Искушение

Дискусија во 'Психологија' започната од tessie, 19 февруари 2013.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.341
    Допаѓања:
    18.293
    Пол:
    Женски
    Искушението е желба да се стори нешто кое мислиме дека ќе ни` пружи краткорочно задоволство, но може да резултира со долгорочни и тешки последици.

    Како вие се справувате со искушенијата:подлегнувате, ги избегнувате ситуациите кои би довеле до искушување, или пак храбро се соочувате и успевате да одолеете?

    Јас искрено поисполнето се чувствувам кога се соочувам со таква ситуација и успевам да одолеам на истата. Не сум човек кој бега и се плаши од соочување со животот, а кога го победувам искушението чувствувам одреден вид на задоволство и поголема сигурност во самата себеси и сопствената сила.
     
    На a1nd2r3e4j5, КикиМаус и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  2. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    5.883
    Имам цврст карактер и не подлегнувам под искушенија.
    Се согласувам со напишаното Tessie дека по заобиколувањето и победата да не се падне под искушение,задоволството е огромно ;)
     
    На lovely girl M, ocila, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    835
    Единствен начин да го победиш искушението е да му се препуштиш-пауло Коељо

    Има време во животот да се соочиме со еден тон искушенија, но според мене цврстиот карактер ќе успее да ја занмари својата цврста желба и гордо да се спротивстави ! Бидејќи ако само им се препуштаме на искушенијата и подлегнуваме , единствен што ни останува е да тапкаме во место
     
    На a1nd2r3e4j5 и flowersss им се допаѓа ова.
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.617
    Сите некогаш сме паднале во искушение,и тој што ке каже дека не паднал лаже,сега како повозрасна личност е малку поинаку.
     
  5. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.253
    Пол:
    Женски
    не подлегнувам секогаш, ама секој бар еднаш подлегнал на искушение :D
     
  6. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    А зошто толку се плашите од искушенијата? Јас баш ги сакам, незнам дали бидејки сум уште млада, но кога пред мојот нос ќе се сретнам со искушение знам да го дочекам со насмевка и на интересен начин да утврдам дали се гине! :lol: :D
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.617
    Се согласувам,еднаш се живее.
     
  8. mrchatorka

    mrchatorka Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    52
    Токму така, еднаш се живее....затоа си ги бирам „искушенијата“ на кои им подлегнувам. Нормално е да се искалкулира cost and benefit-от на едно искушеније, што ќе добиеме, а што може да изгубиме.

    Па и чоколадото е искушение поготово кога си на диета, јас бирам да изедам една коцка и да се чувствувам задоволно, отколку да се мачам и да гладувам и да бидам несреќна :)

    Во суштина и не размислувам дали нешто е искушение или не, правам онака како ми чини и како мене ќе ми биде убаво, како што реков на почетокот еднаш се живее.
     
  9. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    4.238
    Пол:
    Женски
    Сите искушенија не се за "еднаш се живее". Некои стварно треба да се одбегнат. :)

    А јас имам подлегнато на многу искушенија но исто така се имам и соочено што е многу потешко :tmi:
     
  10. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    279
    Зависи, некогаш ако се чувствувам беспомошно знам да подлегнам на искушенијата, а доколку сум самоуверена и доколку повлечам црта тогаш нема шанси да направам нешто колку и да сакам.
     
  11. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.300
    Допаѓања:
    4.975
    Секој од нас барем еднаш во животот подпаднал под искушение да направи нешто но се ни е во потсвеста и само ние можеме да одлучиме дали ќе подпаднеме под влијание или не. Има добри и лоши искушение но јас се трудам да ги одбегнувма што повеќе можам и да се контролирам бидејќи секое искушение колку што ни личи дека е добро тоа може да е лошо за нас самите. Ќе дадам прост пример- чоколадото ни изгледа како добро искушение бидејќи имаме повратно задоволсвто од него,но не знаеме какви лоши страни ни носи чоколадото :) .
     
  12. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    7.989
    е сеа зависи од искушението, ама реално според мене или ќе подлегнеш или ќе избегнеш ситуација која би довела до искушување. Она третото дека ќе го гледаш искушението во очи и ќе му се смешкаш без проблем ми е тешко веројатно :^)
     
  13. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.822
    Допаѓања:
    5.137
    Пол:
    Женски
    Обично одбегнувам ситуации кои би ме довеле во искушение.
    Иако сметам дека сум доволно силна за да не попуштам под искушение сепак одбегнувам.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.341
    Допаѓања:
    18.293
    Пол:
    Женски
    ^^ За секого е индивидуално. Сум била во ситуација од третиот тип и доколку доволно силно се сака и те како е возможно. Но ние луѓето, некогаш не сме свесни за сопствената сила.
     
    На Madam-A и Emotional123 им се допаѓа ова.
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    30.139
    Пол:
    Женски
    На се можам да одолеам,освен на искушението.- Оскар Вајлд
    Секој се нашол во животот во ваква ситуација.Карактерот на личноста е пресуден,дали ќе падне во искушение или ќе ја избегне ситуацијата.Ако знаете да ја контролирате потсвеста,значи дека добро ги познавате своите слаби страни.А тоа ќе ви помогне да бидете имуни на некои негативни влијанија.
     
  16. Anne.B

    Anne.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    51
    Ретко подлегнувам на искушенија, обично секогаш размислувам за последиците и така успевам да ги надминам. Понекогаш и не е ок, особено кога ќе видам дека од премногу мислење за последиците сум пропуштила доста „интересни“ грешки, ама така се билда искуство.
     
  17. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.477
    Допаѓања:
    6.101
    Пол:
    Женски
    Прееска за момент си помислив и признавам посакав некои работи кои ми се да не речам " Забранети ".
    Но не подлегнувам на искушение. Неможам да носам гревови на душава.
     
  18. Marikka

    Marikka Нов член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    А зашто да не направиш нешто што сакаш, секако дека ја знам границата до каде треба да идам, ама и во тоа " еднаш се живее" има многу вистина :)
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.643
    Допаѓања:
    49.275
    Пол:
    Женски
    Ха, ако се живее еднаш треба да испробаме и да направиме се и сешто? :) А бе душички... и јас така мислев кога бев уште зелена, ама баш заради тоа и грешиме и скапо ги плаќаме грешките. Ретко кој е свесен што навистина е животот... Со тоа проживување на се и сешто всушност лошо си правиме на себеси влегуваќи во страшни гревови...

    А инаку, во врска со искушението, секој се нашол пред него и секој потклекнал пред него, некој повеќе некој помалку. Сум се нашла и јас во канџите на искушението ама за среќа како што минува времето се повеќе и повеќе знам да застанам пред него и да го одминам. Самоконтрола.
     
    На HUNK му/ѝ се допаѓа ова.
  20. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.804
    Пол:
    Женски
    Оваа лоша година многу паѓав, многу ми беа слатки и неодолливи тие искушенија, но мора да се стави крај, зошто не носат ништо друго освен неволја, неискажани зборови и солзи.
    Не треба да се слуша срцето, се трудам да не го слушам повеќе зошто си направив сплетки и тешко ми беше да се извлечам од истите.