1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искушение

Дискусија во 'Психологија' започната од tessie, 19 февруари 2013.

  1. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    хммм прашање е дали да се препушти на модерното време или да се држиме до вредностите што ни ги дава религијата ....хмммм, многу пати сум размислувала на оваа тема и сеуште немам одговор....
     
    На a1nd2r3e4j5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.312
    Мене ова често ми се случува кога наеднаш ќе дојдам до пари.. И сум во искушение сите да ги дадам на глупости. :D На долгорочен план сфаќам дека тоа не е паметно (не ретко кога е предоцна) зошто и сама сум знаела дека можам да ги чувам за некоја побитна работа што ја сакам во иднина.
    За друга работа, во скоро време и не сум паднала во искушение, зошто и да имам чувство дека паѓам во искушение за нешто што самата сум си го "забранила" уште веднаш си повлекувам јасна граница, ги разгледувам можните последици и си се повлекувам.
    Но, има некои работи кои знам дека е можно да ми донесат негативни последици некогаш во животот, но сепак ги правам зошто едноставно уживам во нив. Не знам, нив не ги нарекувам искушение, зошто не ни ги сметам за забранети па да имам guilty conscience, еве нешто од типот на 200гр чоколадо или цигари. :D
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Сеуште ги контролирам, и нема шанси да потпаднам...
     
    На HUNK му/ѝ се допаѓа ова.
  4. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.135
    Допаѓања:
    17.715
    Секогаш добро промислувам дали можам да се носам со последицити кои ќе ми ги донесе тоа искушение доколку му се препуштам, па тек тогаш одлучувам дали е вредно или не.
     
    На jasbi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Од петни жили се борам доста често со искушенија..
    Некогаш потклекнувам кога сакам да се олабавам
     
  6. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    8.692
    Пол:
    Женски
    Кога учам или кога треба да завршам некоја работа, искушението да баталам е најголемо. Но, кога ќе размислам, ако баталам нема да правам ништо паметно, па затоа ми е подобро да го завршам она што треба, па после на мир да не правам ништо :)
    Исто така и кога постам, ме фаќа стрв за благо(на пр. раванијата со млеко во фрижидер), но си велам дека ништо нема да ми биде ако издржам уште малку и тоа е тоа.

    Понекогаш ни треба поголема самоконтрола за да одолееме на искушението, ама кога ќе успееме чувството е убаво. :party:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.