Исмејување на туѓите недостатоци

Дискусија во 'Психологија' започната од Wild.Child, 9 јули 2010.

  1. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    Не се потсмевам на туѓите недостатоци а и нема да се потсмевам во иднина.

    Јас, потсмеването на туѓите недостатоци го разбирам како израз на немоќта на еден човек да се изрази интелектуално.
     
  2. HollyCombs

    HollyCombs Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    19
    Не верувам дека од сите што сте коментирале барем еднаш во животот не сте се исмејале на туѓ недостаток. Посебно тоа се случувало додека сме биле мали,деца,основно,средно училиште. Понекогаш тоа исмевање е "невино" затоа што не си свесен во моментот какви чувства ќе предизвикаш кај другиот и затоа си се зафркаваш на негова сметка, му се смееш, исмислуваш шеги само да ги насмееш другите околу тебе или да се покажеш "фраер" пред другите. И сигурно барем еден пат во животот сме биле исмејувани поради некој наш недостаток затоа што никој не е совршен и верувам во тој момент на сите им "доаѓа" паметот како боли на своја кожа и зимаат одбранбен став спрема тие што се навредувани,бидејќи чувствуваат емпатија. Лично јас сум испејувала,но и мене ми го правеле тоа. За да дадеш мислење за нешто мора да си го доживеал,а тоа сите сме го доживеале..А заклучокот е никогаш да не се исмејуваме на туѓи недостатоци,затоа што и ние ги имаме и многу боли кога некој нам не исмејува.
     
    На Lolli и sweet-star им се допаѓа ова.
  3. Kristina.R

    Kristina.R Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    Пред да се исмеам се ставам во негова кожа како би се чуствувала ако некој ми го направи тоа :D обично и другите ги карам по малце ако се смеат на некој :lol:
     
  4. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски
    Не прави го она што не сакаш другите да ти го прават.
    Не ги исмејувам луѓето, ниту пак сакам, размислувам како би ми било мене.
    Никогаш не би сакала да навредам, да исмевам и сл.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Crazyinlove14

    Crazyinlove14 Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    8
    Денес тоа е честа појава особено кај деца на моја возраст,основно и средно.Никогаш не сум исмејувала,но ме исмјувале.Дури си викам дека мене тоа да не би го направиле и да сум имала можно јас би исмејувала некого,тое една особина која што многу ја имаат и е посилно.Но откако го осетив тоа на своја кожа мислам дека не би имала срце тоа да го направам.Како викаат,додека не осетиш не знаеш како е,лесно е да се каже.Мене ме исмејуваа поради тоа што сум дебела и ниска.А мене тоа не ми преставуваше никаков проблем и си одев со главата горе.Само ми беше жал за нив.Бидејки тие сигурно не биле свесни дека сите луѓе имаат свои недостатоци,никој не е совршен,мислат дека они немаат недостаток,жал ми е само што се лажат самите себеси.И мислат дека ако го направиле тоа направиле кој знае што,но со тоа самите се исмејуваат. :)
     
  6. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    5.133
    Ова го прават само луѓе со ГОЛЕМИ недостатоци...во главата
     
  7. Crazyinlove14

    Crazyinlove14 Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    8

    Не е баш така.Тоа е една особина како што кажав што СИТЕ луѓе ја имаат.И дека поголемиот дел што го осетиле тоа не можат да го направат.Но тие што не го осетиле сите го имаат тоа направено.
     
  8. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    686
    Многу го мразам исмејувањето на туѓите недостатоци,пред да навредиш некого стави се на негово место,како ти би се чувствувал некој така да те исмејува.....искрено ги жалам таквите луѓее...
     
  9. Camellie

    Camellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    107
    Тие што исмејуваат сакаат да ги истакнат недостатоците на другите за да ги скријат своите. И тие обично се или деца или недозреани личности, зошто на секој зрел човек не би му причинувало задоволство да повредува и навредува некој. Затоа и не треба да им се обрнува внимание на овие луѓе, никој нити е совршен, нити заслужува некој да си ги лечи комплексите со него.
     
    На Gordana10 и beyonce22 им се допаѓа ова.
  10. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Многу пати сум размислувала за ова - зошто луѓето ги исмејуваат туѓите недостатоци, кога знаат колку тоа боли? И, сеуште не знам зошто... Само претпоставки - можеби така ги потиснуваат своите комплекси; можеби само сакаат да ги повредат другите; можеби со тоа им се дига самодовербата и им јакне егото; можеби сакаат да испаднат јаки пред другите... Не знам... Меѓутоа, едно е сигурно - тоа го прават само недозреаните личности. Кој зрел, разумен човек би исмејувал нечии недостатоци кога знае дека ни самиот тој не е совршен?
     
    На Crazyinlove14 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. moonchild1

    moonchild1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    8
    Како мала бев прилично дебелка, па нонстоп ме исмејуваа, зафркаваа и тој период за секогаш ми остави спомени. Баш поради тоа и не сум се осмелила никогаш да исмејам некој. Ако не знам да ја одбранам исмејуваната личност поарно ќе си ќутам.

    Зошто другите го прават тоа? Наоѓаат задоволство во повредувањето на другите. Само гледаат да покажеш слабост и одма те напаѓаат. На тој начин сакаат да покажат дека се многу јаки, совршени.
     
  12. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Мислам дека секој човек има недостатоци. Кај некои за жал повидливи. Јас поради проста причина што несакам да бидам исмејувана не исмејувам. Но има луѓе кои воопшто не се грижат за чувствата на другите. Јас лично имам проблеми со дебелината и тоа баш поради исмејувања уште од мала ми премина во многу голем комплекс. Строго го осудувам исмејувањето на туѓите недостатоци затоа што мислам дека никој не е совршен. Но сепак луѓето се сурови и понекогаш не треба да им се обрнува внинание на тие коментари.
     
    На Angel4eeee му/ѝ се допаѓа ова.
  13. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    50
    Не постои совршенство.Никој не е совршен.Луѓето кои го прават ова тој начин го хранат своето его кое и тоа како е подложно на исмевање. Зошто? Бидејќи сите имаме недостатоци.Полесно е да се смееш на туѓите од колку твоите зар не? Со тоа што го прават се чувствуваат подобро и повредно од другите. Навистина проста и незрела работа. Жив пример за ова е темата за најгрди Hi5 профили,слики и ги објавуваат сликите јавно сите да видат и да ги реметат.Попросто нешто здравје. Сите од таа тема им треба серизно преиспитување на нивните вредности,морал и seriously to get a fucking life.
    Оние кои исмејуваат се луѓе кои што си ги лечат своите комплекси на погрешно место.
     
  14. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со Снегулка. Никој не е совршен. Ако гледаш кај секого ќе најдеш некаква маана. Чист пример е едно дете кај мене во школо. Некои букви не може убаво да ги изговара и се слушаат „смешни“ (за нив) и помалку изменети зборови, тие на тоа се смејат што тој не може да ги изговори. Мене навистина ми е жал што е така, знам како е да те исмејуваат (мене досега не ми се случило, но можам да замислам како е) не сум исмејувала никого зошто знам дека и јас имам некаква маана, па макар и да е „невидлива“ -ако јас не можам да ја видам/почуствувам другите одма ќе ти ја најдат. |(
     
  15. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Никогаш не ги исмејувам туѓите недостатоци, ОСВЕН ако тој некој ми згрешил нешто па така да си се олеснам.
     
  16. Camellie

    Camellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    107
    Заради тоа исмејување подоцна на луѓето им се јавуваат комплекси и целиот живот може да им излезе од колосек. Некој може да го поднесе тоа, некој не. А многу често оние што биле исмејувани во животот постигнале повеќе од оние што исмејуваат. Ако е некој пополн, не значи дека нема да ослаби или дека не е добар како човек. Или ако е некој ќутлив и сремжлив, па сите да му се истурат со навреди само да си се испразнат. Треба да се сфати дека сите имаат чувства, да ги прифатиме сите еднакво и без предрасуда.
    Ако го исмеваш некој, не си подобар од него, туку лигле.
     
    На esperansa777, Gordana10, moonchild1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    765
    Никогаш не исмејувам, дури секогаш кога сум во друштво и кога некој го исмејуваат се трудам да им го сменам мислењето, дури и ако исмејуваат некој непознат човек. Ме имаат исмејувано и знам какво е чувството за жал. Останато е тоа длабоко во мене , но се трудам да го поттиснам.
     
  18. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    во никој случај! тоа што некои луѓе имаат недостатоци не е по нивна вина.како недостаток кај мене го сметам тоа што сум изфрлана по целото лице со бубулици и сум приметила како ме исмејуваат.ама ако...
    бабами секогаш велела не се смеј на тоа што не е убаво викај леле на тоа што е убаво и што го посакуваш. :D
     
  19. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Ми се лоши од такви луѓе, кои за сметка на тугите недостатоци, со нивно потенцирање и исмевање се осекаат супериорно! Од мала секогаш ме учеле моите на никого да не се смеам, бидејки сите сме убави на посебен т.е свој начин.
     
  20. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    оскрено никогас се немам смеено за то а а мене можеби и да!.
    не разбирам јас засто би се смеала ако на некого му недостасуват некои работи :!: искрено јас незнам засто тука да има смеење :^)
    она сто јас го имам може некој го нема и она сто некој го има може јас го нема..
    здравје господ животов оди напред и секогас се слуЧуват некои оЧекувани или неоЧекувани работи :!: никогас не вели никогас!.