@AlicaInWonderland мојава ика често, по неколку пати на ден, понекогаш ја држи подолго време. Од болницата ни рекоа дека било нормално и да ика и да кива. Можеби и тоа има некоја повезаност со желдничето како што викаш ти. Ти благодарам на советите мила.
Ти благодарам мила на подршката и убавите желби. Во право си дека времето поминува брзо, дека секој почеток е тежок.
Мајки, што правевте со отварање породилно? Во инкубатор е малото. Стабилно. Дај Боже да биде добро и да си го Земеме најбрзо. Во моментов ни до породилно ни до ништо не ми дошло ама има рокови кои морало да се спазат.
Да е здраво и живо, побрзо да се гушкате. Како што ти рече @Larahappy за породилното, но за еднократна помош што даваат има рок. Јас не знаев, и последните денови ми кажа вработена во фзо да поднесам. Извод и книшка мислам требаше, ама колкав е рокот не се сеќавам. Прашај си
Значи има време. Еве линк @Ivyano има дискусија што треба https://forum.femina.mk/threads/Еднократна-парична-помош-за-новороденче.14167/page-54
Отприлика колку време ги чуваат на интензивна бебушите? Моето се роди 2100,од прв ден дише самостојно без поддршка.
за 5-6 дена си одите дома можно е тебе да те пуштат прво а бебе да остане таму тежината е ок само да не закаче некоја инфекција па да го пролонгира тоа одењето дома како е бебе? прима антибиотик?
Родилната тежина му е одлична, може да го задржат само што е родено пред време, да го пратат некое време. Мојата се роди 1810 , ја задржаа седум дена во инкубатор и два дена во топло креветче. Исто дишеше самостојно од рагање. Не верувам дека ке ве задржат повеке од една недела.
Ми рекоа прима терапија,ама каква детално не ми кажаа. Мислам дека има некоја инфекција од мене, пошо и јас имам, а и меконијална беше плодовата вода.
За жал на оинт нема правило кој колку ке биде.. на сите им посакувам што поскоро да се гушкаат со бебушите.
тогаш додека не се изчиате од инфекцијата ке го задржат колку зависи од самото бебе Кога ке ти кажат сека е преместен во топло креветче тогаш спремај се бидејки ти звонат во 1 2 3 5 саат поручек и ти викаат дојдите по бебето така како од ведро небо
Здраво мајки борци ! Пишувам од името на сестра ми која е уште во болница. Се породи во 31 недела поради пукнат водењак од некаква инфекција. Примаше инекции за зреење на белите дробови на бебето. Се роди 1460 гр, беше на маска за дишање, демек стабилно и витално. Денес 3ти ден и кажаа дека има инфекција на крвта и плус фатило жолтица. Ваши искуства? Дали е ризично ? Што да очекуваме ? Многу сме исплашени...
Пролистај ја малку темава сигурно повеќето за жал сме со вакво искуство. Се зависи од организмот на бебето како ке се избори и кој антибиотик ке делува.. и ние имавме инфекција фатена од инкубатор и ја совладавме после 3 4 дена. Знам дека е тешко и стравот е најголем во тие моменти, дедо боже ке го/ја чува верувам! Се додека се сонча жолтицата е нормална без паника. Се надевам е во добри раце и ке не израдуваш за кратко.
се може да очекивате а вие надевајте се на најдоброто пред вас е тешка борба но бебе ке биде јунак и ке си дојде дома известувај не како ке напредува бебушот @simonka93 коа сум на темава како сте вие?
Сеуште чекаме да се јават да го земеме. Од петокот е во креветче, сам се храни и од петокот до денес има 80гр качено.
Извини што ќе прашам, но дали знаете од кој инфекција е дојдено до предвремено породување? Стискам палци се да биде добро
Мислам дека не и кажале знам само дека и ставаа клиндамицин во инфузијата... Дај Боже се да биде добро !