А зошто баш мислиш дека се сиромашни тие што се исмејуваат на туѓите недостатоци? Од каде овај заклучок?? И да не бидам офф, никогаш не би исмејала нечиј недостаток од причина што и самата не сум совршена, како и сите така и јас имам свои недостатоци.
Во моето општество најчесто се такви И молим те, на секој човек што е посветен на работата, на обврските да гледа како да извади леб за утре нема да фати и да исмајава некој друг како уличарите што лечат комплекси поради тоа што знаат дека за нив освен тоа баш и не се гради иднина И не си прва што ми го поставуваш прашањето...само во моја кожа кога ке си и кога некој може да ти го ремети мирот ке сфатиш. Затоа тркалото се врти...сите треба да си ги испружат нозете до кај што му стига чергата.
Во две реченици досега немам видено толкава контрадикторност. Свесна си дека во мислењево ги исмеја сиромашните што немаат леб да јадат, ги извади на маса предрасудите, а кажуваш дека се мизерија луѓето што исмејуваат. Што те прави па тебе подобра од нив, кога и ти истото го правиш?
Немам таков проблем,имав кога бев мала.Во второ-трето.Тогаш бев мала и само си плачев кога ме исмејуваа.Ама сега нека се обиде некој па ке види дека џабе си го трошел времето на мене.
Многу ми е грев за таквите луге, оти си го трошат времето на тоа што не треба да ги занима! 1. Ми се исмејуваа цел живот дека живеам со баба и дедо, и дека мајка ми и татко ми се разведени. Па фала Богу, они се живи, здрави, не се умрени , па да викаат дека немам мајка и татко. Можеби и јас сум слушала муабети за нивните фамилии, па не сум кажала ништо 2. Имам другарка, ама не е како нормалните деца. Со мене учеше од 1-5 одделение, и само јас и бев другарка. Значи никој не ја прашуваше дали и се оди по вц, јас сум ја носела, сум ја средувала, со неа сум одела на одмор, итн итн. Сите бегаа од неа, чинеш има заразна болест . Стварно ги жалам оние луге што се смејаат на некој човек што има недостатоци. Кој се смее на тој да му се навее
offspring1 Јас со такви луѓе се имам справено, многу пати, од друг понормален немам слушнато таква работа до сега и ако не знаеш се што ми се има случено немаш право да се пикаш за лајкчиња на мислењето. Досадни сте. И ти ако се пронајде во моето мислење,твоја ствар.
^ Алооо (ова замисли го со пет пати поголем фонт напишано)! Свесна ли си што пишуваш? Луѓето кои се исмеваат на туѓите недостатоци ги идентификуваш како луѓе кои немаат што да јадат дома! Кај ти е логиката?
Неможеш да докажиш дека и со моменталното твое дереџе не ти е тешко Спојлер не мислев во смисла да немат што да јадат туку во друга смисла сиромашни
Нешто што највеќе го мразам е потсмевањето Никогаш никого не сум исмејувала и воопшто не ми е смешно кога некој друг го прави тоа.
Многу „нормална“, работа во основно , па и во средно, идеален начин за доживотно набивање комплекси на младите луѓе, се јавува дури и на факултет... Се и се поради домашното невоспитување и негрижа на родителите за нивните деца.
Никогаш се немам исмејувано и нема да се исмејувам затоа што пред се ставам во кожата на тој/таа што е исмејуван и свесна сум за последиците.
А дали се сеќавате кога измислуваа вицеви за Ноне и и се смееја на висината, на градите. Мене ова ми текна сега. Не навлегувам во квалитетите на девојката како пејачка, не сум ја слушала. Но тоа беше навистина одвратно. На ФБ една пријателка и пријател постојано ставаа вицеви на нејзина сметка. Мислма дека кога така јавно и одвратно се смеат за некој, што ли зборат за сите други пријатеи зад грб. И од тогаш не ги ценев. За оние што се исмејуваат, Бугарите имаат една убава изрека: ЖИВЕЈ! (а не си лечи комплекси на други животи - во превод)
Личности со такви квалитети во Македонијава сеирџиска и затуцана имаме на кило. И тоа највеќе од оние кои го исмејуваат делото на некој друг, а тие не можат да го направат ниту десетина од тоа. Тоа е, многу диригенти, малку солисти. Mногу исмејувачи и критичари, малце стручњаци, а и тие малце веќе почнуваат да се чувствуваат под закана од првиве кои се котат како зајци. Јбг, тоа е. Ко шо вика Сашко Коцев, „експерти у све се разбираат никаде не работат, трета средно имаат завршено“. Да ги ставиш да кажат/направат нешто попаметно од оној кого го исмејуваат, 90% ќе се туфкаат/трткаат/мрткаат и пак на крај ништо нема да направат. Ама нема да ти признаат. пре ќе речат „Mа со врски/партиски беше. Нема правда.“
Оној кој исмејува туѓи недостатоци всушност ги лечи своите комплекси односно сака да ги сокрие своите недостатоци. Jас така си го сваќам тоа .