Секојдневно гледаме разни теми и вицеви со црн хумор во кои се исмеваат човечките недостатоци. Koе е нештото што ги тера луѓето да постапуваат вака ? Дали се тоа луѓе полни со комплекси кои ги лечат на овој начин или сепак се работи за луѓе со психички недостатоци ? Имам куп недостатоци и никогаш не би можела да му се смеам на некој друг. Имам почувствувано на своја кожа и знам дека е одвратно чувството некој да ти се смее во лице, а притоа да не можеш никако да се одбраниш, едноставно немаш сила и желба. Исмејувањето на туѓите недостатоци е само една илузија поради која исмејувачот мисли дека ги нема истите, кое е вашето мислење ?
темава малку ме растажи,искрено да кажам.кога бев мала најчесто ме измејуваа дека сум била висока,дебела,затоа што сите беа пониски,а усвари јас бев крупна и моите родители такви се,крупни луге,високи,не дебели.секогаш ме измејуваа за нешто,бев мета на исмејување јас по природа сум тивка,затворена и никогаш мислам дека никого не сум навредила за нешто,а секогаш кога ме исмејуваа мене уште толку се затворав,а кога бев во ситуација кога исмејуваа други менував тема,да направам да се осетет поубаво,подобро.можеби некогаш грешам што повеке гледам за другите,дали ке се навредат,дали му смета нешто.мајка ми секогаш ми збори гледај за тебе и фамилијата,не велам да си себична,ама мислиш ако ти се грижиш за сите,и тие ке се грижат за тебе?сега поинаку е се,пораснав и некако ми е се поинаку,поретко гледам исмејување,или лугето околу мене се поинакви извинете за долгиов пост,ама некако ми тежеше на душа и морам да го исфрлам
Za da ismejuvas nekoj drug, treba ti da si sovrsen. A koj e sovrsen??? NIKOJ...zatoa pred da ismejuvame mislam deka treba da trgneme od samite sebe...site si imame po nekoj nedostatok, megutoa nikoj ne zasluzuva da bide ismejuvan, zatoa sto pred Gospod site sme isti. Ama sekakvi luge ima. Ne sfakaat deka site sme si ubavi na svoj poseben nacin....zatoa batalete gi lugeto so takvi predrasudi i zivej te go zivotot
Луѓето кои се способни да ги исмеваат туѓите недостатоци најчесто го прават во одбрана , имено да не се видат нивните недостатоци.Тие така си го хранат своето его и сигурно за момент забораваат дека и тие самите имаат по некој недостаток, затоа што никој не е совршен! Тоа го прават нечовечни луѓе бидејќи пред се, греота е да се исмеваме на нечиј недостаток, небаре негова волја е да го поседува. Многу ми е жално кога исмеваат некој физички недостаток. Жално е што тоа се случува дури и помеѓу најмалите. Сигурно сте имале во забавиште, во маало некое дебелко дете кое сите го избегнувале, кое не го вклучувале во играта и го викале „Буцко“. Што е тоа во луѓето така да размислуваат? Демек послабиот може и подобар пријател да ти биде !? Никогаш не сум исмеала некој физички недостаток. Во ред е да се насмееш на нечиј стил на облекување и сл. но кога се работи за физички недостаток прво треба себеси да се погледнеме па потоа да се смееме на другите.
Мислам дека исмејувањето на туѓите недостатоци е некој начин да се прикријат сопствените. Исмејувачот најчесто се плаши дека ќе биде исмејан па затоа исмејува. Не рекле за џабе дека нападот е најдобра одбрана. Сум била сведок на безброј такви ситуации од раното детство па се до ден денес иако на оваа возраст место да исчезнуваат тие ми се чини дека се уште поизразени. Можеби јас сум во таква средина каде сите се преценуваат себеси но истите ситуации страшно ме нервираат. Дури и се најдов во ситуација каде јас бев предметот на потсмев. Иако никогаш не го очекував тоа морам да признаам дека тешко се справив со тоа. Дури бев на граница на губење самодоверба и секој ден се преиспитував за секоја своја постапка се додека и сама не се уверив дека тие имаат многу поизразени и позабележителни маани па се обидуваат да го пренасочат вниманието кон некој друг. Години подоцна ова го сметам за една добра лекција иако неможам да го сватам задоволството кога ќе се повреди некој друг...
Многу лоша човечка особина.Греота е. Физички недостатоци никогаш не исмејувам, ниту пак кој како е облечен. Тоа ме имаат научено родителите уште од малечка- дека секој ќе си носи што си има, и да не се смејам кога другите ќе исмеваат некого. Може само да искоментирам за неубава коса кај девојките: ако е долга до половната, или ,оној ден видов девојка со боја на коса темно розово....така нешто, но сепак - секој си има свој стил и фризура
Некои луѓе преку исмејувањето на другите лечат свои комплекси,потиснати чувства на завист и страв дека никогаш нема да ги достигнат тоа ниво кое го достигнал другиот...За да се покажат во подобро светло го омаловажуваат и исмејуваат другиот и на тој начин се чувствуваат подобро.. Мене лично ми изгледа толку глупаво од страна...Али се се враќа,така да не прави го тоа што не сакаш да ти го прават!
На моиве неможам да се изнасмеам а камоли на други да се смеам. Оние кои ги исмејуваат недостатоците на другите се луѓе кои комплексите си ги лечат на сосема погрешно место. Греота е пред се.Тоа се луѓе кои не знат што да прават во своите животи па задеваат други. Сетоа тоа се должи поради тоа што, кај нас поголемо внимание се посветува на туѓите мани и нивно прикажување, а не се внимава на сопствените.
Аххх тоа исмејување..кога ми се исмејуваа се затворав во соба и пред нив само вртев глава како да не ги слушам и во глава ми се исповртуваа секакви мисли и едвај чекам да отидам дома и кружев вртев од кад ене само да не дојдам во конакт со нив .. но како поминува времето и растеме да кажеме созреваме повеќе и ме нема никој до сега исмејувано фала богу..па и да ме исмејува постои ИГНОРИРАЊЕ.Така да сега ич не им се замарам што сакаат нека прават. Никој не е совршен
Никогаш не сум се исмејувала на туѓите недостатоци. Оние личности кои што се исмејуваат на туѓите недостатоци имаат проблем со психата.
Нема потреба да се исмејувам на туѓите недостатоци а и никогаш не сум се исмејувала,така ме имаат научено од дома. Тоа што не сакаш да ти го прават немој да го правиш! Кој сака да го исмејаваат?Секако дека никој. Многу лоша особина е тоа, а сигурно и многу лошо ќе се почувствува исмејаниот. Koе е нештото што ги тера луѓето да постапуваат вака ? Не знам, можеби сакаат да си поиграат со чувствата на другите, сакаат да гледаат како другите патат или како што кажаа погоре да прикријат некој свој недостаток , ама знам дека овие луѓе немаат никакви чувства . За нив викам Нека се погледнат прво себе , а потоа да кажуваат за други! Дали се тоа луѓе полни со комплекси кои ги лечат на овој начин или сепак се работи за луѓе со психички недостатоци? Може да е и тоа и тоа.
Ова ми се случило и мене Ете морам да си признам. Ама само во оние вицевите - црн хумор. Знам дека не е оправдување, ама ете колку за ублажување на грешката стално после тоа викам Ајде доста, не е убаво така. Не дека тоа ќе поправи нешто...
Не е убаво воопшто да се смееш на се и сешто а најмалку на туѓи недостатоци Може малку чудно за некој но Господ враќа и не прави исклучоци .. знам по една другарка ! се смееше на една што носеше наочари .. за недела дена и таа носеше .. Мене дури ми е жал и сакам да помогнам во такви ситуации .. ни на крај памет не би се насмеала
Не е воопшто смешно. Господ гледа и враќа. Мајка ми, неодамна стави наочари. И на работа, синот на колешката ја исмејувал. Почнал со најразлични прашања, исмејувања. И кога по една недела, ни доаѓаат на гости и што да видиш.. Синчето носи наочари. Значи у животот Се се памти, се се плаќа, се се врти, се се ВРАЌА.
Навистина ме нервираат такви луѓе кои ги навредуваат останатите истакнувајќи ги нивните недостатоци. Па тие што се замислуваат, дека немаат некој мана? Тие таквите го прават тоа за да скријат некоја своја маана. И многу ме нервира исто така кога меѓусебно се нарекуваат кретени или идоти, а не го знаат значењето на ваквите зборови . Кога не знаат дека навистина постојат такви луѓе кои не сакаат да бидат такви. И дома ме учеа, ама по една случка на училиште во прво одделение навистина сватив дека не треба да се исмејуваат другите. Една моја другарка, така црничка беше, предизвика да две девојчиња почнат да и викаат ѓупка, а и јас им се придружив. Знам, и сега се страмам од тоа што го направив Таа не' кажа на наставничката и наместо да добиеме укор, наставничката ни објасна за бојата на кожата, за правата кои сите подеднакво ги поседуваме и најважно за чувствата на останатите. Од тогаш никогаш повеќе не ни се осмелив да исмејувам некого.
мислам дека најмногу ги исмејуват по тивките и страмежливте луѓе бидејки тие ретко враќаат и исмејувачите ги стават нив во центар за другите да не ги забележат нивните недостатоци-мое сваќање кое е жално за исмејувачите а стварно в срце ме мава некој од страна ко ке му речи на тие шо исмеват абе остај го греота е мислам дека со то дупло појке го повредва
Никогаш не сум се исмејувала на тугите недостатоци ниту би мене дури ми е и жал да гледам такви А Господ гледа па врака и треба да се ставиме на нивно место како би се чуствувале ние така некој да не исмејува епа сигурно не би се чуствувале убаво така да никогаш се немам исмејувано на тугите недостатоци а и никогаш нема
Никогаш не сум исмејувала и никогаш нема да исмејувам нечии недостатоци, бидејќи на секого можело да му се случи тоа, можело и мене па нормално не би ми било убаво некој да ми се смее.
Јас го исмејувам Слаткар од таквите. Пошо ми е глуп и ме иритира. И незнае едно интервју да даде. Дткало.