Исмејување на туѓите недостатоци

Дискусија во 'Психологија' започната од Wild.Child, 9 јули 2010.

  1. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    578
    Никогаш не сум го правела ова. |(

    И искрено ги сожалувам оние кои го прават ова, оти длабоко во душата се бедни и патетични створења.
    Да не навлегувам понатака, воглавно тие се оние искомплексираните кои очајно се трудат да излезат шо поголеми мангупи.. смешки бре! :D
     
    На maravillosa и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  2. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Сите исмејуваме до одреден степен, иако не е добро. И мене лично ми се има случено да ми падне криво или да се навредам кога некој ќе прави смешки на другите преку исмејувањето на моите недостатоци. Особено кога се работи за физички недостатоци.
    Инаку често се шалам на моја сметка за се' и сешто, а исмејувањето на други го искоренив веќе одамна и се чудам со кој памет сум го правела порано.....
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  3. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    272
    За тие што исмејуваат и тоа индиректно:
    Си одат две девојки по улица, се познаваат од 2 километри дека се трачарки невидени,поминува некоја трета девојка и уште од 3-4 метра почнуваат да зборуваат и да се смеат меѓусебно како била грда, видија ваква е онаква е. Добро стварно мислите дека не ве гледаат лугето? Сум била сведок на вакви прости настани, и уште не им иди паметот. Страмота, ама затоа сме ние Македонија. П.С НЕ се согласувам со постот над мене дека сите сме исмејувале до одреден степен, тебе тоа уште не ти е искоренето според постот. Ама гледам дека си 16годинки, имаш време.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.701
    Пол:
    Женски
    Охо, колку ме исмеваат во школо... поточно ме исмева една група девојчиња, кои би сакала овој пост да го прочитаат, а и можат.
    Значи, нема ден кога не ми имаат кажано некој мој недостаток. :!:
    Цело време:
    „Леле, Мила, колку си слаба!! Па ти од воздух живееш?!“
    Или пак сум потчукнала нешто со патентот на јакната и веднаш да искоментираат:
    „Де, бре Мила, се отепа!“
    Не ме исмејуваат само мене, и меѓусебно се исмејуваат... :x
     
  5. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
    Исмејувањето е одлика на несигурни луѓе. Ти препорачувам да ги игнорираш или само да им се насмевнеш. Не смееш да дозволиш некој да ти ја наруши самодовербата и достоинството. Бидејќи накрај тоа е се што ни останува. Секој ден започни го со насмевка, шири позитивна енергија, колку и да те интересираат другите, не ги гледај нив, гледај си пред себе. Можеби звучи невозможно но остани глува на нивните коментари. Како да не постојат. Бидејќи очигледно ти имаш нешто што тие немаат. Биди промената што сакаш да ја видиш во светот. Кога се променуваш ти, почнуваш да согледуваш дека и другите се менуваат, се приспособуваат на новата ТИ. Можеби е се до перспективата, не викам не. Но не дозволувај тие негативни луѓе да го извлечат животот од тебе и да те натераат да се почувствуваш помалку вредна.
    Работи проверено. ;)
     
    На maravillosa и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  6. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    44.320
    Пол:
    Женски
    Таквите луѓе многу ги повредуваат невините,оние кои никому ништо не му сториле,ни криви ни должни ги трпат останатите идиоти...Пред да го искоментира некој некого,треба убаво да размисли,можеби и тој го има истиот недостаток како оној за кого сака да коментира...Можеби ова и не е некој недостаток,но сепак ќе го кажам ова...Едно девојче на училиште ми вели:Види ја____,каква и е косана мрсна никаква,грда...Се вртам,ја гледам,нејзината коса,луѓе посјајна и од сонцено беше...Како во масло да ја мрцала косата...Само ја погледнав и си помислив која иронија...Коментира за некој друг,а себеси се нема ни погледнато,3 пати повеќе кај неа е изразен недостатокот кој го коментира кај другото девојче...Не е речено за џабе-Прво извади си ја гредата од твоето око,па гледај ја раската во туѓото око.
     
    На LittlePinky и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  7. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Само дебили и малоумни знаат да се исмејуваат. Ептен ми е мило што тие што беа вакви во основно најлошо им се деси :D
     
  8. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.611
    Пол:
    Женски
    Јас би се ставила во оние „сосема здрави личности кои имаат смисла за хумор“ кога се смеам на вицовите од црниот хумор на форумов, а, инаку не сум личност која се исмева на туѓи недостатоци лично пошто никој не е совршен, лесно можат да ти удрат тапа, а во последно време имам забележано луѓе што постојано го прават тоа, а на мене целиот живот би ми бил краток за да им се исмевам на нив ...Исмејување на туѓите недостатоци е стварање илузија дека исмејувачот ги нема истите,а со самото исмејување потврдува дека и он има недостатоци и тоа ментални!
     
  9. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.176
    Исмејувањето најчесто е застапено во средните училишта. Во последно време е се поголем бројот на деца кои што се „жртва“ на вакво исмејување и поради ова се самоубиваат. Во Македонија нема многу такви случаи, но во САД ги има во изобилие. Мислам дека тоа зависи од родителите, ако тие се безобразни и арогантни створења, тогаш и детето ќе им биде такво (зборувам за мојов пример погоре).

    А воопшто за сите исмејувачи на туѓи недостатоци, мислам дека тоа се искомплексирани луѓе кои што немаат свој живот па коментираат за други. Таквите треба да се игнорираат, бидејќи не е казниво исмејувањето, неможеш да ги тужиш, а да се нервираш за нив не вреди. Ние самите си ја знеме вредноста наша без разлика на физичките недостатоци.
     
  10. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    36.092
    Пол:
    Женски
    Никој не е совршен,ама секој е подготвен во лице да ви плесне некоја фраза.
    Менталниот склоп кај луѓето е нарушен.Не го користат кога треба,а го вклучуваат намерно кога не треба.
    Не постојат луѓе.А нелуѓе има насекаде околу нас :devil:
     
  11. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.417
    Пол:
    Женски
    Секој кој има почувствувано исмејување на своја кожа никогаш нема да го направи тоа. Тоа го прават не созреаните луѓе. Без срам, без жал, за грев се. Тие се за жалење и исмевање!

    Од мала сум така воспитана да сфатам дека никој не е совршен. Секое живо суштество има недостатоци, некои ги имаат повеќе некои помалку, некои се видливи а некои не. Сепак тоа не е битно. Сите сме луѓе, сите сме од мајка родени па јбг не сме од некоја печатница правени. Никој не може да биде совршен, имаме недостатоци и тоа многу. Некои недостатоци се и сокриваат секако.

    Има многу луѓе што се навистина многу осетливи и тоа што им е кажано многу ги повредува, еве јас спаѓам во нив. Еве пример мене некој да ми каже дека сум убава нема да му верувам, а ако ми каже дека сум грда тоа нема да го заборавам цел живот. Таква сум, не можам да се сменам. Не ни сакам. И зошто, зошто кога знаете какви осетливи луѓе сеуште постојат исмевања. А јас искрено не верувам некој да се нема насмеано на некој, онака да го исмее. Признавам јас, сум го направила тоа. После тоа ме гризеше совест, со вечери не спиев, а не верувам дека и тој што сум го наврадила не спиел добро. Криво ми беше, се покајав илијада пати. И се заколнав, се заколнав дека повеќе нема да кажам нешто што не треба. Ќе размислам два пати пред да кажам нешто, потоа ќе го кажам.
    А малку забегав од темата, ама се исјаснив.

    Никогаш немојте да навредите некој, потоа ќе се каете. А на таа личност ќе и набиете комплекси за цел живот. А не секој е совршен.
    Сведок сум и на исмевање од цела група девојки, значи возразни девојки од 17 години. Не се исмевале на мене, туку на други девојчиња по улица, кои онака случајно ги гледаат и одма коментираат за нив. Од тоа какви облеки носат, до тоа на кој начин им е косата или едното око и е малку различно од другото. Тоа не е битно, внатрешната убавина се цени!
     
    На eliesaab и Silver.E им се допаѓа ова.
  12. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    603
    Најжално е што тоа исмејување ( посебно во основно и средно ) остава трајни последици. Сум била исмејувана и поради тоа доста несигурна ама сето тоа над мене нема оставено многу силно влијание.
    Ама познавам личности кои навистина си имаат комплекси поради тоа исмејување од недозреани глупаци, некој неможе телото да си го прифати, некој висината, некој подобро слеп би одел одколку со очила.
     
  13. vreme

    vreme Нов член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    исмејуваат најчесто оние кои имаат битни комплекси кои не се воспитани и кои се грозно љубоморни луѓе. најчесто им се на мета мирни и повлечени деца и нив ги напаѓаат за да можат да си ја нахранат својата болна психа без да размислат што прават болката што им ја задале на некој друг тешко се лекува.пред да кажат нешто треба да се погледнат во огледало какви се употребуваат погрдни зборови од типот фрикови а од нив поголеми фрикови здравје но ако еден ден се тоа ќе им се сруши на глава.познавам многу луѓе кои неможат да се соземат од таквите луѓесепак тоа потекнува од семејството и од воспитувањето.
     
  14. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да исмејувам некого, бидејќи знам како е да си исмејуван.
    Ова ме потсети на една случка ;( ....
    И секогаш тие се "главните фаци" и тие "се знаат"...
     
  15. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    4.411
    Пол:
    Женски
    А зошто тука сите зборуваме напразно,како не чинело исмејувањето, ако вас ве исмејава некого тогаш вие не треба него итн итн...
    Па дајте луѓе покажете малце одбранбен став, дадете им до знаење дека не се тие ништо повредни од вас, едноставно немојте да молчите и да слушате, така ке си створите комплекс,за цел живот...
    Ние сите сме луѓе, исти, рамноправни. Тоа што е некој поубав а некој погрд е Божја работа. Дајте му го до знаење тоа на сите копуци што ве навредиле, спуштете ги на земја.
    Јас од никогаш на некој послаб од мене(а обично така им прават на слабаците) не сум рекла ниту еден погрден збор, ниту една иронична насмевка, ниту едно зае*авање со другите зошто знам дека нема никаква смисла после 20 години тој некој што бил исмеван да ми биде шеф? :?:
    Малце забегав и јас од темата, но ако некој се закачал со мене во средно или основно многу добро им го покажував патот. Кој како со мене-така и јас со него...
     
  16. vreme

    vreme Нов член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    кога некој некого исмејува дај му само пари за огледало да се виде самиот каков е нема да му текне никојпат да каже ништо.таквите луѓе само се едни невоспитани суштества.си формираат групи за да бидат посилни.безчуствителни,не сум огорчена бидејки сум доволно возрасна за да ги огнорирам и сватам и нив,но тешко на некое емотивно дете во развој ако го нападнат,затоа тие суштества не ги сакам си земаат право да креираат туѓа среќа или несреќа.
     
  17. smiley16

    smiley16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    51
    Уште од мала отсекогаш сум била исмевана, на која и страна да се завртев, и сето тоа поради тоа што бев " дебела ", и после толку поминати години тоа исмевање и сега ми влијае на животот. Ја загубив самодовербата, во главата имам безброј комплекси за моето тело и со часови можам да стојам пред огледалото и да се гледам. Па штом секоја ден на училиште по некој ти се исмева и те нарекува со погрдни зборови од типот бишка, цистерна, крава, гица ( извинете за вокабуларов) тогаш како може да имаш самодоверба, штом еднаш се изгуби самодовербата тешко се враќа. Сега во моите најубави години, јас постојано мислам на тоа, затворена сум во себе и секогаш кога ќе треба да разговарам со некој ми се чини дека го гледа мојот изглед ( иако пред неколку години ослабев), и не си го сакам моето тело. Затоа пред да исмевате некој размислете, бидејќи за вас може тоа е забава за да се покажете и не ви значи ништо, но за другиот тоа може да остави траги во целиот негов живот, каков што е случајот со мене.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617

    Сето ова што го имаш напишано ме опишува и мене и мојот живот. Како помала во основно бев исмејувана дека сум носела очила, бев исмејувана дека сум од село.Ме исмејуваше едно дете кое беше мрсулко,не знаеше 2+2 и се губи во просторот а сепак е ,,фаца,,.Хах,жити фацата.
    Уште тогаш ја загубив својата самодоверба и еве денес кога сум во друштво гечкам(не ми текнува во моментот збор на литературен македонски) и целосно се губам во просторот.Кога ке ги погледнам другарките само една реченица ми иде низ глава Најгрда си вестлајф,најгрда си.
    Ги гледам опуштени си се на излегување,јас ептен пристојно се однесувам а нормално тоа тие го исмејуваат.

    Посетив психолог.Со само една средба премногу ми помогна.Ми кажа ти си една од ретките девојчиња која размислува зрело и знај дека вредиш многу повеќе од нив.

    Имам една колешка на факултет гечка,тоа и е говорна мана,девојчето е премногу паметно,фино но кога ке кажува нешто пред цел амфитеатар многумина ја исмејуваат.
    Луѓе свестете се! И тие се луѓе како вас,верувајте можеби се и над вас!
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vreme

    vreme Нов член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    сепак мислам дека секој родител кој има дете во тие години основно средно треба да повнимава како се однесува неговото дете во средината дали повредува со своите зборови постапки.правејки се главен во средината може многу да повреди некого да му ја наруши самодовербата а за да се врати самодовербата треба многу време .никој нема право да се меша во тугите животи да дава мислења за други да повредува.после депресивност анксиозност и.т.н.а сето тоа е последица на нечија невоспитанос лошотија .сакам да кажам дека не е ФЕР.не е фер луѓе.а и во училиштата тој кадар кај што ги оставаме нашите деца воопшто не се грижи за нив педагози психолози гледат само да им поминат работните денови без да мрднат со мал прст.а ништо не треба посебно да се стори само добро воспитување од дома и од образовниот систем значи од нас возрасните е.
     
    На sunfemina и Westlife им се допаѓа ова.
  20. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.814
    Допаѓања:
    61.895
    Исмејувајки ги другите луѓе и нивните недостатоци си кажуваме какви сме ние во суштина - злобни и нечовечни. Секој човек има некоја слаба точка која што ако се исмева ќе остави последици врз психата на личноста - привремено (во вид на навреденост) или трајно за цел живот. Жалосно е колку се злобни некои луѓе кои што секогаш гледаат на личноста спроти себе да му ги најдат недостатоците и исмејувајки ги да си го покачат својот рејтинг - во училиште, меѓу пријателите или на работа. Но, за среќа постојат и оние други луѓе кои што многу лесно ги ЧИТААТ првиве и им застануваат на патот докажувајки ја нивната злоба...
    Не ги исмејувајте недостатоците на луѓето околу Вас, бидете пријател со сите луѓе, можеби некогаш во животот тие ке бидат единствените кои што ке Ви пружат рака!!!
    Еднаш се живее, да го живееме животот опкружени со насмевка и добрина!!! :) :inlove: :)