разгалувавме.
    Надиле- кутра женичка, беше со мене во соба. Многу ми беше жал за неа..

    Ехеее.. имаше уште, се дружевме многу, но доста е, ми се чини ова се највжните...
     
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.682
    Во градот од каде што потекнувам, можам да ги пофалам само.
    А додека за овде, струмичката :x :x :x Молам Бога да не дојде ред да одам во болница. Се договорив со маже, нареден пораѓај во Ск (освен ако не отворат овде некоја приватна). Трауми си имам од пораѓајот, од односот на вработените, од самиот началник на гинекологија. :x :x :x Да не дозволуваат посети на родилка со царски рез?!? Па и велат нека си стане нека земе што и треба ? А јас породена претходната вечер. Ајде што не му даваа на мм да влезе, не му дадоа, барем да прифатеа ќесата за мене и бебето.. Ма ни тоа. Се' додека не им пушти под ракав пари на сестрите... :x :x е тогаш ја земале ќесата и ми ја фрлија така кажано.
    Идиотки.

    Креветот пак, леле грбот сеуште ме боли од шипките.
    Хигиена? Што е тоа? Бебињата не ги бањаат, што останало за друго. Кога ги прашав зошто не ги бањаат, ми рекоа па ладно е. А се породив крајот на Јуни :D :fubar:
     
  6. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    671
    Последно имам лежено на очно и беше опасно за моите сетила за мирис ..Ме сместија во соба со баби -.- .. Мирисот на ружи уште мислам дека го осеќам ..
     
  7. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.023
    Имам лежено на инфективна 6дена. Можам да кажам дека сум задоволна, од сестрите, од докторите , од начинот на кој си ја вршат работата.
    Во соба бев со две албанки, со кои многу си заживеавме. Посебно втората кога дојде, многу убаво си поминавме. За спомен ми даде и шамија :)
    За јадењето не беше лошо, само јас ем болна, ем постев тој период, за Божиќ , па другарка ми(зошто сум од друг град) , Господ здравје да и даде, ми носеше јадење, ме однесе во болница, и ми изнакупи се што ми треба за таму.
    Јас немам лошо искуство засега, се надевам дека кога ќе дојде време за пораѓај исто добро ќе биде. :$
     
  8. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    2.034
    Болниците ми беа како втор дом, да не се подречам ама одмана немам лежено и не ни сакам :!:
    лежев на детска кардиологија 25 дена таму ужас, уште на статрот и дозволија на една проста та ми ставе систем абе луѓе 10 пати ми ја промаши вената :x и на крајот и се раздрав да ме пушти и дојде една од постарите сестри, за храната само леб и чај :tmi: а ја како што сум си јадачка на 5 минути буричкав по тоа ќесето да јадам нешто, бев сама у соба и тоа у последната |( абе секоја ноќ си плачев и си барав да си одам дома, татко ми ми носеше крстозборки, тетратки, гемчиња ама не помагаа :doh:
    после ми дојде цимерка девојчето беше 1 година помало од мене ама се слагавме, нон стоп заедно бевме, навечер игравме карти, монопол, нелути се човече :D ако ни се прејаде одма земаме ајвар, сиренце и маслинки и кркај колку ти душа сака, иако бевме во болница убаво поминавме се дружевме после тоа се допишувавме долго време се додека не ми стигна писмо од мајка и и ми кажа дека починала ;(
    за сестрите се грижеа за мене (како и не кога им бев редовна секој месец по 15 дена), мада имаше и такви кој не те ни рецкаа,и да ти треба нешто демек не те слушаат,кога бев ја тој период играше на млади бунтовници па од сите деца само јас имав привилегија да го гледам
    памтам 4 дена пред да ме пуштат ми иде на визита докторката и со неа уште 20 студенти :^) ме прегледува она и на дечкиве им вика повелете слушнете ја секој посебно и да ми кажете :@
    и викам добро ти арна си? НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ДА СЕ УЧАТ НА МЕНЕ! НЕМА ШАНСИ! виде не виде и не дозволи да ме прегледуваат ученици :^)
     
    На Avokado му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    2.743
    jas imam lezeno vo bolnica 5 dena i neznam kako da go kometiram toa...znaci i da si bolen od nekulturnite ponasanja i nevnimavanja ke se razbolis... no imam eden zaklucok neznam kolku ke se slozite so nego ONIE SO POGOLEMA FUNKCIJA T.E DOKTORITE BEA MNOGU PO VNIMATELNI I GRIZLIVI I FINI ZA RAZLIKA OD BOLNICARITE I CISTACKITE SI ZAMISLUVAA DEKA SE DIREKTORI NA BOLNICATA TI SE VLECES NA ZEMJA PRED NIV A TIA MISLES SAMO SO METLATA KE TE GURNAAT VO NEKOE KOSE ZA RAZLIKA OD DOKTORITE KOI STO VO OPSTO NE SE PRECENUVAAT
     
  10. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.250
    Допаѓања:
    7.106
    Пол:
    Женски
    Јас двапати сум лежела во болница во Клинички Центар во Скопје и тоа 2006 и 2014 год.и да ви кажам WC-то беше катастрофа....исто,ништо подобро катастрофа.Од персоналот неможам да се пожалам:)
     
  11. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.379
    Допаѓања:
    6.406
    Имам лежено двапати во Штипскиот "клинички центар"-ни к-то не го заслужува од клинички,ама ајде де така го прекрстија.Првиот пат беше пред 2012 година,поради силен напад на желудникот.Качив температура и се тресев од болка.Сместување како Хотел со (3-) ѕвездици.На два споени кревети 3 бевме,јас во средина на инфузии приклучена,оти сум помала:D И чистота и красота,натаму не коментирам.
    За вториот пат нема да пишам сега,тоа беше кога абортирав октомври 2012.Не сакам да се присеќавам каков хорор проживеав,многу на психа ќе ме удри,а избегнувам нервози во моментов.Ќе пишам друг пат во содветна тема.
    На приватно не сум била,ама имам слушнато дека пациентите ѓи гледаат како капка вода на дланка:)
     
    На katalina и LUCERKA им се допаѓа ова.
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.658
    Допаѓања:
    251.945
    Пол:
    Женски
    Незнам како ке ме сватиш но и тие сегашни студенти а идни лекари мора некако да научат.
    Од книга не се учи целосно,туку само делумно.Праксата го прави своето.И инекција да е,и инфуз или пак операција оној што стажира мора од некој и некаде да почне.Денес се жалите зошто се учат на вас а утре зошто немаат знаење.Па неможе кукла да преслуша и да даде дијагноза дали е бронхит,дали срцето чука забрзано,има ли аритмија и слично :)
    Не ти било угодно знам ама тоа е нормална процедура кај студентите.
     
    На MilaP, crimson, poenta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Сања

    Сања Нов член

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    579625, member: 23016"]Имам лежено двапати во Штипскиот "клинички центар"-ни к-то не го заслужува од клинички,ама ајде де така го прекрстија.Првиот пат беше пред 2012 година,поради силен напад на желудникот.Качив температура и се тресев од болка.Сместување како Хотел со (3-) ѕвездици.На два споени кревети 3 бевме,јас во средина на инфузии приклучена,оти сум помала:D И чистота и красота,натаму не коментирам.
    За вториот пат нема да пишам сега,тоа беше кога абортирав октомври 2012.Не сакам да се присеќавам каков хорор проживеав,многу на психа ќе ме удри,а избегнувам нервози во моментов.Ќе пишам друг пат во содветна тема.
    На приватно не сум била,ама имам слушнато дека пациентите ѓи гледаат како капка вода на дланка:)[/QUOTE]
    Shtip totalna katastrofa, bev nainfektivna neshto podobro odkolku na poragjanje so carskii uzaaas ne te poglednuuvaat vo kujna kaj shto ednas otidov lebarkii si shetaa po lebot, nemozes da mrdnes taa ti vika odi vo wc da se izmies sama stani. Haos vistinski horor