1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исмејување на туѓите недостатоци

Дискусија во 'Психологија' започната од Wild.Child, 9 јули 2010.

  1. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Тие што ги исмеваат недостатоците на другите не можат да разберат дека тие се еден вишок член во општеството... :x
     
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.112
    Пол:
    Женски
    Живееме во таков век каде што секој мора да е нормален па недостатоците се кријат до одредена граница. Физички изглед никогаш немам исмејувано нити пак ако некој има некоја мана.

    Исмејувам прости типови на популацијата, најсмешни ми се 15 16 години девојчиња кога се шминкани како тетки. Верувам дека раното созревање на ваквите девојчиња носи многу негативности, мислам смешно е.

    Ме воспитале да го ценам човекот по карактерот што го има, битно да е добар не мора да е убав. Како и да е, многу е важно да научите да ги цените сите недостатоци бидејќи никој не е совршен, сите кријат на вешти начини но длабоко во себе имаат тешка рана.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 41319

    41319 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    Луѓето кои исмејуваат други го прават тоа поради нивната несигурност. Свесни се (или барем биле) за нивните недостатоци меѓутоа мислат дека ако вниманието го свртат кон исмевање на туѓите, нивните ќе се засенат. Притоа се надеваат дека тие недостатоци и несигурности што ги имаат ќе ги потиснат длабоко во себе, и кога ќе го постигнат тоа, со тек на време почнуваат да се опишуваат себеси како совршени - тие се најдобри на цел свет и што и да прават тие не се криви за последиците, туку криват некој друг.

    Исто така честа причина за тоа е лошото домашно воспитување, бидејќи нема кој да им укаже дека тоа што го прават е лошо. Има и некои родители што поддржуваат такво однесување бидејќи и тие самите го правеле и уште го прават истото.

    За жал секогаш имало и ќе има вакви луѓе. Од мали деца, па се до возрасни луѓе за кои се мисли дека се "созреани"..
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.742
    Допаѓања:
    38.510
    Пол:
    Женски
    Многу од тие што ги исмејуваат лицата со недостатоци, не се погледнуваат самите себеси. Никој на светот не е совршен. Тие што имаат недостатоци, мислите дека сакаат да бидат такви? Таква им била судбината. Греота е таквите да се исмејуваат.
     
  5. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    71
    Не сум по природа а ни по воспитување таков човек да исмевам и дури една од работите најмногу што ме нервираат е кога некој исмева некого. Отсекогаш застанував како штит помеѓу некој што сака да исмева и исмеваниот. Па тие што исмевале, си го добиле! Прво дали има некој совршен што би имал право да се потсмева? Нема. Никој нема право да му се потсмева на друг, за што и да е. Мене искрено ме нервира(а не исмевам) не толку паметни особи кога глумат интелигенција. А се покажало во најголем број случаи дека исмевачите се не толку паметни особи. И најчесто си ги лечат своите комплекси на други и мислат дека се многу јаки фаци, а всушност се најдолно нешто што постои во општеството.
     
  6. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    многу ми смета исмевање на туѓите недостатоци затоа што едноставно никој не е совршен и без недостаток и несакам такви луѓе шо лечат комплекси за жал денес многу ги има ама ке се најде некој ке им покаже каде им е местото ;)
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.775
    Допаѓања:
    141.883
    Хајтери. Ги мразат сите. Они треба да го кореигираат општеството, демек биле паметни.
    А во заднина тоа се луѓе со тешки комплекси, и преку понижувањето на другите, се издигнуваат себе си и никој нивните не го забележува. Порано ги мразев, сега ми е жал за нив.
    Го мразат светот, оти не му се достојни.
    Вика - види го, се исончал на лозје, селанец. А она сиромашката како кокошка се пече во солариум оти тате и дава пари, она лежи ко крава. Селанчево се намачило за леб дома да донесе. И она ќе шлапа кој каков бил. Ете за тие ми е жал.
     
    На lasthope му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.278
    Пол:
    Женски
    Никогаш не исмевам никој,посебно не некој што нема моќ да се бори против недостатоците,како инвалидитет и ред други недостатоци,сето тоа е многу ниско,па никој не сме совршени и најголемите "барбики" имаат по некоја мана, најважна е душата,бидејќи ако немаш душа ,немаш ништо имаш само пластично срце со кое ќе ги навредуваш другите :)
     
  9. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Луѓето ги исмејуваат туѓите недостатоци затоа што мислат дека со тоа ќе ги скријат своте недостатоци...Оние кои исмејуваат други луѓе всушност се слаби личности со ниска самодоверба...кутри и беспомошни суштества кои единствен спас гледаат во тоа..или едноставно го прават тоа за да заборават на својата тага и очај, за да мислат дека не се единствени, дека има и други кутри луѓе...
     
  10. Agawa

    Agawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    280
    На денешниве луѓе тоа им е на прво место-исмејувањето на туѓите недостатоци.
    На исмевачите очигледно дома огледалото им се скршило и немаат на што да се огледаат.
    Како тие да се совршени, а забораваат дека совршен човек не постои. :!:
     
  11. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Мене порано ме исмеваа во школо што сум била вегетеријанка...
    Ми кажуваа дека на вегетеријанците не им е развиен мозокот колку на тие што јадат месо... :x
    Јас си ќутев и ги гледав. Ги воздржував солзите и си кажав дека ќе си доживеат тие моменти во кои и тие ќе бидат така исмевани и бев во право. :D
    [​IMG]
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    583
    Никогаш не сум се исмевала на никого, така сум била воспитана. И не почитувам луѓе што исмеваат.
     
  13. FeminkaDoKraj

    FeminkaDoKraj Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    49
    охооо тоа секогаш ми се случуваше на училиште...исмејувања,подбивања тоа ми стана секојдневие,само дома имав мир :( ај издржав некако,едвај,додуша секоја вечер си плачев дома,пресушив знали од плачење,но фала му на господ сето тоа заврши! штета што не бев толку силна да го издршам машки тоа,но штода се прави...битно помина,иако сеуште со страв одам на училиште :/
     
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.278
    Пол:
    Женски
    Не исмевам никој , посебно не некој не може да се избори против тој недостаток како инвалидитет и такви недостатоци :devil: тоа е многу ниско да исмеваш некој кој му е доволно што и самата судбина го казнила , не по негова волја секако
     
  15. SwiFtiE-7330

    SwiFtiE-7330 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Никогаш не исмевам никој. Посебно поради физички недостатоци. Сите имаме маани, не постои совршен човек. Зар ние бираме како ќе изгледаме? Исмејувањето е голема неправда според мене. Кога седиме со другарките и тие ќе почнат да кажуваат, оваа е грда онаа е грда, оваа е ваква онаа е таква, ми иди да станам и да си заминам. |( Сум била предмет на исмејување и добро знам какво е чувството кога си исмеван.
     
  16. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.237
    Допаѓања:
    91.849
    Пол:
    Женски
    Морам да ти кажам и тебе дека на вегетарјанците им се восхитувам што воопшто се вегетаријанци и се држат на тоа . позз
     
  17. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.237
    Допаѓања:
    91.849
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум исмевала некој а и не сакам затоа што секогаш се ставам на негово место .
    Тоа е се домашна култура според мене !
     
  18. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Многу ги мразам луѓето кои ги исмејуваат другите,како тие исмајувачи да се совршени...никогаш не сум и нема да исмејувам некого поради неговите недостатоци....
     
  19. Jecichka

    Jecichka Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    22
    Не само недостатоци, како што поминува ситуација гледам се повеќе личности кои во дадена ситуација едвај чекаат да те понижат и зачинето да се изнасмеат на твоето мислење. Мене конкретно од кожа ме вади било какво искмејување на туѓа сметка и никогаш не го практикувам тоа. Да се позезаме е друго, да исмееме друго. нормално тука следува секогаш оној тип на муабет се шалам, се зезам но јас негледам така на тоа. Мое мислење е дека се работи за вид на комплексност која се моментално се лечи со исмејување и надистакнување над другите.
     
  20. Audrey16

    Audrey16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2013
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    51
    Најчесто луѓето се незадоволни од самите себе и од сопствениот живот и немаат на кој начин да си ја кренат самодовербата и воедно да изгледаат на повисоко ниво од другите па затоа понижуваат и исмејуваат други. Никогаш, ама баш никогаш нема да си дозволам да исмејувам некој само поради лична сатисфакција. Ако јас вредам како човек тоа треба луѓето околу мене сами да го видат, неможе моето деградирање на некоја личност мене да ме крене повисоко. Затоа никогаш нема да ги разберам таквите луѓе.