1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исмејување на туѓите недостатоци

Дискусија во 'Психологија' започната од Wild.Child, 9 јули 2010.

  1. Dark artist

    Dark artist Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Не постои личност која е совршена без ниту една маана, ама баш без ниту една. И сите ние во одреден период од нашиот живот сме биле исмејувани од стр. на "совршените". Од лично искуство велам дека чувството да се биде во кожата на жртвата е грозно посебно ако немаш самодоверба. Во тој момент твојата емоционална енергија е украдена што повеќето од вас го имаат искусено тоа. Во основно бев исмевана, во средно бев исто така, а и сега на факултет. И тоа секој пат за некоја површна работа.
    Општество креира правила за совршенство и секоја личност која се стреми кон совршено има своја деф. за тоа. Но замислете во светот да имаше само еден модел на маж и жена, една боја на кожа, една држава, еден правец во уметноста, една сооб. гранка итн. И сега сите луѓе правиме едно те исто секој ден, она совршеното. Нема разлики, нема недостатоци, едноставно нема простор за грешки. Па фала богу луѓе сме не сме роботи. Разликите, мааните, несовршеностите и доблестите се дел од нас, но нецелосно ја даваат дефиницијата за нас самите. Делата и ставовите не издаваат. Прифаќањето на самиот себе си со сите свои маани и доблести е најдобро решение за овој случај. Така да драги мои не е работата во тоа дали некој ве исмејува или зошто ве исмејува туку дали вие се сакате онакви какви што сте и зошто?!
     
    На lonely222, hermosa, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Јас би им порачала, прво нека си ги согледаат своите маани и недостатоци. Тоа се според мене личности со ниска самодоверба, и си лечат комплекси на туѓите недостатоци, што не е во ред. Како ќе им биде на нив ако некој ги исмејува?
     
    На hermosa, Tanjamm и Dark artist им се допаѓа ова.
  3. Dark artist

    Dark artist Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Па не би рекла дека се со ниска самодоверба сите кои омаловажуваат,еве пример нарцисите имаат самодоверба повеќе од шо треба. А тоа дека си ги лечат комплексите со омаловажување се сложувам.
    Сите луѓе се во постојана потрага по емоционална енергија, едни ја добиваат од семејството, пријателите, познаниците, раб. или хобито, а др. ја крадат.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. IvanovaAnce

    IvanovaAnce Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2017
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Јас пред се можам да кажам дека навистина многу сум исмејувана од страна на многу луѓе.
    Покрај тоа што сум фина,позитивна,насмеана,добра,сепак секој го гледа физичкиот изглед.
    Јас сум исмејувана поради тоа што сум дебела и еве сега ќе бидам прва година средно и незнам дали ќе ме прифатат останатите деца од класот,бидејќи нормално никој не сака дебела другарка да има покрај себе.
    Но,имам мотивација и ќе ослабам.
    Исто така сум исмејувана и поради мојот голем и грбав нос и едвај чекам да одам на операција.
    Поздрав.
     
    На Dark artist му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dark artist

    Dark artist Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Во ред е тоа што си одлучила да ослабеш но се надевам дека не е заради тоа што другите мислат така туку заради твоето здравје. Не се обидувај да ги контролираш туѓите мислења, тоа е само губење на време. Приоритет треба да ти бидат твоите ставови. Ако некој не те прифаќа заради надворешниот изглед не мора да значи дека не си убава одвнатре. Можеби само површно гледаат на работите повеќето од луѓето.
    Но еј дали амбалажата го дефинира производот? Нели одиш во супермаркет и имаш две чоколада од кои едното е спаковано во примамлива амбалажа, има интересно име, дизајн на кој се прикажани цели лешници, една крава итн. Другово пак има сиромашна амбалажа, и кое ќе го одбереш? Првото се разбира. Но од кај ќе знаеш дека е подобро од второто, можеби се работи за маркетиншки трик? Така е и со луѓето, првиот пат ќе се излажат ама после ќе знаат кое чоколадо е поубаво!
     
    Последна измена: 9 август 2017
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. IvanovaAnce

    IvanovaAnce Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2017
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Така е во право си!
     
  7. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    Си лечат комплекци дека и они имаат недостатоци, ич не е убаво да се исмејуваат таквите луѓе и не е ок што ги исмејуваат
     
    На hermosa и Dark artist им се допаѓа ова.
  8. Dark artist

    Dark artist Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Во право си ама оди докажи им. Најдобро би било секој да се прифати онаков каков што е и да се сака себе си, но тоа да не прерасне во нарцизам. На прво место да го стави своето мислење и мислењата на своите најблиски, а за др. да не му е гајле. На крај краева сите имаме право на свое мислење само проблемот е што најчесто тоа е или "украдено" мислење и немаме доволно јаки аргументи или воопшто ги немаме. Луѓето го зборуваат тоа што сакаат да го слушнат!
     
    Последна измена: 18 март 2018
    На Neophodna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RoseRain

    RoseRain Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Најболно ми е кога ќе видам како го прават ова врз болни луѓе. Кога ќе се скараш секогаш е истиот одговор. Е добро де, јас не го удрив. Или што има ти да се мешаш. А треба да се мешаме. Не ме интересира колку си искомплексиран. Тоа што го правиш не е ок. Вистина е. Возрасна личност, свесна за своите мани и недостатоци никогаш не би се лечела на некој послаб.
     
    На lasthope, cresa-jagoda, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.291
    Допаѓања:
    20.748
    Пол:
    Женски
    Немам идеално тело, ама не е и најлошо ама сите што ми се блиски од секогаш знаеле дека имам доста комплекси во врска со истото. И пред некој ден, се осеќав комотно со самата себе и решив купачи да пробам. Бев прескреќна..и после и пратив слика на другарка од мене во купачи. Одговорот и беше нешто во смисла: Офф кај цицки немаш, па ни гз, барем нешо да си наследела(сплескана си). Ова е од блиска личност. Јас никогаш не сум се осудила нешто лошо да и кажам на неа нити на некој друг. Баш напротив, секогаш пробувам да правам луѓето околу мене да се чувтвуваат привлечно да не речам "совршено".

    Во основа имав улога на bully ама тоа многу брзо се смени откако јас станав жртвата. Сфатив како им било на другите. Од тоа 5то одделение се имам сменето за цел живот. Можда кармата од тогаш ќе ме прати долго време ама мислам дека добив повеже од заслуженото и сеуште добивам.
     
    На cresa-jagoda, hermosa и Dark artist им се допаѓа ова.
  11. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Жал?
    Дали знаеш дека на ваквите им е жал ако си навистина работлив како што си пишала?
    Ваквите ќе направат се за да докажат дека може да те газат и дека во тебе е проблемот.
    Ваквите што и да ти направат нема како да вратиш, кај нас учеа вакви во средно и буквално газеа и беа арогантни што немаше начин да им вратиш.
    Ме исмеваа дека бев мирна и добра, ми се смееја бидејќи не се дружев со никој од нив и се тргаа од мене со сеир гледаа како сама седам на час и на одмор,и што и да направиш ќе најдат начин да те корегираат.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Б љ а к

    Од насловот на темата треба да се отстрани делот со "туѓите недостатоци", оти "недостатокот" не мора ни да го има човек за да биде замаран од умоболни единки.

    Најмизерни и најпрости луѓе ми се овие. Или се болни во главите, или се толку нискоинтелигентни што сакаат да се истакнат во друштво на болни во главите, а најчесто и двете работи во пакет. Штом видам некој како "оружје" да користи подбив и клевети, извртување на зборови, потценување некого конкретно, ми станува најодвратно суштество на свет. Вака само на интернетов што читам потсмевачи, и покрај тоа што немам ништо со нив, ми се гадат, а не па во живо, можам да ги затепам ако се нафрлаат на човек. Такви неумесни зезанции оправдувам единствено на сметка токму на ваквите некултурни 'рчкала (ок, и кон фиктивен лик можат да поминат). Овие дебили многу млади луѓе имаат наведено и во депресија. Им посакувам да им се врати со иста мера, а на нивните жртви поддршка да бидат силни и да научат да се бранат и не се секирајте, секој нормален е на ваша страна :l:
     
    На Guns N` Roses, Abel и Need for Speed им се допаѓа ова.
  13. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.080
    Единствениот недостаток го има оној кој исмејува.
     
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Грешиш бескрајно. Бидејќи сум доволно возрасна да ти бидам мајка, ти кажувам со апсолутна сигурност дека грешиш. Никој не сака да има лоша другарка, а килажата мање више. Уште многу пати низ животот ќе се промениш физички, ама битен е карактерот и тоа што го носиш во себе. Бројката на вага може секогаш да се смени, со карактерот е многу потешко.
     
    На hermosa, SnowWhite8 и Need for Speed им се допаѓа ова.
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.487
    Допаѓања:
    8.281
    Пол:
    Женски
    Игнорирај кој те сака ќе те прифати таква како што си за изглед , карактер..Има многу повеќе од тоа во животот ,луѓе кои се буквално отфрлени од средината па еве се борат и живеат.Носот не го чепкај многумина зажалиле од такви корекции биди горда на себе ,а за носот или што и да е природно е тоа и не придавај значење бидејќи е небитно никој не е совршен.На тие што ти велат така прашај ги дали тие се совршени?И покажи им дека на ум не си ставаш и се ќе помине ќе видиш
     
  16. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.763
    Допаѓања:
    8.765
    Пол:
    Женски
    Тоа се луге кои се незадоволни од себе и својот живот па се обидуваат да го унакажат и туѓиот.
    Имав колешка на работа која беше огорчена на сите кои беа среќни затоа што дечкото ја оставил. Тоа си го кажуваше јасно и гласно, дека е поради тоа несреќна ама на секој кој и се укажеше можност го омаловажуваше. А штом па видеше дека некој е со послаба самодоверба, срамежлив, пустош правеше од него.
    Проба и кај мене еднаш, два пати ама ја испердашив со зборови и не и текна веќе. Дури дотичната и лута ми беше, оти ја ептен се насекирав.
    На таквите треба два, три фини збора да се спуштат на земја.
    Како бе ќе врегаат по секој, ќе се потсмеваат, злоба.
    Еднаш влезе еден дечко кој пелтечи, му се изнасмеа што така зборува, тој се засрами уште толку почна да пелтечи. Па уште му се смее и злобно му вели што д'ткаш?
     
    На Anne Boleyn, Keiner и hermosa им се допаѓа ова.
  17. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    1.833
    Пол:
    Женски
    Сељандура тешка,ти се чудам како си ја дотрпела покрај себе.Јас кога ми доаѓаат луѓе што пелтечат,продолжувам да им зборувам со ист тон онака опуштено како да не го забележувам недостатокот.По кратко време имам забележано се опуштаат и почнуваат помалку да пелтечат а некои скроз престануваат.Да и речиш на искомлексираната глупача ако ја сретнеш,наместо да троши пари кај Маре нокти,нека земе нешто да читне да се едуцира .
     
    На Keiner, hermosa и TheDreamGirl им се допаѓа ова.
  18. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.498
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
    Тие што се исмејуваат, барем 2 минути да се ставаат во чевлите на тие што се исмејани па да видат дали тоа е добро. Прво човек треба да има емпатија спрема други луѓе. Зашто ако тоа го нема тогаш тој не е човек.
     
    На WildMk, hermosa, quattro и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.055
    Пол:
    Женски
    Арно ја трпите ја до сега за било кого што ќе исмејува пуздер би ја направила, тоа што неа и се десило нешто не дава за право да потценува,исмејува и да биде кучка, сите сме биле повредени па не е тоа оправдување да збориме и правиме што сакаме, според мене тоа е само изговор за тоа каква е она стварно.
     
  20. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.926
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не е во ред да се исмејуваме на туѓите недостатоци.Секој ги има.Сепак,никој не е совршен.:)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.