Мене тоа ми е многу глупо Како демек јас вредам повеќе од тебе Никогаш не сум исмејала некој или пак нечии недостатоци. Но сум била во ситуација во друштво кога некој се исмејува Па мајке му никој не е совршен! Се согласувам со членката погоре дека од тоа излегуват разни комплекси кои на тие личности ќе им пречат во животот Така да гледајте си пред себе, кој има проблем сам ќе си го реши
Тој што исмејува туѓи недостатоци не може да се нарече човек, неговата душа е исполнета со гнев и злоба, несреќен е. Тој сака и некој друг да биде несреќен, затоа одбира жртви за исмејување. Тој спаѓа во категоријата на луѓе-вампири, цицачи на енергија. Таквите луѓе треба да се игнорираат,ако те видат дека се вознемируваш од нив, тогаш се задоволни , си ја постигнале целта.
не е во ред да се исмејуваат другите,па и тој што исмејува не е совршен,но само тој што исмејува знае колку е лош и клет знае што му недостига на него,затоа така прават
и јас сум била исмејувана во училиште,не дека имав некој недостаток туку бев многу мирна и срамежлива и тие ја искористуваа мојата слабост и осетливост и ме исмејуваа бидејки незнаев да се одбранам,и бидејки бев најдобра во одделение сакаа да ме поттиснат,а во суштина беа деца кои немаа баш и некое домашно воспитување,со искривена слика за себе,дека се најдобри,а многу очајни и несигурни,и никој од нив не постигна нешто во животот а мене тоа ми помогна да станам посилна и колку толку барем сум подобра од нив,сега ја веднат главата кога ке ме сретнат а мојата е гордо исправена ама како што кажа членката погоре тоа ми создаде некои последници,комплекси во животот со кои сеуште се борам,и никогаш не сум се исмејувала ниту ке се исмејувам бидејки знам како е да бидеш од другата страна,чувството е грозно
Според мене тоа е врв на безобразлук..израз на малограѓанштина...недостаток на домашно воспитување,лечење на свои комплекси..
Не само со зборови се исмејуваат туѓите недостатоци. Мислам дека исмевањето е поприсутно во форма на гестикулации и постапки. Ама да не ви е гајле многу, позади секој добар коњ се крева прашина, тие што ве исмеваат ни најмалку не им е лесно, бидејќи немаат сопствена личност, зошто би ви било важно неговото мислење!? Напред девојки, најважно е да верувате во себе и да си ги сакате своите недостатоци, бидејќи токму тие ве направиле посилни!
Никогаш не треба да исмејуваш некој! Никогаш, во никој случај! Дека и ти ќе се најдеш некогаш во таква ситуација. Никој не се родил совршен, сите имаме маани. Секако дека не треба да се исмејуваме
_______________ А и што добиваат со тоа што ќе ги исмејуваат другите? Па, на крајот на краиштата сите сме луѓе и си имаме некои свои недостатоци Сепак не е убаво некој да се потсмева на сметка на друг
На физички изглед никогаш, тоа ми е жално. Но затоа на луѓе што немаат никаков стил и те какооо А најмногу се исмејувам (одвнатре) на прости луѓе кога направив некој испад. Баш преска една типка има 14-15 години мртва пијана натепала штикла 15ка и шева лево-десно. во 20 метри 3 пати се утепа. Епа ај не прокоментирај и не се смеј
кој се смее ќе му се навее... на физички изглед никогаш не се исмејува-затоа што можеби ќе се заљубиш во таа лишност или во личност со истиот недостаток што си го исмејувал... вие само кажете за исмејување има луѓе родени-само тоа им е работата а не се погледнале
Сите имаме недостатоци,никој не е совршен. Така да,прво треба себеси да си се насмееме,за да имаме лице да им се насмееме на останатите. За некого нечиј недостаток,е предност за другиот,и обратно. Оние кои исмејуваат никогаш не сум ги поддржувала,и нема.Едноставно не сакам да бидам во друштво на такви луѓе,кои потценуваат некого. Да не коментирам за оние кои исмејуваат некоја човечка мана или проблем..
Никогаш не сум исмејувала некого бидеќи никој не е совршен .Секој човек има мани па така и јас.А тие што исмејуваат не се погледнале себе а нашле за друг да гледат.Ми се гади од нив.
Никогаш не исмејувам туѓи недостатоци, да повредувам некој за нешто што ни тој самиот не сака да го има! Сметам дека и јас ги имам доста и незнам како би поднела да ме исмејува некој.
За жал во оваа наша чудесна земја тоа е секојдневие. Луѓе со ниска вредност и плиток ум си го прават животот позабавен.. Сум била исмејувана,знам како е и секогаш избегнувам да прокоментирам нечиј недостаток или да се приклучам на оговарачите. Сите сме човечки битија,несовршени,но секој има нешто што го прави поразличен од другите,нешто што го прави единствен.Ја знаете онаа: Mи се смеете затоа што сум поразлична,јас ви се смеам затоа што сте сите исти! Многу лоша човечка особина,за мене ваквите луѓе не заслужуваат да се погледнат а не па нешто друго...мозокот нешто не им функционира. Верувам во КАРМА,многу од измевачите ги стигнала казната а некои допрва ќе ги стигне,никој нема да биде промашен
Порано се секирав, си земав при срце. Сега само ќе се насмеам и ќе речам, ај погледни си се во огледало. Или нешто во тој стил... Ама битно, веќе ич не се замарам... Зошто да се замарам со некој кој е злобен и си нема попаметна работа...
Само сакав да дадам еден пример. Годинава, крај на јануари мислам дека беше на автобуска чекав автобус. Имав облечено капут ама одоздола дуксер (ладно ми беше ептен ), а дуксерот со капуљача. Дека у брзање сум заборавила да ја наместам, па позади ми изгледало како да имам грба. Гледам јас позади мене две деца, 9-10 години покажуваат на мене и упорно во грб ме гледаат. Од прва не ми текна што е работа тек покасно ми текна. Па си размислувам, што прават родителите на тие деца? Ете навистина да сум го имала тој недостаток, тие така би реагирале. Зарем денес родителите не си ги подучуваат децата дека не смеат така да се однесуваат, не треба да гледаат на тоа како на нешто комично или смешно. Мене мајка ми, кога бев помала кога ќе поминеше особа со некој недостаток, ако не сум разбирала во моментот, ќе ми објаснела. Но, никогаш не сум се смеела!
Аххх.Премногу ми влијаат понекогаш. Толку се нервирам,полудувам,станувам депресивна и анксиозна. Но,деновиве,денес посебно во иста мера (додуша на повисок стил) им враќам на сите. Ма нека се гонат!!! Што ги интересира какви фармерки носам? Дали пијам нес во шишенце смучкано у школо??? Итн,итн,итн... Аман од вакви ниакви,простодушни и незнам уште какви луѓе. Тоа е,мислат дека се којзнае што,а се бедни,љубоморни души! Не и се нервирајте,ве молам,за ваше добро.
за жал, во денешно време се губат вредностите во општеството во моето училиште школската ми вели види го има криви очи и така го гледа не можев да се воздржав и и реков како можеш така да кажеш !? не сме сите совршени, ни ти , ни јас ниту пак некој друг (а самата таа има криви очи) И која беше целта на потсмевањето ? ц цц ц многу се нервирам кога таквите како неа самите не се гледаат, а за другите зборуваат