Еден тип, ја исмеваше својата девојка, затоа што таа имаше лузни на лицето, кои и не беа нешто страшно. Не знам како ги добила, не ни сакав да прашам, а девојкава беше многу ок и плус беше убава и згодна девојка. Знам дека и беше тешко, затоа што ја нарекуваа scarface и можам само да замилсам низ што поминала и сигурно не и било сеедно. Ама ете, говеда, секакви има по светов, невоспитани и идиоти. За жал, за голема голема жал, на тоа говедото што и се потсмеваше, пошто сега веќе работно се гледам со него, малото, душиче паднало незгодно и си направи ожиљак на лицето. И сега го гледам него како такто, и мене многу ми е жал за неговото мало, пошто е срцка преубава и тој се секира што ете девојче е и утре ќе ја зафркаваат. А мене на тој негов муабет, на врв на јазик ми е да го потсетам што тој и кажуваше и како и се потсмеваше на неговата девојка тогаш! Ама мислам дека е свесен и се кае. Нема по нехумана работа од тоа исмевање на недостатоци, без разлика дали се физички или поинакви...ама тоа е огледало на домашното (не)воспитување на децата и на родители кои многу се перчат а се никој и ништо. И после некој ќе рече дека животот не е тркало и не се врти....
Зошто да измеваме? Ништо нема да добиеме од тоа. Не исмевам никого, иако секако, мора да се најде некој кој мене ме исмева. Како помала ме исмеваа поради тоа што сум ниска, а и сега секако. Кој ако не сопствената сестра? Сум била здебелена, сум била ослабена, не сум знаела убаво да одам... Ова, она. Па секој има маани. Ако почнеме да ги бараме сопствените ќе се изгубиме, а туѓите биле полесни. Да, вам ви е лесно кога навредувате некого и понижувачки му се смеето, дали за името, дали за изгледот. Браво бе! Знаете, на сите ни помага ова. Луѓе како луѓе, сите грешиме, ама ова не е грешка, ова е глупост!.
Многумина ме исмевале. Особено додека бев во основно па и средно училиште и сега многу сум лута на самата себе зошто тоа сум го дозволувала. Бев премногу добра ( и сеуште сум ) и луѓето тоа го корисат и те газат. Треба да имаш цврст карактер и да им враќаш дупло за исмевањата и навредите. А јас глупачка трпам и тие се навикнуваат и постојано ми го прават тоа.
Па се зафркавав еднаш со една другарка дека таа е малце така покрупна ама се покаав Ми врати за таа шала.
Во друштво имам една која ми се исмева поради тоа што сум слаба, но тоа го прави од љубомора, поради тоа што мене се ми е овозможено и не знае како да си ја испразни гадната душа, мене ми се исмејува, морам да признаам ме вади од такт понекогаш.
Исто како јас да го пишав...сум била исмејувана,од личности во основно школо,бре кога ќе се сетам си велам што ли сум мислела,сум била исмејувана како помала (зошто имав проблем со очите) и така и ден денес си имам малку комплекси за тоа..ама тоа е ќе биде подобро еден ден
Мене сега во средно многу ме вреѓаат за изгледот (не цел клас туку две проклети деца), дури па ич не сакам да помислам дека имам уште половина распуст и дека повторно треба да одам во тоа глупаво училиште. Во основно никогаш не ме вреѓаа, ептен ретко , бидејќи децата имаа почит кон мене ии се дружев и се уште се дружам како да кажам фрерите или фаците во класот иии кој и да ми кажеше нешто тие ме бранеа. Ама сега е поинаку. Незнам како да постапам за да престанат овие навреди, секогаш им ќутам.
Минатата година еден соученик ме исмеваше. Кога сакаше да ја зеза другарка ми (тогаш што ми беше) јас го спречував и за да не испадне будалата пред друштвото почнуваше да ме исмева.. Дури наоѓаше лажни приказни во врска со мене. Јас само му се насмевнав и игнорирав се` што збореше.. Така и ти прави, насмевни им се, не се нервирај. Знај дека луѓето кои ги гледаат туѓите недостатоци се плашат да ги видат сопствените.
Исмејување се очекува до основно училиште, и некаде до средно од некои недоветни дечишта. Како растеме сваќаме дека недостатоците и физичките маани се нешто што никој не го посакува, и самиот не е виновен поради тоа. Мене од никогаш не ми било смешно тоа ниту сум кажала збор настрана за некој со било каква маана. Ниту ги деградирам ниту ги делат тие луѓе. Ако се токму во главата ништо друго не е проблем. Дали некој е убав или грд ќе сватите од кога ќе созреете и ќе станете изградени личности. За сите кои сте се соочиле со таква ситуација ве советувам да не дозволите тоа да влијае на вашата психа или вашата гордост. Главата горе, на крајот на краиштата секој си е за себе, и ако не се цените самите нема ниту некој друг. Животот е чуден не знаеме што ни носи секое ново утро, тркалото се врти. Убавите стануваат грди, грдите фаци, богатите осиромашуваат, сиромашните се издигнуваат и така. Со надеж и верба ќе поминеме преку се.
Да, ме зафркаваа и исмеваа, но најтешко ми паѓаше што беше пред очите на моите најдобри дргарки и тие никако не реагираа, ни после тоа не ми зборуаа за тоа и не ме тешеа...А јас не ни имав сила да се бранам и да им вратам...
Во моето одделение има едно девојче кое го исмејуваат.Кога била мала паднала и си ги искршила забите.Постојано е под притисок и навреди.Еднаш едно друго девојче се осмели и да ја удри.Кој дебил. .Таа е тивко девојче и не се спротистави на никого .Неможам ни да замислам колку тоа ја повредува.Беше исмејувана од многу ученици а исто така и од наставникот по географија.Немаше час по географија во кој наставникот не ја исмејуваше.Постојано велеше:Ајде девојчето со бисерни заби;Неможам да те гледам;Си слушнала ли воопшто за парфем;о што си ги миеш забите;Вауу прекрасен здив. Таа молчеше и молчеше.На еден класен час решивме да и :кажме на кланата.Напишавме.една молба до директорката и се се реши.Тој идиот веќе не ни предава. Еднаш кога имавме физичко и игравме ракомет таа ја водеше топката и сите од публиката и викаа Ајде грда бетии ајде .За среќа таа се промени .Со ист удар возвраќаше на сите навреди.И така почнаа полека да ја прифаќаат.Замислете сега е прва другарка со девојчето кое пред две години ја удри .Мило ми е што се спротистави.А господ ке им врати на сите што ја исмејуваа. Иначе бидејќи јас порано почнав нашколо и бидејќи сите мои другарки се поголеми од мене тие почнаа пред.мене да се развиваат и така како да ми се потсмеваа за тоа.Како и да е постојано ме потсетуваат дека треба да се поправам.А тие што треба да намалат никој ништо не им вели.На 13 години не е нормално да се има 46кг а нормално е да се има 64 така ли?За разлика од исмејувањето на девојчето од моето одделение моето е нула.Всушност тоа и не ме повредува на мене.Само ме нервира тоа што кога ке кажам дека треба да почнам да вежбам се чудат како телиња.Па што ако сум слаба не треба да се застегнам јас? Како прво сите сме луѓе со недостатоци и никој не смее да ни суди во врска со физичкиот изглед.Имам да посочам уште мал милион примери но бидејќи сум од телефонот ме мрзи да пишувам повеќе.И уште нешто сите кои сте исмејувани не се предавајте.Спротиставете им се и ке престанат Се извинувам за печатните грешки
Derby ова со учениците го сфаќам иако не е во ред ама сепак се работи за деца, ама тоа со професорот??? Па дал је он нормалан ? Како се осмелува да навреди ученик. Тој таму треба да биде пример на останатите вас па ако тој така се однесува за време на часот тоа некои го сфаќаат како ок и го прават истото. Не ми се верува. Па девојчето може нема доволно пари да ги направи забите, може има нешто друго од што и мириса здивот па работите не се такви какви што изгледаат од надвор. Мило ми е што се спротиставела. Велат паметниот попушта ама во секоја ситуација не се попушта. НИкој неможе да издржи некој постојано да го навредува и исмејува. Најмногу нешто што мразам во животот е кога ќе видам дека некој суди некому за физичкиот изглед. Сите ние имаме по некој недостаток никој не е совршен. Мајка ми викаше ако некој до надворешен изглед е многу убав значи во каактер му недостига нешто не е добро воспитан или слично.
Фујј... страшно! Неможам да разберам зашто се случува вакво нешто као демек тие шо исмеваат се СОВРШЕНИ така? Еб*ате тоа совршените, мислам дека у нив лежи најголемиот недостаток а тоа е - тоа гнилото и простаклукот шо лежи у нив! Сите сме луѓе од крв и месо и сите имаме по некој недостаток (помал или поголем), па не ја разбирам потребата да исмеваме некого!
Тој наставник не само на нејзе и на многу други деца вака им правеше.Еднаш на сред час на едно дете му вика кај си бе педерче?И наместо со Никола му се обраќаше со Николина и еднаш му рече сите ако беа како тебе ке правевме геј парада .За среќа веќе не ни предава.А и уште нешто секој час морав даи носам леб и цигари на неговата госпоѓа.Уф ужас.На никој да не му се погоди ваков наставник.А исто така на едно момче го сопна и за малку детето ке си ја повредеше главата.Има уште многу случки и навреди поврзани со него но мислам дека нема потреба да ее мачам да пишувам повеќе во врска со некој сосема небитен лик
За срамота. Додека млади и образовани луѓе си седат дома некој таму некултурен мисли дека ако го ставиле на место нааставник и му дале малку поголема плата и дека е којзнае кој и дека може да се однесува како што ќе му текне, навистина за срамота. Школото е како втор дом, наставниците како втори родители. Освен да предава наставникот има и друга задача. Ако некој ученик погреши и навреди сокалсник тој треба да го опомене и да му укаже на грешката. А тој буквално навредувал и понижувал кој каде и како ќе стигне. На ваквите треба да им се забрани да предаваат.
Заборавив да напоменам и дека неретко се случуваше да удри некој ученик.Ни требаше цела година да собереме храброст за да го пријавиме.Директорката ни рече дека и порано имало поплаки од него и затоа не било ништо зачудувачко.Откако дозна дека сме го пријавиле дојде и почна да ни се заканува.Откако се пожаливме и за закана директорката се сети дека е време нешто да се промени.Сепак најголемо влијание имаше нашата класна која не подржуваше и беше со нас до крај
Вие сте требале уште од почеток да пријавите или да кажете дома па на родителско да се дискутира за тоа. Удирањето ученик е забрането исто така и навредувањето. Јас незнам каков човек е тој. Замисли си утре другден неговите деца некој така да ги навредува и понижува.
Се дискутираше на сите родителски средби во врска со овој проблем ,но ништо не се промени се додека родител на ученик не беше сведок на еден час по географија.Родителите се жалеа но тој негираше постојано и затоа не можевме ништо против него.Инаку тој и не е млад.Дедо е веќе а уште лета со паметот.Колку пати само мирисаше на алкохол и цигари за време на часовите
И јас имам еден таков кој мириса на алхокол и цигари и често се занесува но со однесувањето спрема учениците е ок вака не навредува никој и ништо.